Среда, 15 Јануари 2014   
Македонците и Власите трагаат по вистината

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

Сите достапни докази говорат дека Марко Бочвар е Македонец и дека има славјанско потекло, меѓутоа доколку постојат други сигурни докази за потеклото на неговото семејство секако дека ќе ги објавиме. Македонците немаат намера да ја фалсификуваат историјата туку исто како и Власите трагаат по вистината, која многумина околу нив ја фалсификувале.

Ароманите или Македо-Романи (Machedoni - Македони), познати пошироко со егзонимот Власи, е латинизиран народ кој говори посебен јазик. Повеќе теории за нивното потекло  укажуваат дека тие се потомци на староседелското население на Балканскиот Полуостров.

Власите во Македонија се мала етничка заедница со автохтоно староседелско потекло, со посебен латинизиран јазик и обичаи. Според пописот од 2002 година, во Македонија како Власи се изјасниле 9695 лица. Оваа бројка малку се разликува од пописот направен пред повеќе од половина век. Односно во 1948 година нивната бројност изнесувала 9.511 лица, за потоа полека да опаѓа. Во  пописот од 1981 година како Власи се изјаснуваат само 6.384 лица, за да две децении потоа повторно нивниот број се зголеми над 9.000 лица.

Намалувањето на Власите во Македонија, како и воопшто во тогашна Југославија, тогашните експерти го објаснуваат со малобројноста на оваа етничка група, односно со непостоењето на можности на влашки јазик, кој е близок со романскиот јазик, да се организира основното образование и воопшто со непостоење на можности да се организира сестран развој на влашката култура. Во мешаните бракови, децата се пројавуваа како припадници на родителот кој не е Влав, и се декларирале како Македонци, Срби, Грци или Југословени.

Меѓутоа, со осамостојувањето на Македонија во 1991 година, состојбата драстично се менува. Во Република Македонија Власите се спомнати во Уставот, во химната, се формираат партии, а подоцна влашкиот јазик станува официјален покрај македонскиот во општината Крушево. Исто така, се воведува програма на влашки јазик на националната телевизија, а од академската 2013/14 на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, на филолошкиот факултет е воспоставен предмет Влашки јазик, историја и култура. Ваквата состојба овозможува Власите да ги уживаат сите права и слободно да ја декларираат својата етничка припадност, која како што напоменавме во пописот од 2002 изнесуваше над 9.000 лица.

Ваквата положба во македонското општество Власите ја заслужиле. Голем број припадници на Власите во минатото дале свој придонес во преродбата на македонскиот народ, биле членови на Македонската Револуционерна Организација и учествувале во борбите за слободна и независна Македонија. Многу од нив ги положиле своите животи на олтарот на слободата, но и дале и се` уште даваат огромен придонес во развојот на македонското општество. Меѓу нив се наоѓаат многу познати имиња како што се на пример Питу Гули, браќата Манаки, Тоше Проевски и др.

За разлика од Македонија, Власите во соседството не ги уживаат ваквите привилегии иако се далеку побројни. Се смета дека со влашкиот јазик, познат уште како македоно-аромански јазик говорат околу 250.000 лица, од кои само во Грција 200.000 и 50.000 во Албанија. Во Грција, Власите (познати како Македони) живеат во Егејскиот дел на Македонија, чиј традиционален центар Мецово се наоѓа во северниот дел на Пиндската Планина.

Ако се има во предвид фактот дека Власите, кои играле значајна улога во историјата на балканските држави Македонија, Грција, Албанија, Србија, единствено во Македонија официјално се признати како национално малцинство, додека во Албанија како културно или јазично малцинство, тогаш не стојат обвинувањата на неодговорни поединци дека Македонците се асимилатори и националисти, само затоа што во текстот под наслов „Лорд Бајрон изразил желба да биде погребан до Марко Бочвар“ објавен во „Македонска нација“ стои  дека „Марко Бочвар (Marko Bocari) е Македонец, кој Грците иако е „славофон“ го грцизираат и на надгробната плоча ќе напишат дека тој е Маркос Бацариус.  Според овие обвинувања, Марко Бочвар бил Влав по мајка и татко.

Македонците, како што претходно спомнавме, немаат намера ниту некого да асимилираат ниту пак да ја прекројуваат историјата. Ако некои тоа го правеа тоа беа српската, бугарската и грчката пропаганда. За нив Македонците биле Бугари, бугараши, јужни Срби или сл. Меѓутоа според достапните податоци дадени од современици за семејството Бочвар, Марко бил роден во Воден  и бил славјанин.

Во прегледот на славјанските писатели, Бочварови и чешката историја, бугарскиот академик Емил Георгиев пушува: „Меѓу прославените борци за слобода на балканските народи видно место завзема Марко Бочар (1790 – 1823) кој загинал за време на грчкото востание. Неговата слава достигнува до Чешка и чешкото списание „Квета“ од 1846 година дава биографска скица за Марко, која чешкиот писател Прокоп Хохолоушек ја користи за сторијата „Погибијата на Сули“, во која се дадени таткому Крсте Бочвар, братучедот Георги Бочвар и 15 годишната Мара. Ова сторија е отпечатена во 1851 година во списанието „Весна“. Неговиот татко, по неуспешната борба во Видинскиот пашалак со Осман Пазвантоглу, се преселува со своето семејство во Сули каде ја продолжува својата борба против Али паша Јанински. Англискиот трговец Риплтон раскажува дека Крсто Бочвар избегал со блиските во Сули во 1795 година, по неуспешното востание и дека е славјанин.

Постојат и други примери во кои се говори за потеклото на Бочварови. Така и кнезот на албанскиот род Мирдита на гркот Фотос Цавелас ќе му каже дека лично го познавал Крсто Бочвар и дека тој е славјанин. Од друга стран, Стојчев за неговиот син Марко ќе забележи дека „Во Грција, во местото  Мисулунги кај Коринт има гроб на Марко Бочварот, Македонец од Егејска Македонија, кој бил учесник во грчкото востание против Турците во 1821 година. Грците многу ја почитувале неговата храброст иако за нив тој бил „славофон“ . На нагробната плоча сега пишува дека тој е Марко Басариус, што преставува грцизација на неговото име“.

Сите примери говорат дека Марко Бочвар е Македонец, меѓутоа доколку постојат други сигурни докази за потеклото на неговото семејство секако дека ќе ги објавиме. Македонците немаат намера да ја фалсификуваат историјата туку исто како и Власите трагаат по вистината, која многумина околу нив ја фалсификувале.

 

На прво место

News image

Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на важноста на пасошите предлог на ВМРО-ДПМНЕ

  Наместо да мудрува, Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на...

Историја

News image

Албанците од Македонија не се фински швеѓани-Драган Богдановски- 1997г.

Госпоѓа Елизабет Рен, финска државјанка од миноритетската шведска јазична група, бивша министерка за...

Иселеници

News image

АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ЛЕИК ПЛЕСИД (14)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ПРОФ. Д-Р МОТОКИ НОМАЧИ ОД ЈАПОНИЈА – ПОЧИТУВАЧ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Професорот  Мотоки Номачи е истражувач на словенската лингвистика, на социолингвистиката и на...

Фељтон

News image

ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ (20)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.