|
|
Македонија – генерација што победува! |
Мане Јаковлески Македонија не започнува денес. Таа не е приказна што се раѓа одново со секоја генерација. Таа е долг пат, тежок, но и славен пат. Пат исполнет со борби, со жртви, со победи и сонот за слобода. Пат по кој нашите предци чекореле исправено, и кога било најтемно и кога изгледало невозможно.
Од генерација на генерација, низ векови на страдања и искушенија, овој народ знаел да стои исправено. Знаел да се бори, да не се покори, да не се предаде. Затоа сме тука денес. Затоа ова парче земја сè уште е наше, затоа што тие пред нас не дозволиле да згасне пламенот.
И денес, ние сме тие што ја продолжуваат таа вечна низа. На нас е редот! На нашата генерација, на нашите срца и раце.
Одговорноста што ја носиме е огромна, затоа што не смееме да ја изгубиме вистината, да го изгубиме достоинството, да ја изгубиме Македонија.
Нашата генерација нема право на предавство! Нема право да молчи, нема право да се колеба. Ние сме повикани да бидеме продолжение на историјата, да бидеме гласот и силата на нашите предци.
Оваа генерација во Македонија имаат само една задача –ПОБЕДА!
Победа над неправдите, победа над лагите, победа над сите што сакаат да ја поништат нашата татковина. Победа за иднината на нашите деца, за иднината на нашите внуци. Победа за да го чуваме јазикот, името и идентитетот. Победа што ќе покаже дека Македонија знае да се исправи и да го земе она што со векови ѝ припаѓа, чест и достоинство.
Историјата не ја пишуваат оние што се плашат. Историјата ја пишуваат храбрите! Оние што веруваат кога е најтешко, оние што стојат исправено кога сите други клекнуваат.
Иднината не ја гради некој друг, таа е во нашите избори денес, во секоја рака што помага, во секое срце што верува и знаеш, дека твојот глас е повеќе од политика.
Тоа е избор за улицата по која чекориш, за паркот каде се среќавате, за училиштето каде растат вашите деца и знаеш, со еден избор продолжуваш напред. Со друг можеш да се вратиш назад. Твоето место е дел од твојата душа, твојот човек е оној што секогаш е тука. Твојата иднина е она што заедно го создаваме. А сите три ги поврзува вистинскиот избор! Со Твојот човек! За Твоето место! За твојата иднина!
Затоа велам, оваа генерација нема да падне на колена. Оваа генерација ќе биде генерација на победата! И кога ќе поминат години и децении, нашите потомци ќе можат да кажат: „Тие не ја предадоа татковината, тие ја донесоа победата, победата за сите без разлика на вера или нација што живеат во Македонија!“ |