Вторник, 07 Февруари 2012   
Македонската жена – пиреј на македонскиот бит

Magdalena_Mihajloska_copy

 

 

 

 

Магдалена Михајлоска

„Умирам за нешто во што верувам со сета душа, како чесна, а не како нечесна, за поарен живот за другите, а не за мојот“ Ова се последните изговорени зборови на Мирка Гинова која била првата стрелана жена во Грција борејќи се до смрт за Македонското национално битие.

Жената е извор на животот. Таа го создава и го расте во себе, за потоа да го изнесе на свет и да каже: “Нашето битие ќе продолжи да живее”.

Македонската жена знае да љуби, да верува, да се надева. . .Таа е храбра и одлучна. Знае да биде вистинска лавица доколку во опасност се најде таа, или пак не дај Боже, нејзиниот потомок.

Иако македонското општеството ја виктимизира и ја става во подредена положба, жената Македонска не е ни најмалку одраз на кукавичлок, ниту пак на предавство, или пак било каков друг облик на неспособност или малодушност. Таа не е само одразот што го гледате во кујна со полни раце работа. Таа не е таа што ќе се грижи само за вашите деца додека во исто време ја прави куќата топол дом од кој се шират најубавите мириси на нашата традиција.

Сестрана, толерантна и неприкосновена, таа, и само таа може од секој од нас да направи вистински човек. Секојдневното битисување како сопруга и мајка не ја спречува да се вклучи во општествените процеси на македонското сепостоење.

Храброста на македонската жена не ја извисила ни нашата историја. Гинела, се борела и го давала својот последен здив за македонската кауза.

„Умирам за нешто во што верувам со сета душа, како чесна, а не како нечесна, за поарен живот за другите, а не за мојот“ Ова се последните изговорени зборови на Мирка Гинова која била првата стрелана жена во Грција борејќи се до смрт за Македонското национално битие.

Прочуената „Планинска царица“ - Румена војвода, храбра, борбена и достојна на својот народ ќе изјави „Ајдутин сум, целиот свет пропиштел на мене. Штом е така, нека станам ајдутин!“ , оставајќи го својот син Андон како аманет на своето семејство. За жал за неа ќе се рече: „Не прилега жена да не води“ по што следува нејзиното убиство од страна на членови од нејзината чета.

Но, со смртта на овие храбри жени не завршува битисувањето на нашите корени. Тие се длабоко навлезени во нашата историја, традиција и култура, што како пиреј „...колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе протера“ -  ќе каже во својот роман Петре М. Андреевски.

Македонската жена продолжува да биде коренот на Македоноја и денес. Денешната Македонска жена е модерна, образована, софистицирана и рамноправна во секој сегмент на општеството. Таа е столбот на секое смејство и следствено на тоа, таа е столбот на македонското битие. Како таква, треба да се почитува и сака. Да се љуби и да не се заборава нејзината вредност. Женската интуиција, борбениот инстикт и одлучноста да се успее ја прави нашата жена непокорлива. Во неа силно се всадени македонските традиционални вредности кои не избледуваат багодарејќи на нашите мајки, баби, стрини и тетки. Нашите деца растат со нивните приказни и поуки кои се пренесуват од колено на колено и така остануваат и неизбледуваат од нашата колективна меморија.

Токму затоа македонското битие е како пиреј. Неоткинливо и проникливо секој пат кога некој ќе се обиде да го искорени. Македонскиот идентитет и култура, колку и да се оспорувани и негирани, тие секогаш ќе постојат и ќе го покажат својот сјај, тогаш кога тоа и е најпотребно на нашата татковина. Со право и ја нарекуваме Мајка Македонија, затоа што секоја мајка ги сака и штити своите синови, исто како што Македонија тоа го прави за сите нас.

Можеби Македонија е жена... Кој да знае? Можеби и токму затоа сме неуништливи и крајно немилосрдни кога е во прашање нашето битие.

 



 

На прво место

News image

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги отвораат своите врати за граѓаните и нивните идеи и проекти

Денес сабота и утре недела 3 и 4 како и 10 и 11 Декември од 11 до 14 часот градоначалниците на ВМРО-...

Историја

News image

Скокам од радост кога ја гледам вашата љубов спрема нашиот мајчин јазик

Со задоволство го прочитав вашето пријателско писмо и со голема радост разбрав за Вашите благородни ...

Иселеници

News image

ДОАЃАЊЕТО НА ЕВРЕИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА (31)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

Охридска книжевна школа

Најстарата средновековна македонска книжевна школа е Охридската книжевна школа формирана во 886 годи...

Фељтон

News image

МАКЕДОНСКИ ПРАВОСЛАВНИ ЦРКВИ ВО ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ВО САД (27)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ВТОР ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.