Среда, 08 Јуни 2011    PDF Печати Е-пошта
Тиквешијата во минатото

Живеачката во почетокот на векот

Раскажува Христо Поп Антов

Гроздобер во турско

staro-kavadarci

До пуштање во промет на железничката пруга Скопје – Солун најголемиот дел од производителите на грозје од Тиквешијата сами си го преработувале, а потоа во форма на вино и ракија го носеле на пазарите во Битола, Прилеп, Крушево, Скопје. Од 100 оки се добивало околу 40 оки вино, а преостанатото комиње се варело ракија и се добивале 10 до 12 оки ракија со јачина од 40 степени. Во последната деценија на 19 век, преку железничката станица Криволак, грозјето започнало да се извезува во Србија.

Гроздоберот во нашите краишта не беше празник туку мачилиште. За два до четири денови требаше да се обере грозјето, зашто турскиот добиток навлегуваше во небраните лозја. Уште од рани зори тргнувавме да ги береме лозјата, коњот или коњите натоварени со кошеви, или со крбли (плоснати каци за да можат да се натоварат на коњ, одозгора отворени), со кошници в раце со торби леб. Ниту песна ниту глас. Само дремка не води кон лозјето. Уште е темно. Каснуваме леб со сирење, или леб со печени пиперки, леб со урда, што се нашло дома и почнуваме со берењето. Секој од нас почнува од едниот крај и редум тераме напред. Од секоја лоза грозјето го ставивме во кошницата и кога ќе се наполни, го истураме во двете крбли, наместени една до друга или во двата коша подготвени за товарање, потоа продолжуваме со берењето, додека да се наполни едното рало кошеви или крбли, зашто секогаш се носеа по две рала: додека да ги натоварат и да ги однесат дома и додека се вратат, ние да ги наполниме другите кошеви и крбли. Тоа траеше до доцна вечерта. Се враќавме со товарите што треба да поминат на кантарот, а ние право дома со полни кошници одбрано грозје, од најубавото за да го нанижеме на „старци“ и да ги закачеме по ѕидовите и гредите. На враќањето немаше никакви песни и никаква веселба.

И товарите грозје веќе измерени, доаѓаат дома доцна. Сите сме на нога. Од утро до вечер пред бочвата стои крбла во која се истура грозјето и татко ми со дрвени лостови го гмече грозјето, го стиска, комињето го фрла во бочвата, а од чепот на крблата ја точи ширата – гроздовиот сок.

Правење маџун и рачел

Мајка ми, која со засукани поли покрај оган во полни казани или котли го преварува гроздовиот сок – ширата во маџун, или во мармалад, колку што и треба за преку целата година. Една или две врчви (големо земјено грне од по 10-12 оки, се наполнува за правење на разни слатки.) Откако е подготвен и собран маџунот, таа прави рачели од тиква издробена на парчиња и престоена во варова вода. Наполнува една врчва. Од гроздови зрна подготвува нешто како слатко од грозје, кое кај нас се викаше „зрна“ (беа варени во гроздова шира). И од тоа една цела врчва. Подготвуваше и слатко од кајсии. За време на берењето на кајсиите, дома или под самото дрво, секоја кајсија ја делевме на две половинки, ја вадевме семката и месестиот дел го остававме во тепсии да се исуши на сонце. Така собиравме во торба суви кајсии, а исто правевме и суви круши. Во време на гроздоберот од тие суви кајсии мајка ми вареше слатко или мармелад. Ние го викавме „конфитур“. И потоа веќе на крајот, вареше колку што и треба шира од гроздовиот сок, за да може по две – три недели да ги направи и суџуците, најчесто бел суџук (локум во форма на колбаси). И сето тоа требаше да се направи за кратко време.

Кантарот за грозје

На крајот од градот имаше закачено два кантара на кои се правеше мерењето на грозјето за поголем дел од лозарите кои се враќаа од таа страна кон градот. Таму се среќава  три патишта. Се наредиле три посебни редици (опашки) со товарени коњи, магариња, маски. Коњите ржат, магарињата рикаат, луѓето пукаат од јад и со негодување погледнуваат кон насмеаните аги, кои не си даваат зорт ниту во мерењето, ниту во пишувањето, а грозјарите по двајца од секоја страна треба да растоварат кошеви, секој од по околу 50 оки, да ги приберат ортомите на добитокот (самарот), да ги растоварат сите товари што ги има тој сопственик. Почнува мерењето.  Се засилува инаетењето на кантарџијата. Најпосле запишуваат колку оки се донесени, запишува заменикот на кметот, повторно се товрат и на нивно место доаѓаат други. Луѓето викаат, по лицата им тече пот, но нема кој да ги слушне. Оние кои треба да ги чујат за да им ја олеснат работата, намерно ја создаваат оваа ситуација и сета мака е за да го принудат населението да плати со половина од грозјето, не десет-дванаесет насто туку педесет насто. Спаијата обиколен од своите луѓе, сите јанкесеџии се смеат, си свират на тамбури или си подвикнуваат некои турски песни.

Гроздоберот завршува, сите сметки се горе-долу направени, претстои исплатата.

- Ти попе, - му вели ушурџијата на татко ми -  си набрал 20 товари грозје. Колку души сте дома? Седум души по сто оки за зобење седумстотини оки. Имаш 2700 оки грозје. по 13 на сто.

- Ама лели се 12 и пол насто?

- Ех, ама работа сега! Таа работа со калемот не оди на половина (на некои писарот на ушурџијата ќе му поткачи на 15 до 20 проценти, повеќе никој не смее да се спротивстави).

- За грозјето ќе треба дададеш 360 гроша.

- Ама зошто 360,  нели 351 грош.

- Ајде, ајде многу знаеш. Ти си пеан човек и ти барем тоа го знаеш.

Попот малку налутен, малку насмеан вели:

- Ама знам јас сакате да ми изедте 9 гроша. Нема да ви кажам да ви е арам (неблагословени од Бога), ами нека ви е аир од парите.

Од книгата „Вистински приказни за вечни сеќавања, Кавадарци 1900-1945)“ од Зорка Тодорова – Младеновиќ, Кавадарци  2010.
 

На прво место

News image

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Историја

News image

Во есента на 1943 година се формира Иницијативен одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ

Воените и политичките успеси во 1943 година го забрзаа развитокот на органите на народната власт, та...

Иселеници

News image

НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

“МОЈАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА” И ОД “БУКВА ДО БУКВА АЗБУКА” Н...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20) МОЛИТВЕНИ ТЕКСТОВИ – МОЛИТВА КОН СВЕТА...

Фељтон

News image

Александар Македонски (61)

Александар Македонски (61) КОВАНИТЕ ПАРИ НА АЛЕКСАНДАР ВО АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ИМПЕ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.