Среда, 21 Септември 2011   
Чест и почит - Крсто Шкодров (5)

Специјална чест и почит, за починатите лидери на иселеништвото, во прославата на 20 годишнината на суверена Република Македонија

Вечна слава, помен и лесна земја, на покојни, видни лидери на Македонското движење, во дијаспората, што работеа за денешната слобода и осамостојувањето на суверена Република Македонија.

Пишува: Јанко ТОМОВ

По повод 20 годишнината од осамостојување на Република Македонија, редно е да им се одаде признание и почит на досега покојните Македонски патриоти, а посебно на раководствата и специјално на лидерите кои во македонската емиграција, во западната хемисвера, го дадоа својот дагоцен придонес, за денес да имаме слободна демократска држава Република Македонија.

Нивната пожртвувана патриотска активност, за стварање на демокраски политички Македонски организации и партии во дијаспората, организирајки ја и информирајќи ја целосно Македонската емиграција, го донесе својот резултат, а тоа е донесувањето на плурарниот демократски систем на владеењето во Република Македонија, од новите втори татковини, на иселениците, од демократскиот западен свет.

Крсто Шкодров 1944 - 2005

krsto-skodrov

Крсто Шкодров (Стеве Скода), анархист-социјалист,роден во Поздивишча, Егејска Македонија, на 14.09.1944, почина на 12.06.2005, во  Перт З. Австралија.

Со група  “Деца  бегалци”, после Граѓанската Војна на Грција,1948/49 година, Крсто се наоѓа во прифатилиште во Полска. Крсто , како и многу “Деца бегалци”-Македонци, живееја одвоено од своите семејства и се школуваа во Источно европските земји, кои ги прифатија. Неговата мајка, татко и брат, од Егејска Македонија, се населуваат во Перт, Западна Австралија, а Крсто се населува во Сиднеј, Нов Јужен  Велс.

Македонската патриотска активнос, Крсто ја отпочнува во средината на познати македонски патриоти, како што беа Крсто Јанчев Димитров, Ѓорги Чочков, Ангело Вретоски и други кои   оформија  Народна Македонска Револуционерна Организација (НМРО) со списанието “Глас на македонците”, во првата половина на 80-те години од миналиот век.

Крсто Шкодров, се оженува со Тина и добиваат син и ќерка, со кои се преселуваат од Сиднеј во Перт, Западна Австралија, во втората половина на 80-те години. Со Крсто се запознаваме, во македонската (Егејска ) општина во Перт, во 1983 година.

Во 1984 година, со Крсто Шкодров, оснивавме тајно Македонско Културно-Просветно друштво, заедно со Гоце Таневски, Марко Спиркоски и Драги Спиркоски, кое за кусо време преваѓа во Тајна Народна Македонска Револуционерна Организација (ТНМРО). Со патриотската активност, на оваа организација, го формираме Координациониот Одбор на Западна Австралија, со преставници од раководствата на Македонските општини, кој Одбор го  организира и првото Илинденско дефиле, во Кинс Парк во Перт. Овоа Илинденско дефиле стана традиционално, заштитено од полицијата и државата, на Западна Австралија, каде со војни почести и церемонии,заедно со професионалната гарда на државата, стотици македонски иселеници, за прв пат во диаспората. На Илиндедбското дефиле (секој 2 Август), почнувајки од 1986 година, македонците масовно положуваа свежи цвеќиња и венци,  на монументалникот –воен споменик, во чест и почит за македонските паднати бориц, од времето на Илинденското востание ( 2 Август 1903) и Вториот Илинден (АСНОМ-2 Август 1944).

