|
||||
Владо Черноземски |
![]() Неговата кариера во Македонската историја можеме да ја следиме од 1922 година кога станува член на ВМРО под псевдонимот Владо Димитров Черноземски. Тој во Македонија влегува со чети и се истакнува како многу храбар борец и учествувал во борби повеќе од 15 пати. Неговата способност за прецизност во стрелањето, интелегенција за извршување на особено важни задачи и неговиот карактер на ладнокрвен и бестрашен човек, го води до многу одговорни задачи кои ќе му бидат доверени. Една таква задача е ликвидирањето на Димо Хаџи Димов кој е еден од најактивните комунистички и прокоминтерновски функционери во Македонија. Ликвидацијата ја извршува на 12 септември 1924 година. 12 декември 1930 година е датумот кога во Софија од заседа е убиен Наум Томалевски, македонски деец и граѓанин. Установено е дека убиството го направиле Владимир Георгиев Черноземски и Андреј Манов, кој починал утрдента од раните здобиени во престрелката. Истакнувајќи се со своите подвизи и карактер на дисциплиниран борец решен на саможртва за успешно исполнување на планот, брзо ја стекнува довербата и уважувањата на Тодор Александров, на раководителите на четите во Македонија, а подоцна и на Иван Михајлов. Во 1927 година, Владо Черноземски предлага на ЦК на ВМРО сам да се опаше со ремен од рачни бомби кои ќе експлодираат во главната заседувачка сала на друштвото на народите, како саможртва на овој потресен чин да го привлече вниманието за болното македонско прашање, откако петициите и молбите на македонското население не влијаеле со соодветна реакција од светската јавност. Од 15 јули 1932 година, трагите на Владо Черноземски се губат. Организацијата раширила глас дека тој е убиен по нејзина заповед. Меѓутоа, Владо Черноземски под директива на ВМРО бил испратен во Јанка Пуста - Унгарија. Таму, под инструкторство на Анте Павелиќ е подготвуван за подоцна изведениот атентат врз кралот Александар. На 09.10. 1934 година Черноземски бил во Марсеј, тој периодот пред атентатот го минал в меана, јадејќи и пиејќи црно вино, вработениот таму, дал изјава дека Черноземски не оддавал никави симптоми на нервоза, бил сталожен и само на неколку пати станувал и ја следел ситуацијата за пречек на Кралот. Кога го напуштил локалот на вработениот му дал и голема напојница. Според кажувањата, иако Владо Черноземски обучил поголема група луѓе кои кои биле распределени во три-четири групи, за секој случај некој да не успее да го убие Кралот. Сепак неговите сомнежи се исполниле кога ги видел растреперените раце на првоименуваниот атентатор, па самиот Черноземски го презел случајот во свои раце, го земал букетот со цвеќето во кој бил пиштолот и со образложение дека сака да го подари на Кралот, испукал неколку куршуми и така му пресудил за сите неправди што ги направил кон македонскиот народ. Марсејскиот атентат е многу важен настан спроти Втората Светска војна. Во него се преплетени дипломатски и политички сплетки и интереси на големите држави и постоечките проблем меѓу државите од југоисточна Европа. Овој настан е вечно запаметен во сеќавањата на Македонците како дел од борбата за својата слобода, а Владо Черноземски како уште еден бисер од ѓерданот на македонските херои и бескомпромисни борци. Умира на 9 октомври 1934 година во Марсеј, неколку часа после атентатот врз Југословенскиот крал Александар, од здобиените повреди по атентатот во болница. Погребан е на марсејските гробишта, но местото не се знае. ![]() Жаклина Петровска {youtubejw}W7F-h_oLOfY{/youtubejw} |