Среда, 03 Октомври 2012   
Грчката полиција го уапси Стилјан Самарџиев

svekrva
Свекрва

Грчката тајна полиција со пари го купува молкот за Александар.

Грчката полиција го спречи младиот Македонец да ја напушти Грција, а со тоа и да проговори за настаните поврзани со случајот Александар Самарџиев. Според најновите информации до кои дојде „Македонска нација“, грчката полиција го уапсила Стилјан Самарџиев.

„Во текот на вчерашниот ден Стилјан Самарџиев бил посетен од страна на грчката тајна служба која барала од него да каже дека настанот бил лага, а ако не кажел така ќе го тепале и него“.

По заканите од нивна страна, како и написите во грчките медиуми „дека е параноик и ментално нестабилна личност, тој решил да замине од Грција“. Меѓутоа, за да го спречат да зборува, Грчката полиција вчера го уапси.

Официјална потврда за ова од грчка страна засега нема, како што се` уште нема потврда или демант дека грчкиот државјанин, Македонецот Александар Самарџиев, им подлегнал на повредите во Солунската болница, откако бил претепан од страна на активистите на „Златна Зора“.

Мистериозноста и контраверзите кои го пратат овој настан од самиот почеток тешко дека ќе обезбедат потврда на информацијата во овој момент. Во потрага по факти познат телевизиски медиум од Скопје контактирал со најголемата болница во Солун, каде според првичните информации наводно бил сместен Самарџиев. Во информацијата која потоа ја пласира овој медиум на 30.09.2012 година во 17:26, во одговорот од грчката болница се вели:

„Она што го знам е дека тој е сместен тука во болницата.“

Истиот медиум кој продолжува да ја следи сторијата и да бара потврда на настанот, ден потоа, на 01.10.2012 година, во вестите од 17:34 ја информира јавноста дека: „Од солунската болница „Георгос Папаниколау“, по проверка на списоците на пациенти, изјавија дека такво лице нема на нивната листа“, односно дека како што велат од болницата: „На нашите списоци нема никој со такво име. Можеби бил примен во прва помош, но си заминал“.

Прашањето кое само по себе се наметнува е каде исчезна Александар Самарџиев?

Што се случува во меѓувреме со луѓето кои го потврдуваа настанот никој неможе да каже со сигурност. Дека тешко ќе оди да се добијат потврди за настанот зборуваат и обидите на претставници на конзулатот во Солун како и на новинарите кои во својата потрага наидуваат на ѕид на молчење.

„Никој ништо не знае, никој ништо не видел, не слушнал“.

Делумно мистеријата ја разјаснуваат пораките кои се примени на 01.10.2012 година (понеделник). Во нив пријателот од Грција вели:

„Јас бев посетен околу 8 сатот сабајле од грчката тајна полиција. Тие ми рекоа дека треба да заборавам на смртта на Александар, бидејќи тие сакаат да ја заштитат репутацијата на „Златна зора“, бидејќи таа е партија во Грчкиот парламент. Тие ми кажаа дека веќе разговарале со фамилијата на Александар и дека се договориле да им дадат голема сума пари! Како и да е јас ја извршив мојата должност да ги информирам сите луѓе што ги познавам во Република Македонија. Единствена вистина што ја знам е дека не можам да ја изневерам волјата на моите роднини.

Нема повторно да праќам пораки, Ви ветувам!

Нека Вечниот создавач ја благослови Македонија за секогаш“.

Која е политичката партија „Златна Зора“?

Во последно време меѓу грчкиот народ многу брзо расте популарноста на политичката организација на екстремната десница, великогрчката шовинистичка организација „Златна Зора“. Некои од медиумите ја опишуваат како фашистичка или нацистичка иако партијата ги одбива овие кфалификации. Во организацијата се претставуваат како патриотска и христијанска партија, која позитивно се изјаснува за авторитативниот режим на Јоанис Метаксас. Како политичка партија таа е регистрирана во 1993 година, потоа во 2005 година привремено е згасната, за да во 2007 година повторно започне да работи.

