|
|
Македонците се македонско-ведска-аријска-словенска култура |
Македонизмот како феномен треба да се разгледува од повеќе аспекти кои ќе бидат поврзани меѓусебе во констелации на астролошки и духовни промени. Феномен на мистика и реалност. На минатото и сегашноста. Денес споени во димензија на препознавање. Ако минатото е енигма која се отвора со поврзување на значајни циклуси препознатливи како епохи на одредени култури, денешницата е исчекор во друга ера, во ера на одгатнување на она што било. Македонците како древен народ во својата историска генеза претрпиле многу промени на својот род, движејќи се низ различни циклуси. Ако се земе временскиот период на нивното постоење од десетици милениуми, тоа е и разбирливо. Народ стар илјадници години кој морал да помине низ многу фази на своето опстојување. Од денешен аспект многу термини како еволуција, мутација и слични биолошки дефиниции не се доволни за да го разјасниме она што сега ни се нуди како македонски супстрат. Мора да се влезе во областа на метафизиката или когнитивната историја за да се вклопат и разберат сите чинители кои ги предизвикале промените. Откриени се многу артефакти за македонското минато. Но се чини дека само како такви, со застарено препознавање, не можат многу да ни помогнат во спознавањето на она што се случило некогаш. Има доста објавени книги, написи и информации кои потекнуват од античките автори. Но треба да бидеме претпазливи во нивно толкување или ригидно цитирање, зашто досега се направени многу фалсификувани преводи. Некаде несвесно некаде намерно со цел да се истисне вистината за Македонија. Но може ли да се истисне ВЕЛИЧИНАТА НА МАКЕДОНИЈА? Македонците се македонско-ведска-аријска-словенска култура. Култура која трае. Судено и да трае. Да се објасни оваа сложена форма на сродството и потеклото е нужно токму поради долгите периоди на прилагодување кон измените во циклусите на историјата. Универзалната формула на цикличните смени нуди многу одговори како и зошто се менувала дефиницијата за она што е македонско. Македонците потекнуваат од Ведите. Во денешно време за ведите се знае дека се езотериски списи од индиско потекло. Насекаде се изучуваат како индиски записи, иако и самите врвни индиски филозофи изјавуваат дека тие не се од Индијците и дека се наследени од една друга култура. Значи се работи за кратко паметење со кое не се одгатнува енигмата за ведската култура. Тоа е наметнато од разни светски и домашни таканаречени изучувачи. Ние зборуваме за Ведите од времето пред потопот. Затоа што се она што е високо цивилизрано и високо спиритуално е наследено од времето пред потопот. Од една еволуционо измината раса која имала цел и должност да ни остави дел од своето наследство како знаење.
Веди како водачи, води-тели, некаде се нарекуваат Веданти, како оние кои знаат или дознаваат преку ви-дел-ина. Преку Видело или виделина. Ведантите се оние кои гледаат преку чистотата на Божјата светлина. Преку вибрациите на првопочетните слова. Во почетокот не постоеле веди како пишани текстови туку древното знаење се пренесувало усно. И тоа е она највистинитото. Ведантите како носители на Правото Слово морале да бидат водачи кои го воделе човештвото низ разни циклуси, небесни и земски. Водачите дознавале преку усна традиција кои се и од каде се и према овој принцип го воделе својот народ. Елена Блаватскаја наведува дека-,,Веда на најраните Аријци пред таа да била напишана, се распростирала меѓу сите атланто-лемуријски народи и ги посеала првите семиња на сите денешни постоечки древни религии. (,,Тајна доктрина,,,втор дел) Овој извадок го нагласува изворот на ведите, неговото потекло од незамисливо древно време кое датира и стотици илјади години пред наша ера. Ведите се дело на креативната моќ на висока цивилизација кога луѓето размислувале со 80% од својот ум. Затоа од денешен аспект тие ни изгледаат како божества и полубожества. Од ведската култура водат потекло Аријците кои подржувале и ја предавале во наследство изворната форма на својата вера и традиција. Она што ги поврзува Ведите, Ариевците и Словените е Словото. Оттука треба да се разгледува во контескт на знаење пренесено преку Божјо Слово. Езотериски, Словото е поврзано со скриената светлина или македонскиот санскрит. А санскритот е поврзан со ведите. Ведските записи не се индиски и се создаваат токму поради магијата на Словото. Ведските записи биле наследени од страна на Индијците од нивните претходници. Според индискиот филозоф Шри Ауробиндо ведските записи одговараат на Орфичките и Елевсинските Мистерии. А што се Орфичките и Елевсински мистерии ако тоа не се древно-македонски ритуали. Самиот збор Веда е чисто македонски термин. Тој во основа на многу македонски зборови како вид-елина, вид-ување, вид-ение, про-вид-ение. Старото име за Воден во Егејска Македонија било Веда. Да не се восхитуваме на индиските веди, туку на Македонските веди. Ведите како тајни записи, оттука, од Македонија се