|
||||
Почнува 44. Семинар за македонски јазик, литература и култура |
Меѓу лингвистите се и истакнатите македонисти, академиците Ала Шешкен од Русија и Иван Доровски од Чешка, професорите Мачеј Кавка, Ирена Ставова-Кавка и Јан Соколовски од Полска, Волф Ошлис од Германија, Бранко Тошовиќ од Австрија. Слушателите на Летната школа ќе имаат секојдневни лекторски вежби и курсеви, а и оваа година ќе биде активна преведувачката работилница. По завршувањето на Летната школа, на 14-ти и 15 јули ќе се одржи и 38. меѓународна научна конференција од областа на македонистиката, на која ќе учествуваат осумдесетина научници од земјава и од странство. Директорот на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура Максим Каранфловски вели дека програмата е конципирана за да биде застапено се што е актуелно во македонскиот јазик, историјата, археологијата и културата во најширока смисла. Во фокусот на годинашното издание ќе бидат два значајни јубилеја - 150 години од објавата на Зборникот на народни умотворби на Миладиновци и 90 години од раѓањето на Блаже Конески. Покрај тоа, тематски ќе бидат одбележани и други годишнини (за Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Благоја Корубин, Коле Чашуле). Ќе бидат претставени и активностите и издавачката дејност на научните институти - за македонски јазик, за национална историја, за фолклор и за литература. |