Среда, 21 Февруари 2018   
Македонски информативни гласила со името „Илинден“ во Австралија (23)

ilinden23-1

„ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“

Паралелно со создавањето на македонските друштва, цркоаните организации и другите асоцијации, особено по Втората светска војна, македонските доселеници во Австралија покренаa и издавање на иселенички весници, списанија и отворање радио-часови на мајчин јазик, преку кои ги изразуваат целите и задачите на организациите, нивните активности и целокупното живеење, како и стремежите на нивните постигнувања во целина.

Прв весник кој во Австралија кој се печатеше на мајчин македонски јазик е „Македонска искра". Тој излегуваше цели десет години како орган на Македонско-австралискиот народен сојуз (МАНС) и претставуваше вистински пример за развојот на македонското национално живеење и новинарство на петтиот континент.

По „Македонска искра" се појавија бројни информативни гласила како „Илинденско востание", кои се јавуваа по повод прославата на 48-годишнината на Илинденското востание, „Македонски глас", како продолжение на „Македонска искра", потоа „Народен глас" во Мелбурн „Единство" во Сиднеј и многу други. Во продолжение се дадени гласилата поврзани со Илинден.

Така, по повод 48 годишнината од Илинденското востание, на 18 август 1951 година, во Мелбурн излезе пригодното издание под име „Илинденско востание". Тоа беше печатено на македонски јазик, на Леринско-костурски дијалект и на англиски јазик, на две големи страници (формат 29 х 42 см.), како орган на Македонско-австралискиот народен сојуз, (МАНС) огранок во Мелбурн.

На првата страница се поместени поголем број фотографии, меѓу кои, од Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански, Ѓорче Петров, потоа од Лазо Трповски и Мирка Гинова, а на истата страница се дадени и песните „Илинденски марш" и „Шуми Вардар", „Песна за Трповски" и „Македонски народ".

На втората страница е поместен пригодниот текст кој се однесува на историјата на Илинденското востание, како и други текстови кои се поврзани со борбата на Илинден. На англиски јазик е поместен текст под наслов „Што значи Илинден за Македонија и нејзиниот народ". Всушност, тоа е материјалот што на 31 јули 1949 година е пренесен преку радиостаницата 2МО од Њукасл, придружен со народна македонска музика, што го подготвил Стојан Србинов, а го читал К. Мурџев.

ilinden23-2
Манастирот „Св. Наум Охридски“ во Мелбурн

Во август 1952 година е отпечатен уште еден број од „Илинденско востание". Тоа е специјално издание по повод прославата на Илинденсктото востание и свикувањето на Четвртата конференција на МАНС. Тој број има само две страници, на кои доминираат текстови поврзани со Илинденското востание, фотографии, песни, вести и соопштенија за одржувањето на конференцијата на МАНС на 2 и 3 август истата година.

„МАКЕДОНСКИ ИЛИНДЕНСКИ ВЕСНИК" (1966--1967) - МЕЛБУРН

Првиот број на „Македонски илинденски весник" се појави по повод прославата на Илинденското востание во 1966 година. Во него доминираат текстови за Илинденското востание, статии по повод 40-годишнината од смртта на Крсте Мисирков, за 1050-годишнината од смртта на св. Климент Охридски и други.

Посебно место е посветено на десетгодишнината од формирањето на Македонската православна општина „Свети Ѓорѓи“ во Мелбурн, потоа информации за работата на македонската општина во Перт и за големите илинденски прослави. Не е наведено кој го уредува весникот, но се чини уредници биле членови на црковната општина.

Вториот број на „Македонски илинденски весник" излегол во август 1967 година, на десет страници, (формат 28 х 42 см.). Тоа беше издание на македонските општини од Мелбурн, Перт, Аделајд, Були, Вулунгонг, Порт Кембла, Њукасл, Квинбијан и Шепартон. На првата страница е поместена фотографија од Гоце Делчеѕ, а текстот носи наслов: „Поклон и вечна признателност на хероите од 1903 и на тие од 1941 - 1949 година", со поднаслов „Животвори духот на Илинден".

Во продолжение се поместени честитките од Синодот на МПЦ и на Матицата на иселениците од Македонија, како и опширниот текст кој се однесува на животот и работата на македонската црковна општина „Св. Ѓорѓи". Важен простор му се посветува на текстот за прогласувањето на Македонската православна црква за автокефална, проследен со фотографија на поглаварот на обновената Охридска архиепископија, македонскиот архиепископ охридски и македонски г.г. Доситеј.

Голем простор во овој број е посветен на работата на македонските заедници ширум Австралија, каде што се одвиваат голем број значајни активности, како и текстот што се однесува на македонскиот народ и последните настани во Грција. Од ова гласило се отпечатени само два броја.

ilinden23-3

„ИЛИНДЕНСКИ ВЕСНИК" (1975 - 1980) – СИДНЕЈ

Илинденски весник" било гласило на Македонско-австралиского кулгурно-уметничко друштво „Илинден" од Рокдеил, кое започнало да се печати во јули 1975 година. Првиот број излезе по повод илинденските празници. Тој е печатен на македонски јазик со латиница и на англиски јазик, а само главата, односно насловот на весникот и неколку позајмени материјали се со   кирилица. Првиот број од овој весник е печатен на 24 страници, (голем формат {20 х 43 см,) што го задржал и во наредните броеви.

