|
||||
Македонскиот јазик во Грција има стабилна иднина |
![]() Професорот по јужнословенски јазици Кристиан Фос во интервју за Дојче веле предвидува оптимистичка иднина за македонскиот јазик во Грција: кај младите Македонци повторно се јавува интерес за мајчиниот јазик. Словенски дијалекти денес во Грција се зборуваат во голем дел од земјата, од Костур во западниот дел на Грција, па се‘ до областа Кавала во источниот дел на земјата. Тоа е областа што денес се нарекува Грчка Македонија. Овде живеат околу 200.000 луѓе со словенско потекло, но само мал дел од овие луѓе го зборуваат македонскиот јазик како мајчин јазик, вели за Дојче веле професорот по јужно-словенски јазици и културолошки студии на Хумболд Универзитетот во Берлин Кристиан Фос: „Во изминатите векови, поточно од 1913 година, кога овие области беа интегрирани во грчката држава, воедно беше спроведена една помалку или повеќе репресивна асимилација. Претопувањето на населението доведе до тоа родителите да зборуваат со своите деца само на грчки јазик. За поголемиот дел од Македонците во Грција јазикот уште во тоа време изумрел.“ Грција е полиберална под притисок на ЕУОсновната причина за изумирање на јазикот е всушност грчката државна политика, која го негира постоењето на македонското малцинство и на македонскиот јазик во земјата. Во минатото на луѓето им било забрането да зборуваат на нивниот мајчин јазик. Меѓутоа, со формирањето на политичката партија на македонското малцинство „Виножито“, како и на фондацијата „Крсте Петков Мисирков“, повторно се овозможува зачувување на македонскиот јазик и културна традиција во Грција:„Во секој случај, можеме да констатиреме дека Грција во изминатите 20 години, се разбира, пред се’ и поради ЕУ, стана многу полиберална и на тој начин македонското малцинство доби нови слободи. Во овој случај особено станува збор за фолклорните прослави и пеењето песни на македонски јазик. Со векови беше строго забрането на прослави или свадби во селата да се пеат песни со словенски или македонски текст. Токму ова беше и централното барање на партијата „Виножито“ кон крајот на осумдесетите години, кое и навистина беше спроведено, пред се’ во областа Лерин, во непосредниот пограничен регион“-објаснува професорот Кристиан Фос. Недостасуваат училишта за одржување и развој на македонскиот јазик во Грција![]() Училишта се неопходни за развој на еден јазик
Професорот Кристиан Фос од 2000 до 2005 година работел на студија за македонскиот јазик во Грција. Тој се обидел да го истражи процесот на изумирање на македонскиот јазик. На крајот дошол до констатација дека постои еден вид рамнотежа. Имено, иако постои асимилација, сепак се појавува нов интерес кај младите за јазикот и културата: „ Јас сум научник, ги истражувам јазиците и мене лично ме интересира како една група, која зборува двојазично, се поинтензивно се претопува и зборува само на еден јазик. Потоа ги истражував однесувањата на различните полови и каква улога играат староста и социјалната положба во овој процес. За време на истражувањето можев да констатирам, дека постои одредена динамика, но се соочив и со неколку противречни искуства. Така на пример, од една страна гледаме млади родители , во конкретниов случај тоа се мајките, кои едноставно се откажуваат да им го пренесат мајчиниот јазик на своите деца, од друга страна , пак, имаме еден вид „ривајвл“ –оживување, односно нов интерес да се запознае културата, обичаите, песните и ората на родителите и дедовците. Затоа не гледам причина да бидеме песимисти, дека на јазикот му се заканува изумирање“, вели професорот Фос. Борба за зачувување на македонскиот јазик![]() Децата во Грција учат од македонски книги
Дел од европскиот идентитет е да се негува и поттикнува повеќејазичноста и културната разновидност во Европа. За таа цел ЕУ става на располагање голем број ресурси. Затоа гледам добра основа и покрај национализмот и иредентизмот да се негуваат помалите јазици, смета професорот Фос. Што се однесува до негувањето на македонскиот јазик тој има конкретна идеја: „ Јас би сакал да бидат ставени на располагање познати стрипови, телевизиски емисии или радио програма на македонски јазик во Грција за да се привлечат и младите луѓе и да се поттикне нивниот интерес за јазикот. Имено, македонскиот јазик досега за нив е поврзан само со бабите и дедовците или пак со народни песни. А тоа се работи, кои за младите луѓе меѓу 15 и 18 годишна возраст, не се воопшто, како што би рекле тие, во тренд. Тоа е општ проблем со кој се соочуваат и други помали јазици, како на пример јазикот на Лужичките Срби во Германија или пак, германскиот во Шлезија. Нивната култура важи пред се’ за култура на нивните баби и дедовци. А, тоа е сосема конзервативно и неинтересно за младите генерации.“ Каква е иднината на македонскиот јазик во Грција по десет години?![]() Грчката влада не го признава македонското малцинство во земјата
DW Бисера Огњановска Митров |