Среда, 08 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
ПОЖАРАНСКИ СВЕТИЛИШТА

И во Стариот и во Новиот завет светилиштето е опишано како место во кое живее бог. 
Преданијата говорат дека кога бог се наоѓа во својот светол храм, тогаш целата земја треба да молчи пред неговото лице. 

Токму вакво божјо светилиште во село Пожаране низ вековите преставува главнот црковен храм посветен на „Свети Никола“.  Сместен во срцето на селото, овој црковен храм  бил изграден во далечната 1912 година, а потоа во неколку наврати  реновиран и реставриран.. 

Пред тоа на истото место постоел помал храм. Интерсено е што формата на градбата на овој храм е иста со формата на  црковен храм „Св.Богородица“ во Гостивар . 
Од тие причини се претпоставува дека двата објекта ги имаат градено исти мајстори.

 

pozarane1
ЦРКВА „СВЕТИ НИКОЛА“

pozarane2ФРАГМЕНТИ ОД ОСВЕТУВАЊЕТО НА ЦРКВАТА

Во кругот на црквата се наоѓаат неколку гробови на свештеници меѓу кои и на Петровиќ Захарије и Поповиќ Ефто, своевремено и оснивачи на просветителската дејност во селото. Црквата е посветена на пророкот Св. Никола кој е заштитник на селото.    

Внатрешноста на црквата е доста богата со убав фрескоживопис насликан во поново време и иконостас со плитка резба.

pozarane3

pozarane4

„Св. Никола“ е соборна црква, изградена  на едно возвишение од кое место водат пристапни патишта до сите  пожарански маала подеднакво.
Благодарејќи на ваквата поставеност црквата е видлива од сите страни, а нејзината монументалност и покрај тоа што не е многу голема е засилена со слободното пространство без високи дрвја што би ја криеле градбата.

Во кругот на црквата се наоѓаат и гробишта на поголемиот број  пожарански семејни домаќинства.

pozarane5

pozarane6

pozarane7

КАМБАНЕРИЈАТА НА ЦРКВАТА

pozarane8

Внатрешноста на камбанеријата

pozarane9

pozarane10

СЕЛСКИ ГРОБИШТА

Дворот на овој храм, покрај другото го краси и чешма од која истекува вода за пиење, дело на Деспот Алексоски-жител на селото.

pozarane11
Текстот на мермерната плоча сам по себе говори за градителот на чешмата

Веднаш до овој храм се наоѓа камбанеријата како и помошните одаи во кои за време на верските празници, пред се „Божик“ се организира собир на  пожаранци и други граѓани,  каде што кумовите на собирот присутните гости  ги послужуваат со  традиционален ручек.

pozarane12
ФРАГМЕНТИ ОД ПРОСЛАВАТА НА БОЖИЌ

pozarane13

pozarane14

pozarane15

pozarane16
ОДАИТЕ НА ЦРКВАТА

Подолу од селото се наоѓа капела „Св.Илија“, која е наречена „Илиница“ . Овој храм е изграден во далечната  1902 година од страна на: Герасим, Наумче и Јаков Тофилоски, а возобновен 2009 година од страна на нивните следбеници.
До неа се пристига по асфалтен пат. На Втори Август по повод патрониот празник Св. “Илија “ се одржува прослава пред истата. 
Тука на овој локалитет, добронамерник од село Пожаране ја возобнови од поодамна запоставената чешма за која нашироко се прикажува дека водата која што истекува од истата има лековито дејство.

pozarane17
ЦРКОВНА КАПЕЛА „СВЕТИ ИЛИЈА“-ИЛИНИЦА

pozarane18

pozarane19
ЧЕШМА ВО КРУГОТ НА ЦРКВАТА

pozarane20

pozarane21

pozarane22

ФРАГМЕНТИ ОД ПРОСЛАВАТА НА „ИЛИНДЕН“

По иницијатива на црковниот одбор на селото и несебично залагање на останатите жители, во месноста „Килментија“ се вршат подготовки за возобновување на разрушениот средновековен храм посветен на „Свети Климент“.

pozarane23
„СВЕТИ КЛИМЕНТ“-КЛИМЕНТИЈА

pozarane24

До неодамна, во близината на темелните остатоци од овој храм се наоѓаше симбол на село Пожаране – најстариот даб и тоа не само овде во селото туку и во Полог па и пошироко...
Овој даб беше висок над 20 метри, распонот на гранките исток-запад , север- југ повеќе од 15 метри и со огромен пречник на стеблото во корен. Според легендите и преданијата, пожаранци верувале дека дабот го засадиле учениците на  „Св Климент Охридски“ кој кога поминувал по патот „Виа Игнација“ престојувале во месноста „Климентија“  И навистина, научно е потврдено дека староста на дрвото е приближна со онаа на доаѓањето на „Св Климент“ тука во месноста „Климентија“ на село Пожаране, или пред  околу 850 години.

