|
||||
Академија за Александар Трети Македонски на 21 јули |
Врз основа одлука на 25 Генерално Собрание одржано во август 2015 година, Светскиот Македонски Конгрес годинава ќе го одбележи раѓањето на Александар Трети Македонски со Академија што ќе се одржи на 21 јули во Музејот на македонската револуционерна борба во Скопје, со почеток во 19.30 часот. На академијата ќе биде поднесен реферат за ликот и делото на Александар Трети Македонски и ќе бидат изведени монодрама и рецитација за Големиот Цар Македонски. Добредојдени се сите почитувачи на ликот и делото на Александар Трети Македонски. Големиот Македонски Император Александар Трети Македонски, син на Великиот Цар Филип Втори Македонски и на царицата Олимпија, ученик на Аристотел Македонецот роден е пред 2.372 години, на 22 јули 356 година пред новата ера во Македонската престолнина Пела, а упокоен е на 10 спроти 11 јуни 323 година пред новата ера во Вавилон. |