Крсто Шкодров, за прв пат оди на  прослава  на “децата бегалци”, во село трново,СР  Македонија, во 1988 година, организирана од македонските друштва на егејските Македонци. Од име на ТНМРО, го испратив Крсто да се запознае со штотуку пуштен од затвор од Идризово, во Скопје, водачот на ДООМ, Драган Богдановски. Крсто и Драган  се запознаваат преку Динката во Скопје, а И со Богдановски,  двајцата  се наоѓаат на Илинденската прослава во Крушево. При таа средба Крсто го запознава Драган Богдановски со активноста на ТНМРО од Перт, Австралија и со други патриотски активности. Во исто време, со заеднички договор, Крсто успева да издејствува одобрение од поедини видни Македонци-Егејци, кои се во УДБ-а и РСВР, за оснивање на Поткомитет за Македонски Човекови Права (Поткомитет за МЧП) во Перт ЗА. За да се согласат лидерите на македонската општина (Егејска), како што беа  Коста Ангелков, Ване Боршов и други, кои беа комунисти и социјалисти, стигна до нив пораката, со која успеавме заедно со Јоте Ќандовски, Крис Ангелков, Јане Караџов, кој стана претседател и други патриоти, да во 1989 година го осниваме Поткомитетот за МЧП.

Крсто Шкодров, беше еден од најактивните во тој  Поткомитет,и беше технички едитор  на “Македонски Патриотски Билтен”, кој заедно со Јоте Ќандовски го оснивавме и бевме негови редактори. Исто така Крсто беше И технички уредник на “Македонски весник” на Општината во Перт.

Преку активноста на ТНМРО од Перт,  Крсто не  поврза  со НМРО и “Глас на македонците”,од Сиднеј, во кое списание, под шифри, публикувавме наши национално –политички и историјски написи-статии. Исто така  остваривме и неколку средби, со познати патриоти од диаспората и со поедини посетители од републиката,како што беа групи И поединци уметници, пеачи,комичари И преставници на поедини институции на власта на СР Македонија, за кои сметавме дека ке биде полезно за македонското движење.

Крсто беше активен во организација и спроведување на Втората Конферренција на Македонските општини на Австралија и воедно, во исто време и  на Првата Конференција на Поткомитетите за МЧП, на Австралија.

Крсто бесхе супортер за оформуванје на ДПМНЕ, Национално –Политицхка Партија  во Перт, со исклуцхок да не биде цлен, поради својот принцип да не цленува во ниедна Политичка Партија.

Крсто беше мој најблизок соработник, во кого имав поверение, иако беше анархист и по убедување социјалист. Тој имал и понекои тајни врски, со некој Македонец со презиме Ангелковски, кој живел во Перт.Исто така, за Крсто велеа, мои блиски соработници во ТНМРО, дека ги дочекувал, со своето такси и  дека ги испраќал, исбсни посетители на свечености, на општините во Перт,гости  од републиката, како од Матица на иселениците на Македонија, Министерството за врски со странсство на СР Македонија, за што не го одобрувавме тој негов гест.

Крсто Шкодров имаше роднини загинати во Граганската Војна на Грција, а исто имаше и роднина во ЈНА, со повоисок чин. Како и поголемиот број  Македонци –Егејци, во диаспората ,така и Крсто имаше симпатии и врски со републиката. Тие на републиката гледаа, единствено светло, за својот македонски национален идентитет и иднина за суверена држава Македонија. За жал многу од нив, до ден денешен,  останаа со тие мисли и чусатва, иако не го сакаат многу СДСМ-бившите комунисти и социјалисти, сепак  само двбоца –тројца, од ниов  го помогна оснивањето на ВМРО-ДПМНЕ, во Перт, З. Австралија, додека поголемиот број  се против него досега!

Крто Шкодров, пред и околу влезот на грчката заедница, во Норт Бриџ во Перт, 1986 гходина, кога се одржуваше историјското предавање на Др. Норман Ештон, декан по историја, на универзитетот на Перт, ЗА,за археолошките ископини во Кутлеш (Верџинија), за томбот на  Македонскиот крал Филип Втори, на кое предавање учествуваа и цленови на ТНМРО од Перт, ЗА.

