|
||||
Народот не им верува на кандидатите за градоначалници предложени од СДС! |
Во текот на предизборниот период, вниманието на јавноста е насочено кон тоа какви проекти и планови нудат кандидатите за градоначалници од најголемите политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Иако дел од кандидатите се трудат да презентираат визија за локален развој, јавноста ја изразува својата недоверба кон кандидатите за градоначалници од редовите на СДС, заради лоши искуствата од нереализирање на ветувањата од градоначалниците и владата на СДС во минатото. Овој став најчесто е поврзан со лошотото искуство за периодот на владеење на СДС, кога лидерот Зоран Заев и тогашниот министер Венко Филипче даваа низа ветувања во областа на инфраструктурата, здравството и економскиот развој, граѓаните сметаат дека ветувањата останаа неисполнети, што доведе до опаѓање на довербата кон партијата и нејзините претставници. Македонскиот човек одамна научи да препознава кој работи искрено, а кој се крие зад зборови и лажни ветувања. Локалната самоуправа е местото каде државата ја допира секојдневната реалност на граѓаните. Таму нема простор за лажни и празни ветувања, туку само за работа. Затоа денес, повеќе од кога било, е време да се врати духот на чесноста, посветеноста и одговорноста и да се покаже дека вистинската политика се мери со број на ветени и реализирани дела. Изминатите 15 месеци Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира многу повеќе од тоа што го вети на последните парламентарни избори. Затоа, на 19 октомври наша е одлуката, или ќе избереме опција во која што се враќаме назад, опција која Зоран, Венко, Димче и Ахмети ќе не вратат назад во минатото, или ВМРО-ДПМНЕ која има јасна визија и план како да се бори за секој град, за секоја улица, за секое маало, за секое едно семејство и за секој човек. Македонија има сила, има достоинство и има народ што знае да сака и да простува, но не да заборава. Затоа е важно на 19 октомври да излеземе масовно, да заокружиме Бр. 9 за да победи Македонија. На 19 октомври да гласаме за број 9 за јасен план и јасна визија за напредок на Македонија. На 19 октомври да гласаме за бројот 9 за иднината на нашата заедничка Македонија. |