|
||||
| Кој ја вмешал Македонија во мрежата на Епштајн? |
|
Името на Македонија се појавува во мејловите на Џефри Епштајн – осуден милијардер, педофил, сексуален предатор и трговец со малолетнички. Ова не е шпекулација, туку јавно достапен документ што отвора сериозни сомнежи за криминал, злоупотреба и тешко кршење на етички и законски норми. Во објавената кореспонденција, Епштајн е информиран за научно истражување во кое, според пораките, биле користени човечки мозоци од Македонија, а во истата информација јасно се наведува дека во организацијата помогнал член на факултетот на Универзитетот Колумбија, со потекло од Македонија. Институциите мора да отворат предмет и да утврдат кој е организаторот на изнесувањето на човечки органи од Македонија; Да го идентификуваат членот на факултетот на Колумбија, со македонско потекло, кој помогнал во организацијата; Кој ја продал државата? Кој потпишал? И кој штител? |




