На северозападната страна од село Пожаране, долж локалниот  пат кој води до соседното село Калиште е сместен локалитетот „Соколец“ во чие подножје се наоѓаат темелни остатоци од средновековен црковен храм.

pozarane25
Локалитетот „СОКОЛЕЦ“ каде се наоѓа црквата „Св.Спас“

Според кажувањата на постарите, името на овој храм се врзува со еден настан. Така, кога преубавата Дева Марија поминувала по патот кој водел од Пожаране преку Катрање кон Калиште, ја здогледале Соколе и Спасен кои обземени од нејзината убавина, упорно ја следеле се до оваа карпа и кога стигнале на истата, Дева Мерија за миг изчезнала а Соколе и Спасен останале скаменети на самото место. По името на Соколе местото се нарекува Соколец, по името на Спасен се именува црквата „Свети Спас“ која била воздигната во подножјето на оваа карпа, додека по името на Дева Марија , една помала карпа која се наоѓа непосредно до Сколец се нарекува „Девич“.
До ова место се доаѓа од две страни. Од село Пожаране води живописна пешачка патека преку која до целта се стига за околу 45 минути нормално одење, додека од село Калиште направен е пат до самото место до кое се стигнува и со возило.

Ова светилиште со неговата околина особено познато е по неговата исцелителска моќ. Историскиот податок зборува дека ова место е често посетувано од  лица од сите возрасти, пол и вероисповест, барајќи спасение за повеќе работи за кои медицината нема конкретно решение. Лицата кој што го посетуваат ова место-претежно лица без пород, на горниот дел од карпата престојуваат извесно време преку денот вкопани во земјените ровови направени за таа намена, додека во средината на карпата посетителите се провлекуваат низ пештерата која е со еден влез и два излеза, при тоа оставајќи на самото место делови од својата долна облека.

pozarane26
Темелни остатоци од црквата „Св.Спас“

Остатоци од црковно светилиште постојат и во  непосредна близина на  археолошкиот локалитет во ова село наречен Катрање. 
Локалитетот претставува населба , црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на околу еден километар северно од селото, на една блага падина, каде се гледаат грамади од кршен камен и покривни ќерамиди. Светилиштето се наоѓа непосредно до изворот. На северниот раб на локалитетот има грамада од кршен камен и темели од еднокорабна црква, а сосема близу до неа се среќаваат големи камени плочи од гробни конструкции.

pozarane27
Внатрешноста на црквата „Св.Никола“

pozarane28

pozarane29

На западната страна од селото, долж патот кој води кон соседното и сега исцело напуштено село Прошовце, исто така се наоѓаат остатоци од средновековен црковен храм. Позначајни остатоци од овој храм на лице место се ретко забележливи , но сепак од колено на колено со векови се пренесувало сеќавањето за овој храм и  литургиите кои се изведувале тука во минатото.
 Размислување за возобновување на овој храм денес воопшто не постојат. 
Можеби овој текст во блиска или подалечна иднина ќе преставува потстрек за извесни научни и археолошки истражувања и на овој локалитет. 
На двесте метри западно од темелните остатоци на овој храм се наоѓаат и камени плочи на гробни конструкции.
Исто така меѓу пожаранци се понагласено е верувањето дека во месноста „Локва“ во дамнешно време постоел манастирски комплекс.  Денес за жал никој со сигурност не би можел да го лоцира точното место на простирање на овој манастирски комплекс , како би можело  археолошки да се истражи просторот и со сигурност се потврди ваквата информација. Со текот на времето, можеби и овој простор ќе стане предмет на интересирање и истражување на археолозите.

За крај да ги напоменеме и следните свети места:

-Царева Чешма или Јуришки Гробишта е археолошки локалитет од световен и духовен карактер на село Пожаране. Локалитетот претставува доцносредновековна некропола. Се наоѓа на околу 5 км западно од селото, на мало зарамнето плато, каде се среќаваат камени плочи од гробни конструкции.

-Метов Гроб, свето место кој се наоѓа на самиот влез во селото односно на крстопатот каде се спојуваат патиштата за „Долното Маало“, „Климентија“ и патот кој води до месноста „Млаче“.

-Крстови- локалитет кој се наоѓа источно од селото, во непосредна близина на селскиот задружен дом, како  и

-темелни остатоци од црква која се наоѓа на самото тромеѓје помеѓу атарите на Пожаране, Калиште и Добри Дол односно во месноста „Калиполе“

Заштитата и грижата за овие светилишта , црковни храмови и нивниот имот, село Пожаране ја има доверено на Црковниот одбор  на селото.

pozarane30
Црковниот одбор на еден од своите состаноци

Иако скромен по својата содржина и сеопфатност, авторот на блогот за „пожаранските светилишта и свети места“ очекува и се надева дека и овој меѓу низата  други текстови за село Пожаране, ќе пројави посебен интерес кај пошироката  читателска публика  и на тој начин ќе даде свој скромен допринос во сеопштото залагање за сестраната афирмација на селото како во нашата земја така и пошироко во светот.
_____________________________
Боге Војноски - автор на текстот 

 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.