пренесени во Индија. Кога Индија воопшто и не се викала Индија. Кога се уште важела забраната на немешање на кастите, забрана за немешање на белите и темните. Односно на првопочетните и оние подоцна создадените. Веда како вид. Вид како виделина или како знаење. ВИД КАКО БЛЕСОК. Оној што знае да гледа преку светлина, тој знае! Зборот веда симболизира краткотраен блесок како асоцијација на спознaвање. Ми блесна мисла, велиме, како резултат на поништување на две спротивставени сили (енергии). Блесок како просветлување, како етапа на патот до Бога. Веда како молња буквално и го има значењето на молњата поврзана со гром. Затоа, Стивен Хокинг зборува за судир на материја и антиматерија после што се добива блесок, а пренесено во нашиот ментален склоп тоа значи осознавање или просветлување. Веда, молња, гром, светлина! Се се претвора во звук и звучни симболи. Оттука и врховниот бог на Македонците Зеус или Дион е бог на молњата и громот. Симбол на првобитно создавање. Од времето на златно доба кога се создале услови на повисок степен на свесност. Македонците се Аријци кои се четврта по ред раса после Атлантите. Аријците се директни потомци на потонатата Атлантида. Ариј е исто така водач. И зборот Ар-доаѓа од АРГ и има значење на ископување, превртување, покажување на земјата на светлина. Земјата да ја осветлиме! Р-гање. Во поезијата на Кочо Рацин овој збор се уште постои. Меѓутоа, кога зборуваме за примарното АРГ се мисли на езотериско настанување. СОЗДАВАЊЕ! Првично создавање! Се мисли на првично, но во нов циклус. Во време кога се зацврстува на власт Зевс или Дион. Ете од каде е името на македонската лоза Аргеади. (подоцна поопширно ќе зборуваме за Аргеадите). Аријците се споредуваат со земјоделците, значи се поврзуваат со земјата. Терминот доаѓа од коренот ,,ар,, кој ја има симболиката на земјата. Некои ги нарекуваат Аријани и погрешно го лоцираат изворот на нивното настанување во Азија. Но тоа не се обични земјоделци кои садат и одгледуваат земјоделски култури. Нивниот однос кон растенијата бил сосема поинаков, од денешен аспект дури и несфатлив. Растенијата се најблиску до сонцето и тие се прва еманација на сончевата светлина. Комуницирале со растенијата како со своите најблиски и преку растенијата ги откривале тајните во природата. (Кастанеда и Владимир Мегре за ова многу добро пишуваат). Словените како Аријци со ведска култура доаѓаат од зад Хималаите како Ариевци или Индоариевци, носејќи ја со себе матрицата на препознавање преку јазикот. Доаѓаат дома во Македониjа со сите древни обичаи и знаења.
Ако се прашаме од каде пак Македонците, односно Словените стигнале таму во Индија, лесно и сигурно ќе одговориме-од Македонија. Затоа што ова чудесно енергетско тло е расадник на се и секого. Од него се почнува и во него завршува, за пак да се почне од него. Македонците се и Словени, зашто Словото им било како водач, како показател по кој пат да одат за да ја задржат Божјата суштина. Заеднички именител, како основен препознатлив белег на македонско-ведска-аријска-словенска култура е именката ВОДАЧ. Доаѓаме до именување на најбитното, на суштественото во цела таа милениумска традиција. До смислата на ВОДЕЊЕ. Оттука, нескромно треба да објавиме дека Македонците се ВОДАЧИ. Фигуративната формула на водење со симболиката на започнување и траење, може за некого да изгледа необична, но таа има смисла особено кога се разгледува долгата низа на историски и религиски промени. И тоа од времето кога постоел еден народ и еден јазик. Една долга низа на милениуми на цела земска површина, ја дава трагата на постоење на македонските предци. Затоа ќе кажеме дека од вистината за Македонија ќе зависи и иднината на целата планета Земја. Македонците се ведско-аријска-словенска култура. Словените се директно поврзани со овие поими. Словените не се посебен народ ниту некоја одредена народност настаната во некое време. Поимот на словенизмот е настанат како резултат на процесот на просветлување и осознавање. Словените живеле во времето на античките Македонци и се простирале на една огромна територија, оттука до Владивосток. Словенството е еманација на Божјото слово од кое е настанат видливиот свет. Вистинските Словени се просветлена група со високо спремна и достојна моќ да ја заштити матрицата од валкање. Да се одбрани светото наследство е во кодот на вистинските Словени. Почитување и славење на Божјото слово е основен предуслов да се зачува исконската традиција која е наследена од Ведите, Аријците, Пелазгите. Сите називи на македонските династии како што се Хераклиди, Караниди, Темениди, Аргеади, па и Тројанците, Венетите, Етрурците, Феничаните ја покажуваат формулата на Почетност. Оттука, за нив треба да се зборува како првопочетни кои ја креирааат иднината на човештвото. Потеклото како РОДОНОСЕЦ се создава по пат на вкрстување на небесната и земска компонента, во еден одреден момент, КОГА МАЈКАТА ЗЕМЈА ГО РАЃА ОНА ШТО НЕБЕСНИОТ ТАТКО ГО ЗАПОВЕДА! |