Среда, 03 Септември 2014   
Европскиот бизон живеел во Македонија

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

Чешкиот историчар Константин Јиричек (24.VI.1854 – 10.I.1918), кој ја истражува историјата на балканските народи, пишува дека во минатото на Балканот жевеела фауна на големи животни како лав, таур, европски бизон и други. Иако голем дел се исчезнати, овие животни ќе остават длабоки траги во балканските народи, па и во Македонија.

Лавот во тоа време бил широко распростанет на Балканот, па и на територијата на Македонија. Тие живееле меѓу реката Места на исток, а на Запад до реката Ахелој, Југозапдните граници на Егејска Македонија. Според Херодот, кога Ксеркс со војската поминувал низ приморјето на Македонија на почетокот на 5 век п.н.е., додека логорувале во текот на ноќта, камилите на персиската армија биле вознемирени од присуството на лавовите.

Македонските кралеви за да ја прикажат својата божествена моќ, својата сила, масовно го претставуваат лавовскиот скалп или лавот на своите монети и не само на нив, туку на накитот, скулптурите, мозаиците, на слики со претстава на лов. Од тоа време потекнуваат и камените надгробни лавови на некрополите. Лавот како симбол на силата на македонскиот народ ќе остане низ вековите појавувајќи се на македонскиот грб и знаме.

Освен лавот, според чешкиот историчар,  во тоа време живеат по шумските ливади и две врсти на диви говеда.

Како родоначалник на денешното домашното говедо, се смета дивото европско говедо или ТУР (Bos primigenius; Рим - urus), кој изумира во 17 век. Херодот ги спомнува овие диви бикови во близина на Солунскиот залив. Неговите долги рогови, а некои и опточени со злато, се употребувале како сад за пиење. И ден денес, во македонскиот јазик се употребува изразот „тури вода“ за пиење.

Многу населени и други места ќе го добијат своето име по ова диво говедо.

Во природните граници на Македонија познати се повеќе места кои го носат ова име: село Турија, Источна Македонија (подножје на планината Голак); вештачка акумулација Турија, на истоимената река Турија во Струмичката Котлина; село Краниа или по старо Турија во западниот дел на Егејска Македонија; Турие или Туре е село во Леринско; село Турје или Турие во Општина Дебарца итн.

Освен европското диво говедо во Македонија живеел и европскиот бизон (Bison europaeus), уште познат како зубер. Тој имал помали и назад завиени рогови и живеел во шумите. Масовно исчезнува од Европа до крајот на 11 век.

Во Македонија бизонот најмногу бил застапен во сливот на Струма и Вардар. Тој бил свето животно кај Пајонците, едно од најстарите и најзначајните племиња во Македонија. Тие го ставаат на своите монети, а во светилиштата во Дион и Олимпија градат постаменти на кој покрај воин е поставена и заветна глава на пајонскиот бизон „монопас“ излеана во бронза.  

Длабоката традиција на почитување на ова животно особено во Критско-микенскиот културен клуб, подоцна го превземаат и македонските кралеви кои бикот ќе го стават на своите монети како израз на доминација врз Пајонците.

Инаку, Пајонскиот бизон познат како „монопас“, Римјаните го користат во амфитеатарот во Рим за да ги дразни животните. Исто така, интересен е податокот дека како симбол на IV и V македонска легија бил избран бикот, а пак Среќната Флавиева легија која билa формирана претежно од војници од растурената IV македонска легија го зема лавот како симбол.

Во минатото приказните за водениот бик биле распространети насекаде каде имало езера и бари. Тоа биле приказни за исчезнатите таинствени суштества во застојаната вода или при нивното физичко присуство во шумите за време на периодичното празнење и полнење на езерата. Во нив се говорело за црното животно во облик на змеј кој пасе во текот на ноќта на брегот, ја гони стоката на населението и ја плаши околината со својот рик.    

Исто така, во античкиот период козорогот се наоѓал масовно низ македонските шуми. И тој поради своите атрибути го наоѓа своето место на монетите на македонските кралеви. Но, во Македонија во изобилство се сретнувал и дабарот (бугарски бебр). По него се именуваат многу места, како што е и „Дабарското Езеро кај Костур во Македонија“ - пишува К. Јиричек.

Интензивното населување на земјата, ширењето на земјоделските површини и слободниот лов допринеле старата шумска фауна во Македонија да исчезне.

 

 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.