|
|
Демостен како доказ дека Македонија постоела а Грција ни во сон |
Александар Македонски Џеповски Среќа во несреќа – со човекот што ја мразеше МакедонијаКоја среќа во несреќа – да нè споменува човек кој ја мразеше Македонија, ја мразеше нашата историја, Филип Македонски, Александар, и сè што е македонско по дух и по суштина. Но, токму преку таа омраза, историјата сведочи за нешто друго – за величината на Македонија, за народ што не се покорува, што не прифаќа туѓ јарем, што секогаш оди гордо, исправено и со глава крената кон иднината. Денес многумина се обидуваат да препишуваат историја, да ја преправат вистината, да ни кажат дека наводно „Грците“ биле тие што владееле и создавале цивилизација. Но тоа е најголемата лага на векот. Во времето на Филип и Александар немало Грција, немало Грци, немало никаква држава со тоа име. Постоеле само мали градови-држави, затворени тврдини од по неколку километри – Атина, Спарта, Теба, Коринт – каде неколку богати фамилии владееле со стотици робови. Во тие градови постоеле господари и робови. Кај нас, во Македонија, постоеле слободни луѓе.
Да, и не бива! Затоа што Македонецот е роден слободен. И тогаш, и денес. Кога тие мали градови-држави почнаа да ја чувствуваат силата на Македонија, кога сфатија дека не можат да не победат на бојното поле, се здружија со Персијците, со туѓинците, со оние што отсекогаш сакале да ја видат Македонија понижена. Со подлост, лаги и пари (како и денес некои што се продаваат за туѓи интереси, само за да ѝ наштетат на сопствената земја) тогаш се обидоа да ја уништат државата што била пример за слобода и правда. Но, не успеаја. Не успеаја затоа што не можеш да победиш народ што не се покорува. Не можеш да ја скршиш гордоста на луѓе кои не се продаваат за привилегии (иако денес се јавија неколку изроди и неранимајковци) кои не го менуваат своето име и идентитет за шепа пари и за лажна слава. И ете, денес, повеќе од две илјади години подоцна, повторно се појавуваат некои нови „демостени“, некои самопрогласени учители на историја кои сакаат да ја прераскажуваат Македонија по туѓа мерка. Но, Македонија не е нивна. Македонија е наша! На народот што ја градел, ја чувал и ја сакал. И ако некој мисли дека може повторно да не направи робови – со економски диктати, со политички уцени, со лажни договори и предавства – нека го прочита уште еднаш Демостен: „Од Македонците не бива добар роб“. Така било тогаш, така е и денес, и така ќе биде засекогаш. ФАЛА МУ И СЛАВА МУ НА БОГА ШТО ЗНАЕ КАКО И ОД ДУШМАНИ ДА ИЗВЛЕЧЕ НЕШТО ДОБРО И ПОУЧНО И ДА ИМА КАКО ДОКАЗ ЗА ДЕНЕШНИТЕ НЕГАТОРИ ИСТРЕНИРАНИ ОД ЗАПАДНИТЕ НАТЕМАГОВЦИ КОИ САМО НЕГИРААТ И КОНТРИРААТ. ЧУВАЈ НЕ БОЖЕ ВЕЧНО НАС МАКЕДОНЦИТЕ И МАКЕДОНИЈА. АМИН !!! |