Среда, 01 Февруари 2012   
Гоце Делчев не бил Бугарин

aleksandar-stevanov
Александар Стеванов


Официјалната бугарска историја, сеуште, служејќи се со секакви средства и методи од петни жили се труди сите македонски револуционери кои се бореле за ослободување на Македонија од Османлиската Империја, да ги прикаже како етнички Бугари, а не како Македонци.

Во август 2010 година, сега веќе бившиот бугарски министер без ресор, познатиот македонофоб - Божидар Димитров, иронично го поздрави поставувањето на споменици на плоштадот во Скопје, на според него "бугарски херои", меѓу другите, мислејќи и на споменикот на Гоце Делчев:

"Јас се радувам, четири лавови, споменици на Гоце Делчев и Даме Груев сите дел од бугарското востание."

Имено во оваа статија за разобличување на таквата бугарска лажлива пропаганда ќе се послужиме со два примери за најголемиот македонски идеолог од тоа време, Гоце Делчев, за кого денешната официјална бугарска историја и бившиот министер Б. Димитров, тврдат оти бил Бугарин.

Во белешките на Ванчо Михајлов (Сто години сегашност - В. Андоновски), може да се прочита една порака која што Михајлов им ја упатува на младите според него "македонски Бугари" од Скопје:

"...Ако младите се подготвени за акција, треба најнапред да го оштетат или целосно да го урнат споменикот на Гоце Делчев во скопскиот парк..."

goce-delcev
(Потомците на Гоце Делчев пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје)


Но, зошто одродениот крвник на Македонците - Ванчо Михајлов, кој што до крајот на својот живот не ја призна македонската нација порачал да се оштети или урне споменикот на Гоце Делчев? Затоа што знаел дека Гоце Делчев кој што се борел за Македонија на Македонците не се сметал себеси за Бугарин, туку за етнички Македонец, со јасна македонска национална свест.

До истиот овој заклучок доаѓа и внукот на Гоце Делчев. Во неговите необјавениспомени, пишувани во седумдесеттите години на минатиот век, јасно и недвосмислено е напишано за што точно Гоце Делчев се борел и дали имал бугарска или пак македонска национална свест:

goce-delcev-2
"...Гоце кој што со целата своја револуционерна дејност и разбирање фактички допринесе исклучително многу за оформувањето на македонската национална свест, /македонско славјанска, ниту бугарска ниту српска/..."

Од прочитаното погоре, разбираме дека Гоце се борел, не за Бугари, туку за Македонци, а следствено на тоа, логично заклучуваме дека така и се чувствувал - како Македонец.

Што има на ова да каже бугарската историја? Што има на ова да каже македонофобот Божидар Димитров?

Времето ќе покаже, но повеќе од сигурно е дека оваа вистина нема да ги спречи во нивните обиди за побугарчување на македонските херои, затоа што тие нивни обиди не се засноваат на вистината, туку на сто пати повторената лага.

 

На прво место

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.