Среда, 03 Ноември 2010    PDF Печати Е-пошта
Во февруари 1994 година Грција воведе целосно трговско ембарго кон Македонија

embargoВо февруари 1994 година Грција воведе целосно трговско ембарго кон Македонија, наводно поради несогласување со името и државното знаме на Република Македонија со 16-крако сонце.

Трговската блокада беше во сила 18 месеци. Штетата што ја претрпе Република Македонија од грчкото ембарго, според проценките на економските експерти, изнесуваше околу 2 милијарди долари.

Тежината на ембаргото за Македонија беше дотолку поголема што во исто време беше насила трговско ембарго од ОН кон СР Југославија, кое Македонија беше принудена да го почитува. Поради овие две блокади, земјата беше отсечена од главните трговски патишта преку Коридорот 10.

Во зимата 1993 година Грција го блокира снабдувањето на Македонија со нафта од пристаништето во Солун, задржувајќи танкер со нафта кој на Македонија би ѝ бил доволен за цели три месеци. Тоа создаде политичка нестабилност во Македонија која беше принудена да се снабдува со нафта преку Бугарија и Турција. Ова беше една од многуте прилики во кои Грција ја блокираше трговијата со Македонија. Во 1992 и 1993 година, Грција често ја затвораше својата граница за транспортот на стоки од Македонија во Грција и обратно, а и со закана за целосна блокада.

На 16 февруари 1994, по специјално свикана седница на грчката Влада, грчкиот премиер Андреас Папандреу објави дека Грција ги откажува сите трговски врски со Македонија и дека го затвора нејзиниот конзулат во Скопје. Папандреу изјави дека „Грција е присилена да го преземе овој чекор како резултат на постојаниот цврст став на Скопје“.

Реакциите во однос на ембаргото што го воведе Грција кон Македонија од Европа и од светот беа во полза на Македонија. Македонските политичари предупредуваа дека Македонија нема намера да ја освои Грција и дека координираната српско-грчка политичка стратегија кон Македонија може да доведе до балканска војна и побара од Европската унија да преземе навремени акции.

Европските нации веќе беа изиритирани од Грција пред ембаргото против Македонија. Општа оценка за повторуваното барање на премиерот Константин Мицотакис, Европската унија да се спротивстави на признавањето на Македонија, е дека Грција со тоа загуби доста европски симпатии. Шест држави од Европската унија го покажаа својот став воспоставувајќи дипломатски врски со Македонија до крајот на 1993 година.

Само неколку дена откако Грција ја објави својата економска блокада кон Македонија, шест од грчките партнери во Европската унија - Велика Британија, Франција, Италија, Холандија, Германија и Данска - побараа Атина веднаш да ја прекине блокадата. На 6. април, Ханс Ван ден Брук објави дека Европската комисија решила да ја изнесе Грција пред Европскиот суд на правдата во Луксембург, заради ембаргото против Македонија.

Генералниот секретар на ОН Бутрос Бутрос - Гали, зборувајќи за позитивната и превентивната улога на силите на ООН во Македонија, рекол дека властите во Македонија сакаат мир и комплетна стабилност во балканскиот регион.

Во исто време Бугарија ѝ понуди на Македонија употреба на нејзиното пристаниште во Бургас на Црно Море. Албанскиот претседател Сали Бериша ги стави сите услуги на пристаништето во Драч на располагање на Македонија. Турскиот претседател Сулејман Демирел ѝ понуди на Македонија користење на турските пристаништа и вети турска помош.

Владата на РМ под претседателство на Бранко Црвенковски започна проект за изградба на железничка врска од Куманово до Деве Баир есента 1994 како алтернативно решение за сообраќајно поврзување на Македонија преку Бугарија. Но, до денес ова поврзување не е реализирано поради недостиг на средства.

Тајмс ја повика Грција да се откаже од своето претседавање со Европската унија со цел да се спречи дури и поголема штета на Европа од онаа што веќе е предизвикана. Изнесувањето на Грција пред Европскиот суд не е соодветен одговор затоа што на Македонија ѝ треба помош веднаш. Заклучувајќи дека Папандреу имал за цел да предизвика штета на една балканска држава којашто веќе се соочувала со големи економски потешкотии и да ја зголеми тензијата околу неа. Тајмс го зеде ембаргото како доказ дека грчкиот премиер е повеќе преокупиран со домашните политички интереси отколку со потребата да спречи поширок регионален конфликт.

Британскиот весник "Спектатор" нагласи дека постапките на грчката Влада да ја продолжи својата одмазда против Македонија претставуваат интересна мешавина на фарса, трагедија, театар на суровост и театар на апсурдот.

"Дејли телеграф" оцени дека грчкото претседателство со Европската заедница дегенерира во непристојна и опасна фарса. Трговското ембарго против Македонија ја означува грчката бруталност и несигурност. Весникот напиша дека како со Македонија, така и со Албанија 'Атина се откри себеси како осветољубив и кусоглед задевач на посиромашните и послабите соседи' и тврдеше дека Европската заедница треба да интервенира заради нестабилноста на Балканот што Грција ја создала.

"Економист" пишуваше дека блокадата ги нарушува грчките должности кон договорите и е наметната едноставно за да го заштити премиерот Папандреу од домашната критика откако САД ја признаа Македонија. "Чикаго трибјун" беше особено сликовит во нивниот напад на грчките барања. Тие запрашаа дали Мексико би се заканило со трговско ембарго на САД за да го присли Њу Мексико да си го смени своето име? Дали Британците би се жалеле во високите кругови на светското мнение затоа што дел од нашиот брег кон Атлантикот одбрал да се нарече себеси Нова Англија?"

Односите меѓу Македонија и Грција значително се подобрија по потпишувањето на привремената билатерална спогодба за соработка по укинувањето на едностраното ембарго. Двете земји под формулацијата "Прва страна" и "Втора страна" претставувани од тогашните министри за надворешни работи Стево Црвенковски и Каролос Папуљас,  претседател на Грција, на 13 септември 1995 во Њујорк во присуство на американскиот дипломат Сајрус Венс потпишаа Привремена спогодба за пријателски односи и градење доверба и за заемно почитување на територијалниот интегритет и суверенитет.

 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.