Среда, 18 Мај 2011   
Разловечко востание

razlovecko-vostanieРазловечкото востание е востание на македонскиот народ против Османлиската Империја, од 1876 година во Источна Македонија, со центар во селото Разловци.

Вo втората половина на XIX век Османлиската империја западнала во тешка општествено-економска криза. Таквата состојба непосредно влијаела за влошување на положбата на сите народи на Балканот што останале во нејзин состав.

Даноците биле зголемени и биле воведени нови, се засилиле злоупотребите на државните органи, се појавиле разбојнички банди кои вршеле грабежи и убиства.

За кревање на ова востание големо влијание имале и надворешните фактори. Во 70-тите години на XIX век револуционерното движење на поробените народи за национално ослободување најнапред се разгорело во Босна и Херцеговина во јуни 1875 г., па во Бугарија во април 1876 г. Потоа започнала и војната меѓу Србија, Црна Гора и Русија против Турција во јуни 1876 г., која многу допринела за влошувањето на положбата на македонскиот народ, бидејќи тој одтогаш бил изложен на голема експлоатација; морал да работи Ангарија за правење патишта и други објекти и да ја финансира војната преку плаќањето на нови и тешки даноци. Селаните најмногу страдале од своеволијата на собирачите на даноците и полските чувари (пољаците), како и од разбојничките банди.

Сето тоа го натерало македонскиот народ во Источна Македонија да се крене на вооружено востание против турската феудална власт, а за национално ослободување.

Главен иницијатор и организатор на востанието бил Димитар Поп Георгиев Беровски (1840-1907 г.) и неговиот дедо Поп Стојан од Разловци.

Димитар Беровски се школувал во Русија и во Белград, Србија, а потоа се вратил во Разловци каде станал учител.

Како учител, заедно со своите браќа зел учество во борбата што ја водела младата македонска буржоазија против грчкото духовништво, а за своја црква и училишта. Но за тоа бил осуден и лежел во затвор.

Но набрзо увидел дека Борбата против Цариградската патријаршија нема да го реши основното барање на селаните и граѓаните за нивното ослободување од турското ропство.

Затоа направил план за кревање востание во Македонија. За таа цел, во 1875 г. заминал во Солун, каде формирал таен кружок, од каде ги започнал подготовките за востанието. Најголем проблем за успешно изведување на востанието претставувал недостатокот на парични средства со кои требало да се набави оружје, муниција, топла зимска облека и санитетски материјал.

За да дојде до пари, Димитар Беровски одлучил да го продаде својот имот во Берово, а за таа цел дел од својот имот продал и Поп Стојан, кој ветил и дека ќе го исплати сиот Десеток за селаните од Разловци, за да можат да купат оружје.

Со овие сретства било купено оружје и муниција и било пренесено во тајни складови во Разловци, Пијанечко и Радовишко.

Покрај тоа, Димитар Беровски им порачал на двете учителки од Солун, баба Недела и Станислава Караиванова да изработат знаме за идното востание. Знамето било изработено на жолта подлога со разјарен црвен лав, и на него пишувало: Македонија и Станете да ве освобода.

Во април 1876 г. Димитар Беровски пристигнал во селото Разловци за да согледа како се одвиваат подготовките за востание, со кои активно раководел Поп Стојан Разловски.

 

 

Димитар Поп Георгиев Беровски

 

 

Во месноста Колаџерџево, во подножјето на планината Голак, се одржале неколку подготвителни состаноци. На еден од нив било решено востанието да го зафати источниот дел од Македонија.

Тоа требало да започне во Пијанец каде требало да се ослободи главното место Царево Село (денес Делчево), и Малешевско каде со заеднички сили требало да се заземе Берово каде имало помалку Турски војници, и на крајот да биде извршен заеднички напад на главниот град во тоа време на двете области, Пехчево, каде што било и седиштето на мудурлакот.

Потоа востанието требало да се прошири и во Радовишко, Струмичко, Петричко и Мелничко. За таа цел Димитар Беровски со мала чета требало да ги обиколи сите места, за да ги подготви на определен знак да востанат.

