Среда, 06 Јуни 2012    PDF Печати Е-пошта
Обичаи, обреди и песни од село Смилево

Smilevo-view-old

На северозапад, на 6 часа далеку од градот Битола во полите на Бигла планина се наоѓа селото Смилево. Тоа е населено пред 160-170 години, а пред тоа било густа гора сопственост на некој турски бег. Жителите му се од мијачко потекло. Со името Мијаци, како што е познато, се означува она население кое живее во Река и околината. Поради тоа смилевчани се од овие краишта. И навистина тие се преселници од реканските села: Галичник, Лазорополе, Тресонче и др. Тоа го потврдуваат многу факти: јазикот, обичаите, а исто така и истите семејни имиња, кои се зачувани до денес во Смилево и во споменатите села.

Причините што ги натерале смилевчани да ги напуштат своите први живеалишта биле арнаутските злосторства.  Бидејќи животот, имотот и честа во овие краишта (Реканско) биле постојано во опасност од насилијата и грабежите на Арнаутите, тој дел од населението бил принуден да бара склониште во внатрешноста на земјата.

Најпрвин околу 30-40 семејства ги напуштиле Галичник и Лазорополе дошле во денешно Смилево го откупиле и се населиле тука. Потоа почнале да идат и други избегани семејства та од првите неколку колиби селото нарастува на 300-400 куќи, а до пред Илинденското востание (1903) тоа броеше 500 куќи, високи двоспратни, направени од самите смилевчани кои се занимаваат со градежништво.

Сега веќе лесно ќе си објасниме зошто Смилево, иако е толку блиску до Битола по говор, обичаи и песни стои многу далеку од градот и околните села кои по јазикот спаѓаат кон битолското наречје. Говорот на Смилево е мијачки т.е. спаѓа кон реканското наречје; обичаите и песните се исти како во реканско.  Бидејќи век и половина Смилево се наоѓа во комуникација со Битола и со околните села можеше да се очекува тоа да ги подзаборавило старите обичаи, обреди и песни и дека попримило нешто ново. Но за наше големо чудење сето таму е зачувано во првобитната форма и чистота, благодарение на конзерватизмот на населението, кое чува се што е наследено од дедо и предедо. Смилевчани тешко прифаќаат туѓо влијание секоја новина се прифаќа неблагонаклоно. Да не говорам за жените кои не излегуваат надвор од селото, но за мажите кои како мајстори повеќето време го минуваат на други места. При сето тоа ниту еден од нив не презема туѓи зборови туѓи на нивниот говор. Интересно е како тој конзервативизам се наложува од сознанието дека се што е нивно смилевско е поценето и посовршено, дека тие ги надминуваат соседните села во секој поглед населени од Брсјаци, име кое за нив е симбол на некултура. Затоа никој смилевчанец не го дава своето момиче на некој од друго село - на Брсјак. Најголемо понижување е смилевчанка да се омажи во друго село. Ако тоа се случи сигурно момата е некоја заостаната или со некаква мана. Кај нас и досега мијачкиот тип е зачуван во својата првична чистота. Од тоа станува јасно дека смилевчанецот се одликува со некаков роден духовен аристократизам. И навистина тој е природно буден, енергичен, смел,  со силна желба за просвета и со високо национално сознание – силен патриот. Така може да се објасни зашто Смилево стана центар на револуционерното движење во Битолско, и го роди апостолот на македонската револуција – Дамјан Груев, таму се одржа судбоносниот  конгрес во 1903 година оттаму се разнесе силниот глас за борба со вековниот тиранин. Смилево стана центар на Илинденското востание своето име го запиша во историјата и се претвори во пепелишта по големата борба на 15 август (ст. ст.) 1903 година меѓу 15 илјадната турска војска и шепа смели востаници кои пеејќи ја пресретнаа смртта. По запалувањето на селото населението несакајќи отиде да живее во Бугарија. Но балканските чеда смилевчани тешко можеа да свикнат на новите услови на градот. Затоа дел од нив повторно се врати во селото, го изгради и повторно заживеа на старите традиции. Најпосле имаше цела колонија во Софија побегната од новите тирани на Македонија.

Овде имам за цел да ги одбележам обичаите и обредите во с. Смилево. Обредите се придружуваат со песни, кои се запишани од баба ми и од сестра ми.

Деновите се нарекуваат со вообичаените имиња, но со посебен изговор. Така на пр. понеделник, фторник, среда, четврток, петок, собота и недеља. Зачувана е поговорка од некоја мрзелива жена:

Понедлник – поседлник (се седи)

Фторник – пофторник (се повторува седењето).

Стреда – непреда (не се преде)

Четврток – неврток (не се врти).

Петок – прошеток (се шета)

Собота – миоглавец.

Недеља – кој работи да и ја да работа?

Некои месеци се именуваат со посебни имиња, на пр. јануари го викаат коложег, февруари – сечко, мај – черешар.

Од книгата „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев, Согија 1941 г.

 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.