|
|
На 19 октомври да гласаме за број 9! |
Мане Јаковлески Има една народна приказна: мижи Асан да ти баам, ама во денешно време, Асан-народот, „мижи' со отворени очи и се гледа и се памети, ништо не заборава. Народот гледаше со години наназад како власта на СДС и ДУИ се оддалечуваше од народот, заради личен интерес. Народот гледаше како правдата стана привилегија за избраните, а неправдата секојдневие за обичниот човек. Народот гледаше како чесноста се претвора во луксуз, а лагата во политика. Народот гледаше како функционери зборуваа за морал, а живееја во луксуз, а Тој, народот, го плаќаше со сопствената мака. Народот гледадаше како граѓаните стоеја во редици пред болници. Народот гледаше како родителите со солзи ги испраќаа своите деца во туѓина со билет во една насока. Народот не заборава како живеел. Не заборава кој го изневерил. Не заборава за предавствата, за неисполнетите ветувања, за потценувањето. А челниците од СДС и ДУИ мислеа дека, Асан-народот „мижи“ ништо не гледа и се ќе заборави, ќе прости, ќе се навикне. Но тоа беше нивна најголемата заблуда. Тоа не беше само политичка грешка, тоа беше болка. Болка што се собираше со години, тивко, но сигурно. И сега, таа болка се претвора во народен гнев. И тој гнев ќе стане громогласен на 19 октомври, како порака дека Асан-народот не „мижел“, се гледал и ништо не заборавил. На 19 октомври, народот ќе зборува преку гласот на секоја мајка, на секој пензионер, на секој млад човек кој сака подобра иднина, тука, дома, во татковината, во Македонија. 19 октомври, нема да биде само обичен изборен ден, туку народен референдум. Затоа, на 19 октомври, сите масовно да излеземе и да гласаме за кандидатите за градоначалници и советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалиција. Со заокружување на бројот 9 гласаме за работа, за чесност, за достоинство. Ден кога ќе кажеме, ДА, бројот 9 беше вистинскиот избор! На 19 октомври ќе гласаме за Човек, за нашиот град, за нашето место, за нашата улица, за нашето маало. А вечерта, кога ќе ги слушнеме резултатите, ќе можеме со гордост да кажеме: Ние гласавме за нашата иднина! |