На парламентарните избори во мај оваа година партијата освојува 6,97 % од гласовите што и` носи 21 пратеник во парламентот на Грција. Во својата програма за решавање на проблемот со невработените и мерките за штедење, тие покренуваат кампања против емиграцијата и нивно протерување. Познати се повеќе настани во кои нивните членови насилно се справуваат со емигрантите, па дури и кога се во придружба на полиција.

На 8 август 2012 година медиумите ја пренесуваат информацијата дека повеќе од 20 членови на Златна Зора нападнале полициско возило во кое се наоѓал Пакистанец обвинет за убиство на 15 годишно девојче на островот Парос. Месец дена потоа, на 8.08.2012 година, членовите на „Златна Зора“ ги искршија тезгите на кои емигрантите на улиците на Атина продаваа разни стоки. Предводени од двајца пратеници, неколку десетици луѓе со црни маици, со име на партијата, барале документи од трговците, во најголем број странци, а потоа им ги кршеле тезгите. Самата партија го потврди спроведувањето на акцијата. Според известувањето на нивната веб-страна, членовите на „Златна Зора“ го направиле тоа што државата требало одамна да го направи.

До денес овие екстремисти на „Златна Зора“ стекнуваат се` поголемо влијание во различни сфери на животот во грчкото општество, како и во безбедносниот сектор. Во последно време „Златна Зора“ организира специјални борбени групи, кои патролираат по улиците на Атина и други грчки градови. Како што пренесуваат странските медиуми, според организациите за заштита на човековите права ситуацијата во земјата стигнала до таков апсурд, да полицијата ги испраќала граѓаните кај овие нацисти да побараат заштита и безбедност.

Неодамна една гркинка која била ограбена отишла во полиција да поднесе жалба, но тие и рекле: „Тоа е напад од емигранти. Контактирајте со „Златна Зора“. „Јас не можам да ја прифатам идеологијата на оваа партија, но кога станува збор за мојот живот и државата не може да ми помогне, ние мораме да најдеме други начини, дури ако е таа и неонацистичка партија, признава таа“ - пренесуваат бугарските медиуми „24 часа“ и „Повеќе“ од 30.09.2012г.

За правото лице на ова неофашистичка организација се осврнува и бугарскиот медиум „Политика“. Во статијата „Вистинското  лице на „Златна Зора“ од 28.09. 2012 година, се вели:

„Водачите на „Златна Зора“ негираат било каква идеолошка поврзаност со нацизмот и фашизмот. Меѓутоа, самата историја на организацијата, но и нејзините активности ги демантираат изјавите на управниот одбор на партијата, која за да го прошири своето влијание, ја става маската на "патриотска" и "христијанска" политичка партија, обидувајќи се сепак на секој начин да ги следи принципите на нацистичката идеологија.

Несоборливи докази за тоа се фотографиите од првиот конгрес на „Златна Зора“, кога сегашниот лидер на партијата Никос Михалолиакос зборува пред мал број собрани носталгичари на Хитлер во Грција, а во чија позадина се наоѓа грчкото национално знаме и симболите на паравоени германско-нацистички организации. Сосема природно од нив не отсуствува и кукаст крст, изложен на видно место во салата...

...Во 80-тите години во списанието на организацијата беа објавени бројни статии, потпишани од нејзиниот водач Никос Михалолиакос кој го величаат Хитлер како "Голем сонувач на Нова Европа" и "Големиот лидер". Ние "постоиме", вели Михалолиакос со дигнат тон на нацистичка „гордост“, нагласувајќи дека „гламурот на кукаст крст“ и „големината на црно-црвеното знаме се уште живее“. Текстот „завршува“ со нацистичкиот поздрав, напишан на германски "Heil Hitler"!

Во телевизиско интервју, самиот секретар на „Златна Зора“ го негира постоењето на такви конкретни записи.