На 19-ти мај 1876 г. било одржано последното советување на кое учествувале околу 30 вооружени заговорници. Во текот на состанокот пристигнала вест дека во село Разловци пристигнале турски даночни чиновници.

Уплашени да не бидат откриени, востаниците брзо реагирале и одлучиле востанието веднаш да започне. Преку ноќта се собрале уште 30 вооружени селани и било одлучено востанието да започне во селото Разловци, а потоа да се прошири пошироко.

За војвода и главен водач бил избран Димитар Беровски. На 20-ти мај 1876 г. Разловци било нападнато од востаниците. Некои турци биле убиени, а други ранети.

Селаните ги изгореле нивните дефтери. По наредба на Поп Стојан, син му Костадин го запалил сопствениот ан за да им даде пример на селаните дека го жртвува имотот за слободата која е поскапа од сè.

Откако се пресметале со тамошните Турци, еден дел од четата предводена од Беровски заминала кон Малешевијата, за да се соединат со од порано подготвени 300 малешевци.

Другата група под водство на Цоне Спасов требало да ги евакуира жителите на Разловци и нивната стока, а потоа да се приклучи кон главните востанички сили.

На пат кон Берово, кај селото Митрашинци, Димитар Беровски и неговата чета имале судир со една помала турска воена единица. Таа била растерана, но Беровски бил ранет во главата.

Оваа неповолна состојба делувала негативно и востаниците наместо да одат кон Малешевијата, се вратиле назад, во Разловци.

Од Разловци четата на делумно закрепнатиот Димитар Беровски продолжила кон Кочанско. Откако ги победила Турците во Лаки, четата тргнала кон селото Смилјанци, Радовишко каде од порано имало складирано оружје.

Меѓутоа во Смилјанци дошло до предавство од месниот полјак во Радовиш, такашто и тука турскиот аскер брзо реагирал и востаниците доживеале неуспех.

Селаните кои не успеале да побегнат биле ѕверски убивани, оставани за пример на населението, а некои од селаните од реонот биле мачени како затвореници во Серес, Солун, Скопје и др. Разловечката чета на чело со Димитар Поп-Георгиев Беровски успеала делумно да се задржи и да ја продолжи борбата во Малешевските планини, Пијанец, Осоговските Планини и во Кресна.

Причините за неуспехот на востанието главно лежат во неговото предвремено избувнување и незавршените подготовки. Ранувањето на водачот на востанието делувало негативно на текот на востанието.

Востаниците не успеале да се координираат и поврзат со организираните востанички формации во Источна Македонија. Од друга страна, месните турски власти мошне брзо реагирале и го задушиле востанието уште на самиот почеток.

Разловечкото востание, и покрај неговото брзо пропаѓање, е од особено значење за историјата на македонскиот народ. Востанието самостојно го организирала, материјално го издржувала и го извела македонската световна и духовна интелигенција, со масовно учество на селанството.

Извори

Историја на македонскиот народ, книга втора, издава нип Нова Македонија - заедница за издавачка дејност, книги, периодика и публицистика - Скопје, Скопје, 1969 година

Литература>

„Историја“ од професор Јорданка Патковиќ.

 

На прво место

News image

Од македонското црковно минато (2)

Митрополитот Кирил беше  избран за прв надлежен архијереј на Американско -канадско-австралиска ...

Историја

News image

Своето прво патување надвор од Азија, Светиот Апостол Павле го направил во Македонија

Своето прво патување надвор од Азија, Светиот Апостол Павле го направил во Македонија.

Иселеници

News image

Од патувањата по светот – Израел (4)

Секоја светост, за да остане трајно во ко­лек­тивното паме...

Култура и туризам

News image

Теракотни икони Виница

Оваа сцена во која се прикажани ликовите на Јошуа и Калеб илустрира една епизода од старозаветната К...

Фељтон

News image

Македонски милениумски континуитет (2 дел)

Македонскиот Милениумски Континуитет низ призмата на Историскиот Ревизионизам

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.