На денешната средба со Австралиското биро за статистика, почесниот конзул Зоран Ќосески беше информиран дека по бројност, покрај англискиот јазик во Австралија, македонскиот јазик се наоѓа на четврто место, како четврти најголем европски јазик кој се зборува во земјата.
На средбата во Австралија, Ќосески беше информиран дека македонската заедница е деветта најголема европска заедница во Австралија со 93.571 лица од кои најголема концентрација од 42.079 живеат во Мелбурн, по Сиднеј, Перт...итн.
По потекло, македонската заедница е рангирана на 9 место од заедниците кои потекнуваат од Европа, а живеат во Австралија. |