|
|
Словените ги „асимилирале“ Елините во Елада (31) |
ПРИДОНЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТСКАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА Описот на Херодот од V век ни беше една од ориентациите на основа на лингвистичките и други истражувања да ја лоцираме татковината на Скитите, тие демонизирани словенски „скитници“, во Потисје, Средно и Долно Подунавје. Тие не се само митолошки народ, во врска со Херакловите авантури по Дунав, кои Ератостен ги одредува во 1261 п.н.е., туку и историски, кога во 512 п.н.е. ја осуетиле Дариевата офанзива и окупација на нивната земја. Подоцнешните писмени извештаи за Словените се однесуваат на I и II век н.е. кај римските историчари Тацит (55-117), Плиниј (23-79), Птолемеј (II век) и други, кои Словените ги нарекувале Венди. Пообемни писмени извештаи за Словените наоѓаме дури кај византиските писатели од VI век, од страна на Прокопиј (?-562), Маврикиј (539-602) и други, кои Словените ги нарекувале: Анти, Словени, Славени, Винди, Венди, Венети, Винити, Наври итн. Етнонимот на Словените потекнува од зборот слово, „божјо слово“ (logos, беседа, збор), додека Славени од зборот слава („докса“, „глориа“). Во средниот век, заради непријателските односи со Источното римско царство, византиските писатели зборот Словен, во пејоративна смисла го преиначиле, во почетокот во Стлавен, а потоа буквата т ја замениле со к,па добиле нов збор, Склавен (Склавос) што значи роб (Mpampiniotis, 1998, 1628). Врвот на доминацијата на словенските народи дошол од страна на царот на Источното римско царство, Константин Порфирогенет (913-957) во неговото Упатство до синот Романо, како управител на царството (De administrando imperio), каде Словените се именувани како Склавиробови. А ова, заради единствената цел на Византија да ги понижи Словените, да го разбие нивниот отпор, да ги уништи нивните богови и да го уништи нивното минато, култура и иторија. Така, во сите нивни настојувања ги потенцирале етнонимите Скити и Сармати и нивното исчезнување. Во V век Словените биле под окупација на Хуните, номадски народ од евроазиските степи. Нивното огромно царство се простирало од Каспиското Море до Рајна. По ненадејната смрт на нивниот цар Атила (453година), тоа почнало да се раслојува на шарена слика на тукушто ослободените народи, со што почнува и нивната историја. На Среден Дунав, во Панонија, биле Германите и тоа: западно од Тиса Лонгобардите, додека источно Гепидите. На левиот брег на Долен Дунав, во Склавинија (во Дакија и Влашко) биле Јужните Словени. На степите на јужна Русија биле Бугарите (Obolensky, 1991, стр.53). Заради демографската експанзија дошло до ширење на Словените од Карпати на сите страни на светот, што почнува уште во првото столетие на н.е. Словените на север се населиле до Балтик, на запад до Централна Европа (Баварија, Австрија и Јадран), на југ преку Дунав до Пелопонез и Крит, а на исток преку Урал и Сибир до Пацификот, Каспиското и Црното Море. Оваа огромна наезда го навестила крајот на античкиот свет (Елини, Македонци и Римјани) и отварање на вратата на еден нов свет каков што Европа го познава денес (Conte, 1984). Во византиската историја Словените се познати под следните имиња: Венети (Западни Словени), Анти или Антаи (Источни Словени) и Склавини (Јужни Словени). Венетите или Венедите се населиле источно од Алпите, во Моравската долина на Одра. Антите се познати на просторите од Бесарабија до Доњец. Тие подоцна се наречени Руси. Со нив блиску поврзани биле Склавините на долниот дел на Дунав, предци на балканските или Јужните Словени. Проверените упади на Јужните Словени на териториите на ИРЦ на Балканот, преку Добрудже, Моравско-Карпатските врати и Тиса, почнале рано во VI век, во време на царот Анастасиј I (491-518) и Јустин I (518-527). Тие во време