| Среда, 07 Ноември 2018 03:22 |
 |
 |
 |
|
| Митрополит Методиј
|
| Митрополит Методиј (мирско име Ѓорѓи Попоски) (27. III 1914 – 25. II 1976) е прв владика од обновената Македонска православна црква. Во 1959 бил произведен во протојерејски чин, а во 1965 година е одликуван со највисоко свештеничко одликување во Македонската православна црква – граден крст. На таа должност бил си до замонашувањето и изборот за Велички епископ (12/13. III 1966), во Соборниот храм „Св. Благовештение“ во родниот град Прилеп. Во јули 1967 година бил избран и востоличен за архијереј на Дебарско-кичевската епархија што ја управувал до крајот на животот.
|
|
| Среда, 31 Октомври 2018 03:01 |
 |
 |
 |
|
| Лазар Велков
|
| Лазар Велков (? - 24. IX 1924) е македонски револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација. Во 1909 година, непосредно по Младотурската револуција, активно се вклучил во македонското националноослободително движење. Познат како Дивљански или Дивљанец, по Првата светска војна како војвода на чета дејствувал во Скопско. Загинал во оружен судир со српската жандармерија.
|
|
| Среда, 24 Октомври 2018 09:07 |
 |
 |
 |
|
| Панче Васков
|
| Среда, 24 Октомври 2018 09:03 |
 |
 |
 |
|
| Панче Васков
|
| Панче Николов Васков (10. VI 1870 –1951) е македонски лекар и револуционер, деец на Македонската револуционерна организација (МРО). Дипломирал во Цариград во 1896 година и лекарската практика во Македонија ја започнал во Костур, каде што и покрај турскиот терор и грчката пропаганда ги поставил темелите на МРО. Познат под псевдоним Жапон, по враќањето во Велес, тој бил од најпознатите лекари во тој период во родниот град и околијата. Во илинденскиот период ги снабдувал револуционерните чети со лекови и преврзочен материјал. До пензионирањето во 1944 година, целосно бил ставен во служба на својот народ.
|
|
| Четврток, 18 Октомври 2018 00:43 |
 |
 |
 |
|
| Панче Пешев
|
| Панче Пешев (5. VII 1915 - 5. VI 1944) е македонски револуционер, учесник во НОБ, композитор и хорски диригент. Тој бил борец на Народноослободителниот партизански одред (НОПО) „Димитар Влахов“, на Кумановскиот НОПО и на Третата македонска народноослободителна ударна бригада (МНОУБ). Тој ја напишал песната "Ко челик сме ние", која станала химна на Третата македонска ударна бригада.
|
|
| Среда, 10 Октомври 2018 08:30 |
 |
 |
 |
|
| Христо Трајков
|
| Христо Трајков (26. XII 1897 — 24. I 1933) бил македонски револуционер и политички деец. Бил член на ВМРО (обединета) и Бугарската комунистичка партија (БКП). Учествувал во издавањето на весниците „Македонски студентски лист“, потоа „Македонско знаме“ и други Поради македонските идеи, Трајков бил извесно време интерниран во селото Варбица, Преславско. Во Народното собрание на Бугарија се истакнал како непомирлив борец за правта на Македонците во Бугарија.
|
|
| Среда, 03 Октомври 2018 02:50 |
 |
 |
 |
|
| Наум Пејов
|
| Наум Пејов (13. XI 1919 – 21. V 2003) е македонски револуционер, припадник на Македонското националноослободително движење. Тој бил член на КПГ (1938) и непосреден учесник во Антифашистичкиот отпор. Бил командант на Партизанскиот одред „Лазо Трповски“ и заменик-политички комесар на Првата егејска бригада. Пејов бил противник на политиката на КПГ во однос на македонското национално прашање и по Втората светска војна живее во Македонија.
|
|
| Среда, 26 Септември 2018 13:21 |
 |
 |
 |
|
| Крсте Трајков
|
| Крсте Трајков (1865 – 7. I 1942) е македонски револуционер и деец на Македонската револуционерна организација (МРО). Прво дејствувал како четник, а потоа како околиски војвода во Преспа. Познат и како Крсто Ресенски, учествувал во Илинденското востание 1903 година, во балканските војни 1912 и 1913 година. Во 1923 година заминува во САД, каде што учествува во организацијата на новосоздадената Македонска патриотска организација. Во 1930 година, во писмо до Централната управа на МПО во Индијанаполис, САД, тој бара востановување на одделна македонска црква и ја нагласува посебноста на македонскиот народ.
|
|
| Среда, 19 Септември 2018 02:34 |
 |
 |
 |
|
| Димитар Антонов
|
| Димитар Антонов (1889 – 28. XII 1948) е македонски и советски револуционер, дипломат. Потекнува од македонско револуционерно семејство. Заминува во Русија за дообразование и се дружи со членовите на Македонската колонија во Петроград. Познат под псевдонимот Михаил, М. А. Пирин, тој учествува во Октомвриската револуција во заземањето на зимскиот царски дворец. Пред Втората светска војна бил комесар на Црвената армија, а по војната бил претседател на Меѓусојузничката комисија во Будимпешта, а потоа во Прага. Погребан е во алејата на великаните на Револуцијата.
|
|
| Среда, 12 Септември 2018 02:00 |
 |
 |
 |
|
| Магдалена Антова
|
| Магдалена Антова (20. VI 1920 - 14. X 1941) е македонска партизанка, учесник во Народноослободителната борба (НОБ). По фашистичката окупација на Кралството Југославија во 1941 година, таа заедно со својот брат успеала да ослободи неколку заробени југословенски војници, а прибрала и поголемо количество оружје за МК на КПЈ. Била борец на Карадачкиот партизански одред и била првата загината македонска партизанка во НОАВМ.
|
|
|
|
|
|
JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL |