На прво место

ПРИЗНАВАЊЕТО НА МПЦ – ОА – СВЕТЛА ИДНИНА ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНИЈА

1st123

1st123

Денот на македонските и сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, 24 мај 2022 година, ќе биде запишан со златни букви во историјата на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА). Имено, на свечената Боженствена литургија што се одржа во Соборната македонска православна црква „Свети Климент Охридски“ во Скопје, Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) г. Порфириј ја соошшти радосната вест дека Светиот сабор на СПЦ  едногласно донесол одлука да ја признае МПЦ-ОА за афтокефална. 

Затоа, тој ден ќе биде запишан како историски за светлата иднина на МПЦ-ОА и за Република Македонија, бидејќи признавањето на автокефалсноста отвора нова страница од нашата црковна историја, живот, сегашност и иднина. Исто така тој е ден за радост и на целото православие, збогатено со уште една сестринска црква.

Оваа Одлука е историска и значи окончување на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. Всушност тоа е одговор на Српската православна црква со која започнува процесот на уредување на прашањата што ги има помеѓу неа и Црквата во Република Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание. Тоа е новиот момент во македонско-српските црковни односи

Признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ претставува единство постигнато само врз основа на евангелска љубов и братско разбирање, преку молитвите на сите христијани. Со овој чин се потврди дека раководствата на МПЦ-ОА и на СПЦ покажаа како со мудрост, разбирање и взаемна почит може да се надминат долгогодишните историски спорови и, наместо раздор да се создаваат братски врски кои ќе бидат натамошна основа за приближивање, соработка, и христијанска љубов на двата народи и двете цркви.

Честитки за мудроста, обединетоста и достојноста на Светиот Синод на МПЦ – ОА и неговото блаженство г.г. Стефан, за градењето на мостови, за бранењето на нашиот идентитет и вредности и за премостените децениски и вековни јазови. После одлуката на Вселенската патријаршија, како и оваа од 24 мај, настапува историја важна за македонскиот христијански народ и Република Македонија.

Спорот меѓу Српската православна црква и Македонската православна црква – Охридска архиепископија трае 55 години. Тој е еден огромно долг  период во кој се тестираа сите можни решенија. За жал, последниве година-две немаше ниту најави дека ќе се случи вакво нешто. Но,клучниот пресврт се случил во Белград, каде се дојде до сознание дека македонскиот народ има право на автокефална црква.

1st1234

Челниците на СПЦ и МПЦ-ОА на заедничко сослужување во Скопје

Зааедничката литургија на која сослужуваа српскиот Патријарх и македонскиот Архиепископ, како облик на измирување, е првиот чекор кон вопспоставувањето на литургиското и канонско општење на Македонската православна црква – Охридска архиепископија со Српската православна црква, а потоа, треба да следи и со сите останати православни цркви. Тој настан се случи во Четвртокот, на Деветнаесетти Мај во Белград.

Затоа, треба да се потенцира дека заедничката или литургијата на помирување треба да се набљудува во контекст на Соопштението на Вселенскиот патријарх  г. г. Вартоломеј и Светиот синод на оваа Црква во кое се подвлекува: „се остава на најсветата Црква на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во нашата држава, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание“. Всушност тоа е одговор на Српската православна црква со која започнува процесот на уредување на управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во Република Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание.

Никој неверуваше дека ќе се случи таков пресврт, но сепак се случи една нова историја. Притоа треба да се нагласи дека македонскиот народ во Република Македонија и македонските иселеници во светот беше оној клучен фактор кој никогаш не отстапи од својата црква колку и да беше оспорувана.  

Како резултат на тоа македонските христија дочекаа на 24 мај, денот кога го слави делото на светите браќа Кирил и Методиј ја слушна убавата вест од устата на Патријархот Порфириј, поглаварот на СПЦ. Имено, Српската православна црква ја призна автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Со оваа одлука се направи огромен чекор напред кон конечното затворање на македонското прашање. Несомнено ова е голема историска, но и политичка одлука, која ќе се втемели во македонската државност. Се чекаше 55 години, но најважно е што многу Македонци работеа сиве овие 55 години ова да се случи. Чесно е на сите оние кои се вградија во овој огромен историски успех на чело со г.г Стефан, поглаварот на МПЦ-ОА,  но и на сите поранешни поглавари на МПЦ, како и на сегашните и поранешните државни и други општественици, да им ја изразиме благодарноста, што еве дочекавме да посведочиме уште еден огромен чекор во заокружувањето на македонската државност.

1st1235

Црквата „Свети Климент Охридски“ во Скопје и првиот поглавар на МПЦ г. Доситеј

Чинот на признавањето на автокефалноста на Македнската православна црква – Охридска архиепископија од страна на Српската православна црква го поздрави Руската православна црква, која изјави дека се радуваме заедно со нивните браќа Срби и Македонци. Овој настан на обзнанување на српскиот патријарх Порфириј на заедничката архиерејска литургија во црквата „Свети Климент Охридски“ во Скопје дека Светиот архиерејски собор на СПЦ едногласно решил да го признае автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридската архиепископија е историски. За оваа одлука ќе бидат известени сите помесни православни цркви според каконскиот ред со повик да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ – ОА.

Голем и историски е 24 мај 2022 година,  кога ги чествувавме светите браќа Кирил и Методиј да ја добиеме и автокефалноста на нашата Црква, како рамноправна со другите и признание за нејзиното наследство и духвната величина на древната Охридкска Архиепископија како автентичен дел на македонскиот идентитет.  Со благословот и томосот за афтокефалност на МПЦ-ОА што Српската православна црква го упати до Вселенската патријаршија веќе не постои ниту една пречка и се очекува патријархот Вартоломеј да ја прогласи МПЦ-ОА и официјално за афтокефална. 

Овие значајни одлуки и благопријатни вести носат голема радост, духовен мир и надеж на македонскиот христијански народ за поубава и посветла иднина на Македонија и Македонците во татковината и на сите македонски иселеници  ширум светот, како и на целиот христијански православен свет. 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Најново од: На прво место

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

Филипче слави туѓи победи, а ги премолчува поразите на СДС

Филипче порача: „Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен“, алудирајќи на Мицкоски. Самоуверена најава, како победата веќе да му е запишана, а останува само граѓаните да бидат известени. Само што во неговиот список недостига почетокот — оној што на Филипче и на СДС најмалку им одговара. Пред да брои паднати власти во туѓи […]

Лоша вест за Филипче и СДС: Орбан се споменува за ОН — се чека „ветото“ од партискиот штаб!

Само што се израдуваа на веста дека Вучич изгубил на изборите во Србија,  шокантна вест за Филипче и СДС: Вашингтон размислува, Москва и Пекинг можеби би поддржале, Орбан сè уште одмерува — само уште да се провери дали Филипче ќе дозволи! Според „Џерузалем пост“, кој се повикува на извори од три земји, администрацијата на американскиот […]

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

To top