|
||||
| СДС повторно „растура пердуви“ |
|
СДС кога нема аргументи фрлаат лаги Прес-конференцијата на СДС е уште еден доказ дека оваа партија, кога нема што да понуди како политика, визија или резултат, се враќа на старите, веќе излитени методи – ширење лаги, манипулации и намерно замајување на јавноста. СДС повторно „растура пердуви“, обидувајќи се со наративи без докази да создаде привид на некаква поврзаност меѓу ВМРО-ДПМНЕ и одредени фирми. Иронијата е огромна. Токму СДС зборува за тендери и јавни набавки, партија под чие владеење зборовите „тендер“ и „набавка“ беа синоним за криминал, корупција и семејни бизнис-зделки. Во нивно време, по „дифолт“, милионските договори завршуваа кај фирми поврзани со семејствата на Заев и Филипче. Тогаш немаше транспарентност, немаше отчетност, имаше само партиска држава и приватни интереси. Денес, ситуацијата е сосема поинаква. Сите тендери и јавни набавки се спроведуваат согласно закон, јавно, транспарентно и под лупа на институциите. Нема скриени договори, нема фаворизирање, нема тајни анекси. И токму тоа најмногу ги боли во СДС – што повеќе немаат контрола врз системот што го злоупотребуваа со години. Затоа јавно ги прашуваме: -Дали во оваа држава човек нема право да има фирма или бизнис?
Ако СДС навистина се сомнева во криминал или корупција, нека престане со прес-конференции и политички театар. Нека се јават кај „нивните“ обвинители и судии – оние кои ги поставуваа и штитеа со години. Сигурни сме дека веднаш ќе им помогнат, како и досега. Но ако немаат докази, ако нема криминал, ако сè е чисто и законски – тогаш должни се јавно да се извинат за ширењето лаги и невистини. Затоа што Македонија не смее повеќе да биде заложник на партиски манипулации и очајни обиди за политичко преживување. Времето на лагите помина. Јавноста гледа, памети и суди. |




















