|
||||
| Година на Змејот |
|
Подарува среќа и успех, го чува семејството и добрите луѓе. Поволна за основање на семејство, за раѓање на паметни и здрави деца. Во овој период треба да бидеме смели и никако скромни
Годината на Црниот Змеј почнува на 23 јануари 2012, а завршува на 9 февруари 2013 година, а истовремено завршува долгогодишниот период на Лавот и настапува ера на Девицата. Годината на Црниот Змеј ќе ја одбележат многу големи дела, смели и иновативни идеи, големи проекти, чии учесници ќе бидат луѓе со преголем ентузијазам. Успех во оваа година посебно можат да очекуваат луѓе кои се бават со финансии, а ова ќе биде поволен период за почнување на нови проекти и на деловен и на личен план. На сите добродушни луѓе кои водат чесен живот, а исто така и на тие кои се издвојуваат со нивниот талент, Змејот ќе им подари среќа и успех. Годината на Змејот е поволна за основање на семејство, за раѓање на паметни и здрави деца. Во овој период треба да бидеме смели и никако скромни. |



2012 година е посебна кармичка година која ќе биде под покровителство на Црниот воден Змеј и во нашите животи ќе донесе возбудувања, голем напредок и падови, а само ако му погодуваме на владетелот Змеј на вистински начин, ќе успееме да ги собереме најубавите плодови кои некогаш сме можеле да ги замислиме.
















