|
|
| Извештај на Паскал Митревски до Захаријадис |
|
(4 март 1949 година)
„Другар Захаријадис, Во врска со разговорите што ги водевме со Л. Колишевски, го наведувам следното: 1. Неговото расположение беше многу пријателско кон грчкото демократско движење. Рече дека тие ја помагаат и ќе продолжат да ја помагаат борбата на грчкиот и на македонскиот народ за победа на демократијата во нашата земја...; дека нивната земја во самата основа е народно-демократска, социјалистичка, на тие позиции била и ќе остане како фактор за победата на народно-демократското движење во нашата земја. 2. Ми рече дека обездомените Македонци бегалци отворено изразиле желба да преминат во НР Македонија, но ние сме ги спречувале...Тврдеше дека таа мерка не е правилна, бидејќи раѓала недоверба, доведувала до судир со вистинските желби на Македонците од Егеј и го рушела единството меѓу македонскиот народ. Во тој контекст тоа претставувало и една манифестација што го изразува една неправилна акција и расположение спрема Народна Република Македонија. Исто така, тврдеше дека: овде кај нас постоела тенденција да не се признаваат улогата, придонесот и помошта на Југославија за нашата борба. Одгледувањето и развивањето на тој дух не му користело на демократското движење на нашата земја, го рушело внатрешното единство на самиот македонски народ и неговото единство со грчкиот народ, создавало нестабилност и разочарување и ја слабеело неговата борбеност. Македонските маси ја сакале и ќе ја сакаат Народна Република Македонија, бидејќи ја сметаат како општа придобивка на целиот македонски народ. Секое настојување за истиснување и игнорирање на таа стварност само негативно може да се одрази во борбата на грчкиот и македонскиот народ во Егејска Македонија. Вчера ми рековте дека нашата политика по прашањето на ИБ-КПЈ е утврдена и дека без отстапување од тој став ќе ги продолжиме нашите напори за да успееме во решавањето на проблемот на резервите... Можат да продолжат напорите со цел да се решат проблемите со КПЈ за да можеме да успееме да донесеме 5.000 луѓе... За решавачки пресврт во омасовувањето и зајакнувањето на македонското народноослободително движење, така што ќе биде способно и готово да се соочи со сите тешкотии на борбата и правилно да го раководи националниот развој...” ДАРМ, кут. 20/80; |
ЗА РАЗГОВОРИТЕ НА ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА НОФ СО КОЛИШЕВСКИ И СТАВОВИТЕ НА КПЈ-КПМ
























