|
||||
Филипче и СДС продолжуваат да се однесуваат како “паднати” од Марс |
Филипче и СДС беа тие што ја приватизираа државата, судството и институциите, беа предвесници на криминалот и корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ сега ги гради вистинските темели на промените Филипче и СДС продолжуваат да се однесуваат како “паднати” од Марс. Како тие да не беа 7 години власт во Македонија, лажно се претставуваат пред македонскиот народ, како да првпат се појавуваат на политичкиот простор и место. Во времето на Владата на Филипче и СДС, народот живееше со 150 денари на ден, пензионерите беа на барикадите пред Влада барајќи зголемување на пензиите, земјоделците беа повеќе на протести отколку на нива, младите учеа од скрипти, луѓе гореа живи во болници дизајнирани од Филипче, криминалците по улици дивееја, се даваа дури и пасоши на светски криминалци, корупцијата беше на највисоко ниво, судството свиреше по нотите на Заев и Филипче, по министерствата место работа се играше фудбал и кошарка, спортот беше заборавен, културата и историјата фрлени беа во подруми да фаќаат мувла, исто како и апаратите за во болниците кои секако ВМРО-ДПМНЕ ги набави. Времето кога владееја Филипче и СДС не смее да се врати. Веќе 15 месеци, ВМРО-ДПМНЕ ги гради темелите на промените. Платите и пензиите растат, корупцијата и криминалот се намалија, земјоделците конечно горди дека некој го цени нивниот труд, вложувања огромни во младите, спортот и социјалната заштита, пари се влеваат во општините за нашиот народ. Промените се чувствуваат по само 15 месеци. Изборот е повеќе од јасен. Мрачното минато на Филипче и СДС или светлата иднина на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Вистинскиот избор е ВМРО-ДПМНЕ. За твојот човек, за твоето место, за твојата иднина! |