Во воведникот на втората страница, покрај другото, се вели: „Како прилог на настојувањето и желбите на членовите на друштвото ,Илинден" да ги прибере младите и со заеднички сили да се негува она што е и најмило и најсветло: нашиот јазик, нашиот фолклор, нашите стари добри македонски обичаи, а и како прилог на прославувањето на Илинден, како еден мал обид да се оддолжиме на нашите великани кои живееја и паднаа за Македонија, се роди овој прв број на „Илинденски весник" во Рокдеил. Се очекува весникот да биде прифатен од доселениците како свое гласило и трибина. А тоа се покажа со бројните донатори што го помогнаа излегувањето на весникот, особено помошта на колегите од Редакцијата на веснжот „Ново доба" кои со својата техника помогнаа да се уреди првиот број",

Првиот број на „Илинденски весник", покрај другите текстови, го содржи материјалот под наслов „Гоце Делчев, идеологот на македонската револуција", што е поместен на англиски јазик, потоа на по 2 страници се презентирани текстови на македонски јазик под наслов „Живееја и паднаа за Македонија" и „Така гинеа војводите - кој од куршум, кој од нож". Во продолжение се поместени текстовите за св. Климентовата автокефална Македонска православна црква и за Илинден 1903 - 1944 година, а посебен простор е посветен на текстот што се однесува на друштвото „Илинден", формиранона 13 март 1974 година.

ilinden23-4
КУД „Илинден“ од Сиднеј

Вториот број на „Илинденски весник" е отпечатен во октомври 1975 година, на голем формат, (29 х 43 ш) со латиница и на 24 страници. Посебно внимание е посветено на текстот за паднатите борци за Македонија, за историскиот развој на Австралија, што е даден во неколку продолженија, како и за прославите на илинденските празници во Сиднеј, за донаторите на весникот, за развојот на Македонија и Скопје и друго.

Бројот 3 од јануари 1976 година е посветеи на новогодишните празнувања и е со најголем број страници (64). Тој обилува со материјали од историјата, културата, стопанството, општествениот живот во Македонија и во Австралија, а се поместени и голем бро] рекламно-лропагандни маторијали од фирми во Сиднеј и пошироко. Поголемиот број текстови се позајмени од гласила што се печатени во Република Македонија, а од изворните текстови за одбележување се оние кои се однесуваат на активности во македонската колонија во Сиднеј, особено на КУД „Илинден".

Посебен простор е посветен на истакнатиот диригент Ванчо Чавдарски, кој во тој период работе[e во Сиднејската опера и постигнува[e завидни резултати, како и на второто продолжение од историскиот развој на Австралија, поместено на англиски јазик. Во овој број, покрај другото, се среќаваат и рубриките „Детско катче", „Со камера низ старите албуми", „Антички градови во Македонија", „Писма до редакцијата,, и други.

Бројот 4 е за периодот февруари-март 1976 година, отпечатен е на 24 страници, а на ист формат како и претходните броеви. И овој број е исполнет со позајмени материјали од други гласила, а има и текстови во продолженија од историскиот развиток на Австралија, од старите албуми, како и текстови за паднатите борци за Македонија.

Бројот 5 е идентичен на претходните броеви. Тој е отпечатен за периодот мај-јуни 1976 година, Од изворните текстови е поместена информацијата за посетата на македонската црковча делегација на Австралија, и се дадени материјали за бројните активности на македонскиот архиереј г. Кирил во Мелбурн, Сиднеј, Њукасл и Перт, потоа бројни фотографии, позајмени текстови, писма и други информации.

Бројот 10 како и претходните е ист и по формат и по сличност на содржината. Тој е отпечатен во август 1979 година, а е посветен на 76-годишнината од Илинденското востание. Во него покрај материјалите по повод Илинден, се поместени текстови за македонските                    дополнителни училишта во Њутаун, Јагуна и Кенди Веил, потоа текстови од илинденската прослава и активностите на КУД „Илинден", од спортските настани во Републиката и во македонската заедница во Сиднеј.

Бројот 11, пак, е отпечатен во октомври 1979 година и е посветен на 11 Октомври. Тој е отпечатен на македонски јазик со кирилица и на 24 страници. Во воведникот, покрај другото, се вели: „Еве не пак, со единаесеттиот број на „Илинденски весник", точно на единаесеттиот ден од октомври, ден кој со златни букви е запишан во историјата на македонскиот народ, ден кој пред 38 години ја отвори новата страница од таа историја“.

Овој број обилува со изворни текстови меѓу кои, за македонското етничко училиште св. Кирил и Методиј во Анклиф, за богатиот општествен живот на Македонците во Њукасл и Вулунгонг, како и за септемврискиот фудбалски турнир, на кој учествувале бројни македонски екипи. Од спортските вести е и онаа за гостувањето на Вардар од Скопје во Австралија.

Бројот 40 датира од април 1980 година, а е отпечатен на 16 страници. Тој е ислолнет со текстови од други гласила и со мал број информации за активностите од македонските заедници. Се чини овој е последен број на „Илинденски весник" одСиднеј. Овој број, всушност, е избор на текстови на англиски јазик кои се однесуваат на Македонија и на македонскиот народ од сите делови на Македонија.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува:
СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Сајкоски: Вчера докажавме дека Македонија не толерира некој да ја тероризира– граѓаните во нас препознаа луѓе кои ќе дон

Вчера докажавме дека само заеднички, единствени како никогаш досега можеме да успееме. Можеме да усп...

Историја

News image

Репортажа: По врвиците на Александар Македонски-Македонците од Киргистан

Оваа приказна за денешниве Македонски белези во Средна Азија почнува во 2003 година на бреговите на ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ III) (29)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.