на царот Јустинијан I (527-565) попримиле огромни размери, така што Словените го преплавиле целиот Балкански Полуостров (Остроговски, 1969, стр. 90, Обелески, 1991 стр.55). Рановизантискиот историограф Прокопие (551) од Цезарија во Палестина, современик на Јустинијан, дал многу важни податоци за Словените и нивното продирање на Балканот. Тој наведува дека Склавините, Антите и Хуните (Бугари), речиси секоја година откога Јустинијан го презел Римското царство, ги пустошеле Илирија и цела Тракија од Јадранското Море до Цариград, вклучувајќи ја и Елада, и покрај околу 600-тините силни утврдувања. Во истиот период, во степите на Средна Азија, се случувала нова ерупција на преселби на народите. Бегајќи пред Турците, Аварите, номади со монглоско и турско потекло, населени северно од Кавказ, стасале до долен Дунав, во околу 561 година и се населиле на просторите на денешна Унгарија. Ломбардите се преселиле во Италија во 568 година. Здружени со Словените, Аварите го одредувале ритамот на преселбите на Словените на Балканот (Obolensky, 1991, стр.62). Понатамошните пишани сведоштва за Словените на тлото на Балканот, потекнуваат од црковните достоин-ственици во „Чудата на Св. Димитрие Солунски“ и „Ис-торијата на црквата“. Во поглавјето за Словените на епископот Јован Ефески (584), се изнесува дека првите силни напади на Словените и Аварите по должината на среден Дунав, биле на градот Сирмиум (Сремска Митровица), кој по двегодишната опсада бил освоен во 582 година. Потоа, аварско-словенските освојувања се развивале во три правци, и тоа јужно од Егејското Море, југозападно од Јадран и југоисточно од Цариград. Опишувајќи го карактерот на наездата, Јован Ефески истакнува: „Овој проклет народ кој се вика Словени, ја прегази цела Елада, земјата Тесалија и цела Тракија, освои градови и зазема голем број тврдини сè до Цариград …Тој ги окупира Пелопонез, Епир и Македонија“. За нивното молскавично напредување сведочи и фактот дека Тесалоника (Солун) првпат бил опседнат во 586 година, т.е. две години по заземањето на Сирмиум. Растојанието меѓу овие градови изнесува 950км. Градот Салона бил срушен во 620 година, додека Крит бил нападнат во 623 година. Во „Монемвазиската хроника“, од втората половина на X век, се опишува превласта на Словените во Ахеја и на Пелопонез од крајот на VI век до почетокот на IX век. Таа бележи дека превласта почнала во 587 година и завршила во 805 година (Charanis, 1950, стр. 139-166). Исто така се наведува дека елинското население бегало пред Словените во планините на Лаконија, во приморското утврдување на градот Монемвасија, по островите на Егејското Море, во Јужна Италија и на Сицилија. Словените се населиле на островите на Егејското Море: Тасос, Самотраки, Самос, Крит (623 година) и на јонските острови: Крф, Закинт и други. Византискиот цар и историчар Константин VII Порфирогенит (913-957) истакнува дека елинските земји уште во средината на VIII век, после чумата во 746-747 година, биле потполно словенизирани. Тоа го потврдуваат и многу други историчари. Острогорски на пример, (1969, стр. 197), го наведува цитатот на бискупот Willibaldi, (околу 723-728), кој на пат за Палестина застанал во Монемвасија, на Пелопонез и констатирал дека тој град се наоѓа во „словенска земја“ (in Slawina terrae). Словенските племиња Мелинги и Језерити, кои доминирале на Пелопонез, воделе борба против Византија во 783 и 805 година, кои продолжиле и за време на подоцнешните векови со Франција, во XIII век и Турците (Georgacas, 1950). Цитирајќи го историчарот Zan-Filip Falmrejerai Conte (1986, стр. 44) ги потенцира неговите зборови „дека Словените во потполност го заменило првобитното елинско население и ниедна капка грчка крв не тече во вените на денешните жители на Грција“. Продолжува Пишуваат:
Академик Антоније Шкокљев-Дончо
|