| Среда, 07 Декември 2016 03:50 |
 |
 |
 |
|
| Гоце Меѓуречки
|
| Георги Толев (1874 – 18. IV 1941), познат уште како Гоце Меѓуречки, е македонски револуционер, кукушки војвода на Македонската револуционерна организација, еден од многуте борци за слободата на Македонија Во 1903 година учествува во Илинденското востание, а подоцна е назначен за војвода во Кукушко. По Младотурската револуција, тој одново го напушта легалниот живот и поведува нелегална борба, а во Првата балканска војна дејствува во грбот на отоманската армија и учествува во ослободувањето на Кукуш.
|
|
| Среда, 30 Ноември 2016 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Александар Џорлев
|
| Александар Џорлев (1878 - 1914) е македонски револуционер, лерински војвода на Македонската револуционерна организација. Познат како Леко Банички и Алексо Жарле (Џоле), за време на Илинденското востание раководи со Леринскиот револуционерен реон. Обединетите чети на Павел Христов, Марко Иванов, Христо Цветков, Алексо Џорлев и други, потпомогнати од вооружената милиција, по упорни борби со турските војници ги ослободуваат во октомври 1912 година Вощарани, Забрдени, Секулево, Врбени и град Лерин.
|
|
| Среда, 23 Ноември 2016 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Науме Спасев Банџо
|
| Науме Спасев - Банџо (1904 – 15. VIII 1942) е македонски револуционер, синдикален и партиски деец во Романија, Куба, Франција, Белгија и Македонија. Во 1937 година, заминува за Шпанија, каде како македонски доброволец, се борел во Граѓанската војна за одбрана на Републиката. Станал поручник на Шпанската републиканска армија, а по поразот на неговата бригада тој се вратил во Белгија, кај семејството. По фашистичката окупација на Македонија се вратил во Охрид и се поврзал со партиската организација.
|
|
| Среда, 16 Ноември 2016 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Евтим Спространов
|
| Евтим Спространов (15. I 1868 - 5. VII 1931) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, публицист, писател и научен работник во редовите на македонската емиграција во Бугарија. Тој е еден од основачите на Младата македонска книжевна дружина и е соработник на нејзиниот печатен орган - списание Лоза. Пишува на бугарски и на македонски јазик. Автор е на значаен “Дневник“, останат во ракопис (се чува во трезорите на Народната библиотека “Кирил и Методиј“ и во Научниот архив на БАН во Софија, од чија целина е објавен само еден дел). Неговиот литературен и научен опус е мошне богат и се простира врз повеќе области: поезија, проза, есеј, лингвистика, етнографија, историја, фолклористика, превод.
|
|
| Среда, 09 Ноември 2016 03:45 |
 |
 |
 |
|
| Кузман Сотировски – Чокалија
|
| Кузман Сотировски (срп. Ситировиќ) – Чокалија (16.X 1908 – 25. VII 1990) е македонски фудбалер и прв македонски олимпиец кој играл за Кралството Југославија (Кралство на Србите, Хрватите и Словенците до 1929 г). Фудбал почна да игра во подмладокот на Белградскиот спорски клуб (БСК), а во првенството 1927 – 1928 година бил најдобар стрелец. Познат како Чокалија, тој ги бранел боите на Белград и пет пати играл за репрезентацијата на Југославија (1928 - 1931), за која постигнал два гола.
|
|
| Среда, 02 Ноември 2016 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Божидар Татарчев
|
| Божидар Андреев Татарчев (9. XII 1870 - 26. X 1940) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација, масон и хирург. Медицина завршил во Берлин (1892), а хирургија специјализирал во Париз и Лондон. Активно соработувал во Балканскиот комитет, основан во Англија (1903) за да ја запознава светската јавност со положбата на македонскиот народ под Турците. Бил активен во Сојузот на македонските емигрантски организации, а како хирург работел во Софија (1905-1922), а потоа во Битола до 1926 г..
|
|
| Среда, 26 Октомври 2016 02:00 |
 |
 |
 |
|
| Наум Томалевски
|
| Наум Томалевски (14.IX 1882 – 2. XII 1930) е македонски револуционер и учител, виден деец на Македонската револуционерна организација. По расколот во ВМРО бил прврзаник на протогеровистите. Се користел со псвдонимите Летник, Н.Дреновски, Смиле, Лоенгрин кој според легендите е чувар на Светиот грал - Македонија.
|
|
| Среда, 19 Октомври 2016 02:00 |
 |
 |
 |
|
| Атанас Тешовалијата
|
| Атанас Шабанов - Тешовалијата (1860 – 12. V 1905) е македонски ајдутин, револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација. Учествувал во Кресненското (1878/79) и во Илинденското востание (1903). Бил член на ТМОРО, борец во првата агитационо-организациска чета во Серскиот округ на Илија Крчовалијата. Како неврокопски војвода, ги прогонувал врховистичките чети (1901–1902). Загинал во борба со османлиската војска.
|
|
| Среда, 05 Октомври 2016 02:00 |
 |
 |
 |
|
| Јонко Вапцаров
|
| Иван (ЈОНКО) Проданичин Вапцаров (1861/1880 – 21. I 1939) е македонски револуционер и војвода, деец на македонското ослободително движење, татко на Никола и Борис Вапцарови. Во 1896 година станува член на ТМОРО, а од 1901 година е секретар на револуционерниот комитет во Банско. Во 1903 година учествува во Илинденското востание, а по Востанието бил затворен во Солун. Амнестиран е по Младотурската револуција во 1908 година. По убиството на Тодор Александров бил припадник првин на ВМРО на Иван Михајлов, а потоа на Александар Протогеров.
|
|
| Среда, 28 Септември 2016 02:00 |
 |
 |
 |
|
| Атанас Свештаров
|
| Атанас Николов Поп Василев (23.II 1847 – 12. III 1930) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Учествува во борбите за национално ослободување на балканските народи и против грчката пропаганда. Бил член на Македонската револуционерна организација и во неговиот дом се одржала последната средба на Гоце Делчев и дејците на Серскиот револуционерен округ, пред заминувањето за Баница. Во текот на живот се занаимавал и со правење на свеќи, па бил наречен Свештаров.
|
|
|
|