Среда, 28 Септември 2011   
Антимакедонизмот на Атина. Елада - другата Грција!

todor-petrov
Тодор Петров

Деновиве едно клипче прилепен на мојот фејсбук-профил, ме потсети на еден мој драг пријател и обидите што ги правевме пред неколку години, па и во меѓувреме, за снимање на еден филм, извонредно важен за вистината за Македонија пред американската и светската јавност. Не беа важни парите за снимањето, сценариото, режијата, глумците... Тие, гледаноста повеќекратно ќе ги врати. Најважен беше впечатокот за „спорот“ кој пред светот со Македонија го води фашистичка Елада!

Имено, Ник Стојан е главен лик во клипчето како најава за филмот „Елада - другата Грција“ чиј автор е успешен Македонец кој со години живее во Соединетите Американски Држави. Со него, како претседател на Светскиот Македонски Конгрес направив повеќе контакти за остварување на овој проект во Македонија и со нашинци, зафатени бизнисмени во странство, за жал, не успеавме да најдеме спонзор или инвеститор кој ќе го сподели ризикот за филмот, но и добивката од гледаноста.

„Посакавме да и помогнеме на нашата татковина Македонија, на многу едноставен начин. Американците, обичните граѓани на Соединетите Американски Држави и светот, да ја дознаат вистината за македонско-грчките односи, за грчкото барање за промена на државното име Македонија. Решивме да составиме едноставна филмувана приказна, која ќе ја разбере секој, да се соочи со апсурдноста на барањето на Атина за промена на името на една суверена држава и нација, со историската генеза на грчката окупација на Македонија и грчкиот геноцид врз Македонците, како рефлексија во свеста на тоа општество и денес“ - тоа беа зборовите на авторот на приказната за филмот.

Накусо, еве го сценариото на филмот. Настаните се случуваат во ноември 2007 година. За да Ви биде близок спотот со главниот јунак Ник Стојан, тој е американски маринец на служба во Американскиот воен контингент на Косово. Неговиот татко, по потекло е од Егејскиот дел на Македонија, од македонскиот град Воден (по грчки Едеса), протеран од Елада во времето на Балканските војни. Пребегнува во Соединетите Американски Држави, каде се раѓа неговиот син Ник Стојан. Син му станува американски маринец. По команда заминува во американскиот воен контингент на Косово. Додека татко му бил жив, му раскажувал за Македонија, дека е роден во градот Воден, сега во Грција, му оставил аманет, барем еднаш во животот да го види неговото родно место и неговата родна куќа. За време на службата на Косово, Ник добива денови за одмор, па заради близината до Грција, решава да оди на одмор таму, се јавува на својата жена да слета во Солун. На пат за Солун, во Грција, на автопатот здогледува група грчки нео-нацисти како малтретираат македонски возач на шлепер, да ја изгребе налепницата на шлеперот на која пишува „МК“. Ник Стојан приоѓа до групата разбеснети нео-нацисти, не претпоставувајќи што може да му се случи, да ги одврати од намерата со која го принудувале македонскиот возач, иако во близина веќе стоеле грчки полицајци немо набљудувајќи го сето тоа. Настанува расправија меѓу грчките нео-нацисти и Ник Стојан, во која Ник ги претепува сите до еден. Но, тогаш интервенираат грчките полицајци и го приведуваат во озлогласениот затвор во Атина. Спотот е дел од настаните во затворот, каде Ник Стојан ја разбира многу добро или ја почувствува вистината за Македонија во Грција на своја кожа. Ник Стојан бара асистенција и контакт со американската амбасада во Атина, но затворските власти тоа му го оневозможуваат. Ник Стојан на иследникот (џелатот) му вели дека оди да го посети родното место на својот татко, кое го знае само под името Воден. Тоа уште повеќе го разбеснува иследникот (џелатот) кој најгрубо постапува со него. За иследникот (џелатот) дури е неважно што Ник Стојан е американски државјанин и американски маринец. Во истата ќелија во која е затворен Ник Стојан, судбината да биде поинтересна, затворен е комшијата на татко му од Воден, осуден за македонските работи, долги години во затвор. Чувствителна е комуникацијата која се воспоставува меѓу Ник Стојан и комшијата на татко му, кој му вели дека ја знае нивната куќа и каде таа точно се наоѓа, дека може да му ја покаже. Ник Стојан успева да избега од затворот во Атина, понесувајќи го со себе и комшијата на татко му. Од слобода, надвор од затворот, стапува во врска со неговата команда на Косово и им раскажува што се’ му се случило и поради што бил во затвор. Американската воена команда во Приштина му испраќа во тајна мисија воен хеликоптер од Косово во Грција за да го извлече од Елада. Хеликоптерот полетува ноќе, ги лоцира Ник Нолти и комшијата на татко му од Воден, ги собира и се упатува од Атина кон Македонија за Косово. Над Воден, Ник Стојан го моли пилотот да се спушти, само да ја види куќата на татко му, поради што и решил да го помине својот одмор во Елада. Пилотот му одговара дека тајноста на мисијата не го дозволува тоа, поради можноста од инцидент со грчките вооружени сили, но Ник Стојан е решителен во убеденоста за минута хеликоптерот да ја промени својата маршрута и го променува летот, вртејќи накај Воден (Едеса). Хеликоптерот се спушта над водопадите во Воден, лета во место, а комшијата на татко му со прст покажува „Еве, тоа е мојата, а другата до неа е Вашата куќа, куќата каде живееше и е роден твојот татко“. Ник Стојан му возвраќа „Повторно ќе се вратиме“ и хеликоптерот се крева и полетува кон Македонија за Косово. Настанот предизвикува дипломатски скандал меѓу Вашингтон и Атина.

Сценарист на филмот е истиот кој го пишува сценариото и на серијалот РАМБО, со ефекти исти како и во овој акционен филм. Студијата за гледаноста на филмот покажува извонредна добивка, но потребните остануваат недостижна бројка. Се обидов да стапам во контакт со бројни бизнисмени, но неуспешно некој да го прифати предизвикот. Од сценариото за филмот остана само овој спот. Авторот и понатаму е заинтересиран веднаш да се сними филмот, доколку наиде на инвеститор, со целата заработувачка за него, само и само приказната да стане достапна до американската јавност и светот.

Ник Стојан открива дека едно е да си Американец во Грција, но сосема друго е да си Американец со македонско потекло во таа земја. Тоа е онаа другата страна на Елада, на денешната фашистичка Грција.

Погледајте го клипчето, болната вистина за Македонците во очите на Елада:

 

Иселеници

Култура и туризам

News image

Свадбите во Дебрца се прават најчесто во есен по Петковден

Свадбите во Дебрца се прават најчесто во есен по Петковден, откако ќе завршат полските работи, или в...

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.