Среда, 20 Октомври 2010    PDF Печати Е-пошта
Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Ангелариј

angelarijАНГЕЛАРИЈ (Цветко Крстески) (с. Долнени, Прилепско, 25 III / 7. IV. 1911 – Дреновска Клисура, 15 VI. 1986) – архиепископ, втор по ред поглавар на Македонска православна црква, кој доаѓа на местото на блажениот упокоениот Архиепископ Г.Г. Доситеј. Потекнува од свештеничко семејство, каде од раѓање е задоен со божјата светлина и целиот свој живот и го посветува на Црквата. Учествувал во НОБ. Бил член на Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ во 1945 година и член на Здружението на православното свештенство на НРМ. Учествувал во работата на Првиот црковнонароден собор во Скопје  во 1945 година и на Свештеничката конференција во 1946 година. За своите заслуги е одликуван со црвен појас, потоа со граден крст во 1959 година и со највисокото свештеничко одликување протоереј - ставрофор. Од 1961 до 1964 година како парохиски свештеник бил меѓу Македонците во Мелбурн, Австралија, каде ја основал првата македонска православна црковна општина и била изградена првата македонска призната црква во дијаспората. По враќањето од Мелбурн ви 1964 година работел во црквата „Св. Благовештение во Прилеп, a се замонашува во 1972 година. Бил устоличен за епископ Пелагониски во 1975 година. За Дебарско-кичевски митрополит бил хиротонисан на 5.VII.1977 година а за Охридски и Македонски архиепископ и скопски митрополит бил избран на 19.VIII.1981 година. По нецели пет години поминати како поглавар на МПЦ, загина во сообраќајна несреќа на 15 јуни 1986 година во Дреновската клисура, на патот Прилеп – Скопје.

Животната патека на вториот поглавар на Македонската православна црква, Архиепископот Г.Г. Ангелариј започнува во далечната 1911 година. Тој е роден како Цветко Крстески на 25.3 (7.4.) 1911 година во село Долнени, Прилепско, од татко Костадин, свештеник, и мајка Ѕвезда. Основното образование го завршил во Долнени и во Прилеп  Во 1926 година се запишал на средно богословско училиште "Св. Јован Богослов", во Битола, а го завршил во Битола во 1931 година.

По завршувањето богословско училиште во 1932 бил ракоположен во чин ѓакон во црквата "Св. Димитриј" во Битола. Истата година во црквата "Св. Богородица" бил назначен за свештеник и по тој чин го поставиле за парох во с. Гари во Дебарско, каде бил до 1937 година. Бил парохиски свештеник во црквата „Св. Благовештение во Прилеп од 1937 до 1961 година и архиерејски намесник на Прилепското архиерејско намесништво. По завршувањето на војната студирал на Филозофскиот факултет во Скопје, група Историја.

За време на Втората светска војна, архиепископ Ангелариј бил учесник во НОБ.  Ангелариј беше исполнет со љубов кон татковината и со патриотизам. Патриотизмот произлезе од македонското свештенство на кое тој му припаѓаше како македонски свештеник. Тој достојно му служеше на народот, кој го љубеше и затоа во него израсна тој драгоцен патриотизам кој го носеше во себе. Како свештеник ја преживеал војната, но не и неговиот брат Перо Даскалот кој како првоборец загинал во војната и е прогласен за народен херој.

Ангелариј цело време работеше за остварување на идејата за самостојна македонска црква. Бил член на Иницијативниот одбор за организирање на МПЦ во 1945 година и член на Здружението на православното свештенство на НРМ. Учествувал во работата на Првиот црковнонароден собор во Скопје  во 1945 година и на Свештеничката конференција во 1946 година. Тој сметал дека обновата на нашата Црква било Божјо дело и Господ Бог ја предодредил нејзината макотрпна црковна патека.

Неговото Блаженство Г.Г. Ангелариј како парохиски свештеник бил познат како морален свештеник, кој многу се придржувал до вредностите на канонските правила. Бил човек кој континуирано живеел, растел и созревал со свештенствувањето во Македонија. Кај него не постоел двоен национален морал, кој по војната го експонирале некои свештеници. Ангелариј бил доблесен свештеник и уживаше голема доверба меѓу народот, а како таков тој дури едно време ги водеше финансиите на Општината Прилеп.

Во однос на верата, на моралот, на достоинството на македонската нација кај него не постоела колебливост. За тоа бил одликуван со неколку врвни црковни одличја, како што е црвен појас, потоа на предлог на Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г.Доситеј во 1959 година бил одликуван со највисокото свештеничко признание на МПЦ - Граден крст, а бил добитник на Орден од II ред.

Во 1961 година бил назначен за парохиски свештеник при црквата „Св. Великомаченик Ѓорѓи“ во квартот Фицрој во Мелбурн, Австралија. Таму ја основал првата македонска православна црковна општина и била изградена првата македонска призната црква во дијаспората. Од 1961 до 1964 година бил меѓу Македонците во Мелбурн, Австралија. Од таму се вратил на парохиската должност во Прилеп, а подоцна бил поставен и за архијерејски намесник.

По смрта на сопругата, Ангелариј ја прифатил поканата на Синодот на МПЦ и прво бил замонашен, а потоа и хиротонисан за владика. По замонашувањето свештенствувал во Прилеп сe до 1975 година, кога од САС на МПЦ бил избран и хиротонисан за епископ Пелагониски. Тој бил поставен за администратор-сотрудник на болниот Митрополит Преспанско-битолски Климент. Од 1977 година бил Митрополит Дебарско-кичевски. од каде што достоинствено бил избран за Архиепископ Охридски и Македонски на Црковнонародниот собир, одржан на 19 август 1981 година.

Наследил стабилна црква, но која морал да ја надогради. Затоа одговорноста со раководењето на МПЦ била уште поголема, иако сенката на Г.Г. Доситеј била постојано присутна кај верниците, свештениците и кај архијерејите. Поради тоа, од своите наследници (свештеници) барал моралност и одговорност кон Црквата, но и достоинствено однесување кон верниците. Ангелариј сакаше секому да му посвети внимание и никого не го оставаше без должна почит.

Г.Г. Ангелариј секогаш барал јазикот на Светите браќа Кирил и Методиј, да се негува. Тој ја приближил Црквата до јавноста, но и до другите екуменски заедници. Верувал дека за време на неговиот мандат, конечно ќе се реши прашањето за автокефалноста на МПЦ и дека српскиот патријарх Герман ќе го потпише Томосот за автокефалност. Тие беа во многу блиска комуникација. Но, за жал, таа нивна блискост не вроди со плод поради силниот притисок во Синодот на СПЦ, особено на српската четничка емиграција и тогашниот митрополит во емиграцијата – Дионисиј.

Ангелариј иако бил кроток и скромен човек, не се плашел да го каже своето мислење. Тој отворено упатува критика, сметајќи дека тогашното Претседателство доволно не се ангажирало за Македонската православна црква! Не попуштал ниту пак пред притисокот на тогашната власт. Но, животниот пат му згаснува ненадејно, на 15 јуни 1986 година загинува во сообраќајна незгода, враќајќи се од службено патување, на патот Прилеп-Скопје, кај Дреновската клисура.

 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.