Инаку Крсто Скордов својата патриотска кариера, во Македонското Двизенје ја отпоцна во Сиднеј, Австралија, во НМРО, каде се публикувасхе списанието “Глас на Македонците”. Псевдонимот на Крсто бесхе под името ‘Драмски’. Крсто имасхе и друг псевдоним, во ТНМРО во Перт, кој најповеке го заслузувасхе од сите цленови на таа организација, кое бесхе поврзано со симболот на Антицките Македонци ‘Македонско Сонце’ или скратено‘Сонцето’.

Крсто Шкодров имаше видување во иднината на Македонија. Тој работеше неуморно и го користеше секој момент, за доброто и иднината на Македонците и на Македонија. Секогаш со себе, Крсто носеше исечоци од новини и списанија кои ги делеше,при било какви средби со Македонците.

Без разлика на политички убедувања и влијанија на своите познаници и пријатели, а повекето од нив кои беа ослободени од туѓи влијанија и политики,  им  ги делеше исечоците, од статии од весници и им даваше информации, од најновите вести, за се патриотско, што се случуваше, поврзано со Македонските актуелни слуцки и настани, од Македонија, а и од Светот.

 

Крсто беше поборник за заедничко градење на Катедрална Македонска Православна Црква во Перт, што за жал  не му се оствари идеата.

Крсто беше активен супортер и еден од организаторите на антигрчката демонстрации, пред Грчкиот конзул во Перт, во Западна Австралија, во 90- те години.

Се секавам дека во крајот на 80 те години, во Перт, Крсто прибирасхе информации и фотографии за Македонците, кои беа раселени по Светот, по заврсхетокот на граганската војна на Грција, од местото Поздивисхте, од Егејскиот дел на Македонија, за писхуванје и публикуванје на книгата ‘Поздивисхта’ од  Фана Мартинова-Буцкова и Ристо Шанев, Скопје, 1988 год.

Во најдобрите години на животот, кога Крсто со неговато семејство, после долги години на работа и стваранје подобри услови за живот, почнаа да ги уживаат плодовите на семејниот живот, одомувајки ги своите деца, и радувајки се на внуците, се слуци несаканото.

Најповеке од сите Македонци, што ги познавав, Крсто беше најдлабоко засегнат, за нечовечхноста на Грчките власти, околу недозволувањето за посета на своите Македонски огништа, гробови на своите најблиски и се што асоцираше со основните права на Македонците, што Грција ги забранува. Тоа посебно се одрази на Крсто, кога со полн автобус на Македонци, кои беа на Светската средба на “Децата Бегалци”, во 1988 година во Скопје, Република Македонија, Грчките Власти не им дадоа право да влезат во својата родна земја, туку ги вратија назад во Р. Македонија, тоа Крсто неможеше тоа никојпат да го заборави, кое му нанесе болка на срцето.

Македонското движење изгуби, со Крсто Шкодров, мошне драгоцен и неуморен активист, чесен патриот и голем Македонец.

Вечна слава и лесна земја  Крсто Шкодров

skodra

Подолжува во наредниот број со општи-покуси податоци за активистите-лидери, починатите патриоти, како што беа: Ристе Ристески, кој беше извесно време потпретседател на ДООМ, од Сиднеј, Крсто Јанчев Димитров, заедно со Ѓорги Чучков, од Сиднеј, едени од важните лидери на НМРО од Сиднеј и едени од уредниците на списанието “Глас на Македонците”,а и кои во првата половина на 80-те ја издаваа, во неколку броја “Македонска нација”, Стојан Србинов, од Мелбурн и други починати патриоти.
 

На прво место

News image

Дали ова се последните фотографии на Гоце Делчев?

Една ретка фотографија на која се наоѓа Гоце Делчев предизвика многу полемики на социјалните мрежи...

Историја

News image

Гоце Делчев – „Ние не бараме покровители, а уште помалку господари."

  Појавата на Внатрешната организација од Македонија и нејзината се поинтензивна антиегзархиск...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ априлскиот БР. 66 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Сисанието „Повод“ е едно од најзначајните иселенички инф...

Култура и туризам

News image

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. ...

Фељтон

News image

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА АТАНАС БЛИЗНАКОВ (30)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.