|
||||
Грчки весник го признава македонскиот јазик уште во 1905 |
Како надополнување на текстот за граматиката од 1905 која неодамна беше објавена, ексклузивно го прикажуваме и оригиналниот извадок од атинскиот весник “Скрип“. Преведено од грчки јазик: Петок 8 јули 1905 година „Оваа вест веќе ви ја имав телеграфирано. Денес ги додавам овие детали: Пред неколку месеци во Битола беше формирана една комисија од страна на Македонската Организација која има задача да создаде македонска граматика. Комисијата се состои од седум професори по лингвистика. Како основа на оваа граматика ќе се земе дијалектот кој се зборува во битолскиот вилает. Овој дијалект веќе е прогласен од страна на Комисијата како македонски јазик. Учителите во словенските училишта во Македонија имаат наредба да го учат овој јазик наместо српскиот или бугарскиот и преку него да се постават основите за создавање независна Македонија. Наскоро на овој јазик ќе се испечатат училишни и други книги, а Организацијата потоа размислува да ја забрани употребата на српскиот и бугарскиот јазик“. [SKRIP, 8/7/1905, стр 1.] Брејлсфорд, кој извесен период престојувал во Македонија и се запознал со актуелните состојби, па запишал: „Комитетот или некои негови делови, дури размислуваа (1905) за политика на наметнување на македонскиот словенски дијалект, наместо литературниот бугарски, како јазик во сите егзархистички училишта во Македонија. Се зборува дека за таа цел се печатени граматики. Ова, ми се чини, ја докажува искреноста на локалниот автономистички патриотизам“. (Henry Noël Brailsford “Macedonia; its races and their future”) Михаил Барак |