|
|
Македонија во политиката на големите сили и балканските држави во втората половина на 19 век |
Теророт безредијата и многубројните востанија во европскиот дел на османлиската држава беа следени со големо внимание од страна на големите европски сили. На посебен одглас наидоа репресалиите по Априлското востание во Бугарија, Разловечкото востание во Македонија како и убиството на германскиот и францускиот конзул во Солун. Сите големи европски, а посебно Велика Британија беа ја насочиле својата политика кон придобивање на населението од европскиот дел на Империјата, а најмногу на балканските народи, тргнувајќи од мислата дека на таков начин ќе можат да ја ослабат Империјата, па и во крајна мера да ја дестабилизираат целосно и да ја разрушат. Со Рајштадската спогодба од 8 јули 1878 година помеѓу Русија и Австроунгарија се вели дека не смее на балакнот да се создаде голема словенска држава, тука ако се распадне Османлиската Империја може да се создадат две независни кнежества на територијата на Бугарија и Румелија (Македонија). Под влијание на големите европски сили со намера да се зачува целовитоста на Османлиската Империја по предлог на британската влада и Русија во Цариград беше свикана Цариградската амбасадорска конференција (28.11.1876-01.01.1877) со претставници од шесте големи европски сили за мирно решавање на Источната криза. Целта беше да се изработат нови реформски пакети кои би требало да ја реформираат Империјата и со тоа да се спречат постојаните граѓански немири, и беше предложено на Империјата да и` даде независност на Босна и Херцеговина, но и на Македонија и Бугарија, но султанот ги испревари големите сили и го објави на 11 декември 1876 година уставот на земјата со гарантирање на човековите права и со реформи во однос на христијанското население и со самото тоа барањата кои ги имаа планирано големите сили станаа беспредметни. Незадоволни од конференцијата Русија и Австроунгарија во јануари 1877 година ја свикаа Будимпештанската тајна конференција според која на Австроунгарија и` се дозволуваше окупација на Бугарија, а на втората на Босна и Херцеговина додека сите останти солуции останаа исто како солуциите од Рајштадската конференција. После оваа конфенренција набрзо започана Руско-турската војна во која учествуваа покрај Русија и Црна Гора и Србија, но исто така имаше и голем број доброволци и од Македонија. Во духот на Цариградската конференција Русија напечати и една книшка Прокламација на жителите на идната самоуправна Македонија но поради реакциите на западните сили актот не беше објавен. По поразот на Империјата и склучениот прелиминарен договор од Сан Стефано на 3 март 1878 османлиите ја признаа независноста на Србија, Црна Гора и Романија како и автономната Бугарија во која влегуваше и Македонија без Солун и Халкидик. Руската дипломатија се обиде да го реализира Санстефанскиот договор и планираше да доведе своја војска со која која ќе ја замени османлиската, поранешниот руски конзул во Битола Михаил Хитрово сега стана граѓански комесар на Македонија, но Русите доживеаа неуспех да го реализираат својот план поради барањата на западните сили да се ревизира договорот од Сан Стефано. Во оваа ситуација Русија предлагаше и автономија на Македонија која ќе биде под австроунгарско покровителство, а исто така и француската дипломатија ја поддржа идејата да и` се даде независност. Рускиот гроф Игнатиев ја даде идејата дека Македонија не може да припадне на ниедна од соседните држави. Поттикнат од овој став др. Димитар Робев богат македонски опшественик од Битола развил силна опшествена дејност за независност на Македонија. На крајот по сите дворски амбасадорски игри Санстефанскиот договор се ревидира на Берлинскиот конгрес со која ревизија му беше дадено право за основање на вазалното Кнежество Бугарија и давање на автономија на румелиската област. Според членовите 23 и 62 Македонија и понатаму остана во Империјата со ветени реформи и органски устав преку кој ќе има делумна автономија, ветувања кои за жал никогаш не беа исполнети. |