Четврток, 14 Јуни 2012    PDF Печати Е-пошта
Уставниот суд донесе одлука

smk

СМК изразува жалење од одлуката на Уставниот суд за отфрлање на иницијативата за укинување на членот 16 од Законот за општините, кој пропишува општините Вранештица, Другово, Зајас и Осломеј на локалните избори 2013 година да се спојат во општина Кичево.

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува жалење од одлуката на Уставниот суд за отфрлање на иницијативата за укинување на членот 16 од Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, кој пропишува дека општините Вранештица, Другово, Зајас и Осломеј ќе функционираат до локалните избори 2013 година, од кога ќе станат составен дел на општината Кичево.

Право е на законодавецот да ги уредува односите со Закон, но обврска на Уставниот суд е да ја оценува согласноста на законите со Уставот и меѓународното право. Истовремено, не е точна квалификацијата на уставниот судија известител Владимир Стојаноски, дека подносителот не укажал оти оспорената одредба не е во согласност со Уставот. Напротив, СМК во иницијативата укажа дека оспорената одредба не е во согласност со:

- правото на локална самоуправа на граѓаните и почитувањето на меѓународното право како темелни вредности на уставниот поредок,

- преамбулата и точката 1 од Охридскиот Рамковен Договор од 13 август 2001 година според кој “не постојат територијални решенија за етничките прашања“ и “мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува“,

- членот 5 од Европската повелба за локалната самоуправа донесена во Стразбур на 15 октомври 1985 година а ратификувана со Закон во Собранието на Република Македонија од 14 мај 1997 година, според кој “промените на границите на локалната самоуправа нема да се извршат без претходна консултација на локалните заедници по тоа прашање, по можност со референдум кога тоа е утврдено со статутот.“

СМК му укажа на Уставниот суд, дека иако законодавецот во членот 2 од Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија утврдил оти “основањето на нова општина (спојување, поделба и менување на границите) и менувањето на името и на седиштето на општината може да се изврши со измена и дополнување на Законот по претходно консултирање на граѓаните од подрачјето на општините на кое се однесува спојувањето поделбата или менувањето“, со оспорениот член 16 од наведениот Закон се суспендира веќе слободно изразената волја на граѓаните на референдумите за непроменливост на општинските граници одржани во општина Вранештица на 25 јануари 2004 година и во општините Другово и Кичево на 01 февруари 2004 година.

СМК смета дека со укинувањето на општините Вранештица, Другово, Зајас и Осломеј и нивно спојување во општина Кичево се суспендира етничкиот идентитет на општините Другово, Вранештица и Кичево, бидејќи од општини со мнозинство Македонци, ќе живеат во општина со мнозинство Албанци, а тоа го менува етничкиот состав на населението и е во спротивност со “соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во органите на локалната власт“ како темелна вредност на уставниот поредок.

СМК му укажа на Уставниот суд дека при одлучувањето по оваа иницијатива, треба да ги има предвид и членот 20 од Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа од 01 февруари 1995 година, дека во вршењето на правата и слободите што произлегуваат од принципите наведени во оваа Рамковна конвенција, припадниците на националните малцинства должни се да ги почитуваат националното законодавство и правата на другите, посебно правата на припадниците на мнозинството или на другите национални малцинства. Истовремено, во согласност со членот 21 од оваа Рамковна конвенција, ништо во неа нема да биде толкувано како да дава право да се презема активност или да се постапува спротивно на основните принципи на меѓународното право и посебно на суверената еднаквост, територијалниот интегритет и политичката независнот на државите.

СМК во февруари 2004 година иницираше и спроведе кампања за референдумот за територијалната организација на локалната самоуправа одржан на 7 ноември 2004 година. Во март 2012 година СМК поведе иницијатива, Уставниот суд да го укине членот 16 од Законот за територијалната организација на локалната самоуправа бидејќи е спротивен на Уставот, Закон, меѓународен договор ратификуван во Собранието на Македонија и на слободно изразената волја на граѓаните на референдумите на 25 јануари и 01 февруари 2004 година...

 

На прво место

News image

Младенци- празник на младоста и љубовта

Празникот на пролетта 22 март (9 март, стар стил) младите го празнуваат како свој ден, како ден на...

Историја

News image

Џејмс Баучер во посета на Смилево по андарскиот колеж во 1906

Џејмс Баучер (James D. Bourchier - 18. XII 1850, Браф, област Лимерик, Ирска – 30. XII 1920, Софија,...

Култура и туризам

News image

Летник - Ксантика, древномакедонски празник на светлината

На 14 мартпоновкалендар (1 мартпостар календар), древните Македонци гопразнувалесвојотпразникнасветл...

Фељтон

News image

ЏОН БИТОВ ЏУНИОР – ПРОДОЛЖУВАЧ НА БИЗНИС ИМПЕРИЈАТА БИТОВ

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.