Среда, 02 Февруари 2011    PDF Печати Е-пошта
Лазороско-галички антагонизам

lazaropole

Антагонизмот меѓу луѓето од Галичник и оние од Лазорополе е прусутен од дамнина.

Се практикувал секогаш и насекаде, особено во туѓина, на печалба. Се засилил при една измама, кога на еден личен лазоровец, наместо девојката свршеница, на свадбата (скриена зад дулак) му била подметната сестра и  нешто постара и многу понелична. Измамата била откриена на патот од Росоки кон Лазорополе, кога некој од стројалените го открил дулакот под кој гувеела невестата и брзо реагирал со зборовите:

„В темница одиме – тамница водиме“.

Мајтапењата замираат последниве години откако и едните и другите ги напуштија родните села и се раселија. Сега веќе се изменија мотивите за антагонизмот на двете најголеми мијачки села, но затоа, пак, останаа темите кои и едните и другите ги врзуваат за заеднички имиња: Аврам, Рафе, Тофе.

Аврам задоцнил на работа повеќе од два часа. Рафе бил негов претпоставен, та затоа и го прашал:

- Многу се забави денеска бре Авраме, да не те снајде некоја мока?

- И ме снајде – му одговорил Аврам. – Никако да ја врата пастата за зоби шо ми се испушчи собајлево кога и миев диќеливе.

По Втората светска војна, меѓу првите во Галичник кој купил радиоапарат бил и Аврам. Со автобус го донел до под Јанче, а потоа пеш по Скала до Галичник. Неговите најблиски со голема радост го очекувале вклучувањето на радиоапаратот. Присутни биле и соседите. Се било поставено, се било вклучено, но радиото не пуштало глас. И како и секогаш на помош е повикан Рафе. Тој само што пристигнал во куќата на Аврама,  уште од врата, поставил прашање:

- Како го носевте радиово од Скопје?

- Со автобус до Јанче, а оттаму пешки по Скала – одговорил Аврам.

- Уморено е од потот, затова не работат, нека се одморит неколку дена, пак ќа видиме – ги посоветувал Рафе.

Скржавоста Тофева е позната. Еднаш влегол во меана и нарачал кафе.

- Како ќа го пиеш? – Го прашал келнерот Аврам. седнат или станат?

Седнат чини 50 денари, а станат од нанозе 30 денари.

- Дај ми го ти мене за 10 денари. Ја ќа си го пија легнат.

Аврам и Тофе веднаш по војната, како активисти учествувале при пописот на населението во една градска населба. По земањето на генералиите на една убава жена ја прашале што работи, што е по професија.

- Балерина – одговорила таа.

И двајцата се изненадиле од професијата и затоа ја замолиле да им покаже во што се состои нејзината работа. Таа тоа и го направила, а Аврам срипал и му рекол на Тофета:

- Побратиме, пиши ороспија.

Аврам и Рафе се добри другари, побратими. Едниот е лазоровец, а другиот галичанец. Еден ден Рафе специјално дошол во Лазорополе за да се опијани.

- Зар не можеше тоа да го сториш во Галичник, туку мораше пешки да го качуваш Мачкино?

- Времето до опијанувањето е исто во двете села. Но, ти немаш претстава какво задоволство е да бидеш пијан на рамно, да не водиш сметка дека по пијанството, ќе се истркалаш во Јанче и згора на това да мораш пешки да ја качуваш Скала – му одговорил побратимот.

Рафе и Тофе водат научен разговор. Се обиделе да одговорат на прашањето како настанала глувчерицата.

- Пред многу години, во времето на социјализмот во Галичник биле дадени на товење крокодили. И таке...

Рафе фаќал капавица на покривот од својата куќа. Во еден момент на невнимание се слизнал и полетал кон земјата. На минување крај прозорецот, сепак успеал да и довикне на жена му:

- Жено, за ручек нареди една рока помалку грав.

Рафе добил стан на четврти кат од некоја кула. И додека Рафе се радува, неговиот побратим Тофе е многу загрижен.

- Шо си таков? – го прашала Тофевица.

- Се плашам за животот на Рафета. А слушнет топан, скокат за играње дури и во сон. Па ми е страв во тоа скокање да не скокнет низ пенџере

Од книгата „Тешкото од Лазорополе“ од Блаже Смилески, авторско издание, 2006 г.

(Подготви Марко Китевски)
 

На прво место

News image

Премиерна изведба на најновото драмско дело на Стефо Нанцу

Минатиот четврток во просториите на Центарот за уметност во Бенкстеон, предградие на Сиднеј, се одрж...

Историја

News image

Српска пропаганда во Македонија

Српската пропаганда е разгранет систем за ширење на српското национално чувство, култура, јазик, иде...

Иселеници

News image

Солунските атентари и нивната улога за ослободување на Македонија (5)

По 29 април 1903 година друг еден настан ја возбудил Макед...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна (1)

Научната експедиција во Македонија и Поморавија за време Првата светска војна е проект на началникот...

Фељтон

News image

Александар Македонски (2)

Сакаме да ги информираме читателите на „Македонска нација“ дека продолженијата „Алек...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.