Среда, 18 Август 2010    PDF Печати Е-пошта
Устав на Тајната Македонско-Одринска Револуционерна Организација 1896 г.

tmoro-ustavНа „Солунскиот конгрес" на Македонската револуционерна организација Гоце Делчев и Горче Петров добиле за задача да изработат Устав на Организацијата. Тоа го сториле тие двајцага и го отпечатиле. Потоа, го испратиле по револуционерните реони. Овде се дава полниот текст на уставот.

 

 

 

 

 

 

УСТАВ
НА
ТАЈНАТА МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКА
РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Глава I

Цел

Чл. 1. Тајната македонско-одринска револуционерна организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност, за извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области.

Чл. 2. За постигање на таа цел организацијата се бори да ги премав-не шовинистичките пропаганди и националните караници кои го расце-пуваат и обессилуваат македонското и одринското население во негова-та борба против општиот непријател; дејствува за внесување на револу-ционерен дух и свест меѓу населението и ги употребува сите средства и усилби за поскорешното и своевремено вооружување на населението со се што е неопходно за едно општо и сеопшто востание.

Глава II

Состав и устројство

Чл. 3. Тајната македонско-одринска револуционерна организација се состои од месни револуционерни организации (дружини), составени од членовите на секоја одделна месност (град или село).

Чл. 4. Член на ТМОРО може да биде секој Македонец и Одринец, кој не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно пред општеството и кој ветува и се задолжува да му биде полезен на револуционерното ослободително дело.

Чл. 5. Секоја месна организација се раководи и управува од свој местен комитет (управно тело). Комитетите се делат на селски, околиски и окружни.

Чл. 6. Секоја месна организација се дели на групи со по еден началник (десетник).

Чл. 7. Селските комитети им се потчинети на околиските, околиските на окружните, а целата организација се раководи и управува од Централниот таен револуционерен македонско-одрински комитет.

Чл. 8. Селските комитети (управни тела) се избираат од членовите на месните организации и се потврдуваат од околиските комитети (управни тела); последните се раководат од членовите на околиските центри и се потврдуваат од окружните со согласност на Цент. комитет; а окружните се назначуваат направо од последниот. Во извонредни случаи ЦК има право да го довери раководењето на работите во окрузите и околиите во рацете на едно од него избрано внатрешно или ополномоштено надворешно лице.

Чл. 9. Членовите на Централниот комитет се избираат секоја година од околиските и окружните комитети по спогодба. Изборот станува по начин каков што околностите го диктираат. Местото и времето на избирањето се определува од ЦК.

Чл. 10, При изборот на ЦК се определува местото на седиштето, кое што ќе им биде познато само на окружните и околиските комитети.

Чл. 11. Секој околиски револуционерен реон си има своја чета, задачата на која се определува во специјален правилник.

Чл. 12. Секој член од комитетот носи псевдоним, кој му е даден од Центр. комитет.

Чл. 13. ТЦМОРК има печат со амблем, знаме, сабји, пушки и бомба и со натпис: Македонско-одрински централен рвволуционерен комитет. Големината и особените знаци се определуваат од Центр. комитет и им се соопштуваат на окружните и околиските комитети со специјална окружница.

Чл. 14. За поврзување со околните комитети секој окружен, околиски и селски комитет си има своја тајна пошта.

Чл. 15. За следење на работата на надворешните и внатрешните непријатели и за претпазливост од нив, секој комитет си има своја тајна полиција.

Чл. 16. Секој комитет го држи во тек на работите во својот реон погорниот од него комитет, а на крајот на секој месец му дава подробен извештај за сите свои работи во секој однос.

Глава III

Материјални средства на револуционерната организација

Чл. 17. ТРО ќе се снабдува со пари: 1) од доброволни прилози; 2) од редовните членски влогови и 3) од пари, собрани на начин каков што ЦМОРК ќе го најде за уместен, или пак месниот со претходна согласност на Централниот.

Г л а в а IV

Казни

Чл. 18. Секој што ќе згреши во штета на делото, бил тој работник или не, се казнува. Казната му се определува од месниот комитет и се извршува со согласност на Централниот.

Чл. 19. Врз основа на овој устав е изработен подробен внатрешен правилник.

Крај

РКО. - FО 78/4951. Тиrkeу (Виlgаriа). Frот Еlliot. 1898; УСТАВ НА ТМОРО. Ѕ. I.

 

На прво место

News image

Политичка номенклатура

Гоце Марков-колумнист, Македонец и Човек

Иселеници

News image

Борис Ничов – бизнисмен и градител на „Преспанскиот крст“ (15)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ - САД

Култура и туризам

News image

ЛИЧНОСТИ ОД ПРЕСПА: ПИСАТЕЛОТ СТЕРЈО СПАСЕ ОД ГЛОБОЧАНИ – ЗНАЧАЕН ЛИТЕРАТУРЕН ТВОРЕЦ (2)

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ПРЕСПА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (27)

МИГРАЦИЈАТА НА ДОРЦИТЕ (ХЕЛЕНИТЕ) ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.