|
||||
Богородица мала |
Велјановски Томе-Марулецот-Гетеборг Шведска Богородица мала Рождеството, на Богородица мала Во Марул е селска слава Канбаната в црква, од зори тропа народот за прослава го вика.
Толпа од народ почнува да иди дневната прослава за да е види.
Гостите в црква свеќи си палат на упокоените почит му оддават. Свештеникот в црква богослужба држи со причесна и нахора на народот му служи.
Секој има право причесна да земи ако на Бога духовно му служи.
Домаќинот в црква со погача оди, свештеникот благослов да и дади, на залаци тој погачата е дели да има секој од незе да земи.
Нов домаќин в црква се бира одаден тој на Бога и вера.
Неговиот мандат едно година трае на годината мандатот ќе го предаје. За лицитација сите подароци се вадат на продажба тие се нудат.
Најповеќе кој пари ќе дават од подароците тие ќе земат.
Оркестаорт е активен со ора и песни музиката негова надалеку трешти. Секој незе што ќе е слуша за в година добре дојден е тука.
После ручекот гостите си одат дома од домаќинот збогум тие земат со пофалба за неговиот дочек в година да биди ист пречек. |