Предводени од воената дисциплина на нацистичката организација, по влегувањето во грчкиот парламент, лидерите на Златна зора се обидуваат да ја претворат формацијата во народна партија која ја заштитува чистотата на белата раса, а за таа цел ги користат грчко-христијанските пароли. Така на пример, слоганот „Татковина, религија, семејство“ од времето на грчката воена хунта на полковниците ја покажува нивната упорна приврзаност кон „национализмот“, додека пораките од православната христијанска традиција се прифатени од нив со цел да го заменат Хитлер... Целта на раководството на „Златна Зора“ е да изгради „повеќе пријателска“ слика на партијата пред народните маси, (за да) го зголемува своето влијание“...

Во период кога „Златна зора“ станува трета политичка сила во Грција и кога во свои раце ја има безбедноста, во време кога нивните боеви групи крстосуваат низ градовите и делат правда како Хитлеровите нацисти пред почетокот на Втората Светска Војна, во време кога голем дел од полицијата се членови или симпатиери на „Златна Зора“ воопшто не зачудува молкот на Македонците од Егејска Македонија.

Се` уште се свежи сеќавањата на Граѓанската војна, на страдањата на македонскиот народ од монархофашистите, од грчката тајна полиција.

Македонците од Егејскиот дел на Македонија се` уште ги паметат прогоните, теророт и ѕверските убиства кои ги правеа грчките власти кои ги извршиле врз нив во текот на поновата историја. Исто така, тие добро знаат дека никој, ама баш никој од Меѓународната Заедница досега не застанал да ги заштити. Во одбрана на правата на Македонците затаила целокупната Меѓународната Заедница, вклучувајќи голем број на организации кои работат на заштита на малцинските права. Затоа Македонците и за убиството на Александар молчат.

Грчкиот фашизам никогаш не престанал, но денес кога тој се повампирува и излегува на виделина потребата од мониторинг на Грција е огромна. Во овој момент непризнатите малцинства, а особено македонското се загрозени. Ниту се признати, ниту им се признаваат нивните права, ниту можности да го практикуваат својот јазик, култура и традиција.

Оттука се и сите нервозни реакции на Грците кои покрај тешката економска криза, денес на врат ја имаат Меѓународната Заедница, која бара од нив не само да штеди и да ги врати позајмените кредити, што предизвикува безработица и штрајкови, туку и да го разреши и македонското прашање. Во такви услови расте национализмот кој целата вина ја префрла на емигрантите, но го користи и македонското прашање да се сврти вниманието од наталожените проблеми.

Меѓутоа, во случајот Самарџиев грчката влада помина без многу бурни реакции, односно многу помирно од вообичаените реакции, што укажува на фактот дека случај постои и дека Тодор Петров бил потполно во право.

Вистината за убиството на Александар, не може долго да се крие од јавноста. Таа ќе излезе на виделина, а „Македонска нација“, Светскиот Македонски Конгрес и нивните пријатели ќе продолжат да ја истражуваат вистината за убиството на Македонецот Александар Самарџиев.

Тие немаат намера да шират омраза и да провоцираат војна, туку да дојдат до вистината и да ги презентираат доказите за злосторството.

Во трагањето по вистината можат да помогнат и македонските медиуми, наместо да се обидуваат да се пресметаат со „Македонска нација“ и Светскиот Мкедонски Конгрес обвинувајќи ги дека тие ги пласираа „дезинформациите“ за настанот во Солун.

Во овој момент подобро е своето внимание да го насочат кон прашањето што навистина се случило во Солун, зошто молчат Македонците од Егејскиот дел на Македонија, зошто молчат членовите на „Виножито“, зошто молчи Хелсиншкиот комитет во Грција, како и за дејствувањето на членовите на нео-нацистичката партија „Златна Зора“.

И на крај, зошто молчат двете новинарки и двајцата новинари од Македонија кои го посетиле Стилјан завчера во неговото родно село, зошто и тие молчат?

 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.