Среда, 16 Јануари 2013    PDF Печати Е-пошта
Ретроспектива на врските помеѓу античката македонска медицина и современата медицина

Апстракт

Тешко е да се говори за една наука доколку не доволно се знае нејзината преродба, а уште помалку зачетоците. Денес кога разговараме за медицината, без да се навратиме на нејзиниот развој и постоење во другите општествени периоди од постоењето на човекот, веднаш не асоцира на сегашната современа медицина.

Познато е дека древната медицина претставува основа на современата, но која е таа и од каде потекнува многу малку се изучувало. Познато е дека за време на античките народи медицината се изучувала и практикувала. Особено во IV век пред Христа, во македонската античка држава филозофијата и медицината биле на највисоко ниво во тој период. Во тоа време постоеле повеќе филозофски-медицински школи, како на пример: Питагорејска, Милетска, Елејска, Стоичка, Епикурејска и други. Според извори од древни записи (Ангелина Маркус) Аристотел, Асклипио, Хипократ, Платон и други македонски филозофи од тој период успеале тогашната медицина и фармација да ги сплотат со филозофијата. Така што познавањето на анатомијата и лекувањето било на високо ниво во склад со филозофското и научното знаење. Дијагностиката, хирургијата, фармацијата и медицинската терапија постоеле уште во тој период, за тоа сведочат низа записи и медицинска опрема и помагала.

Кога станува збор за Македонија не се смета само сегашна Р. Македонија туку се мисли за сите сегашни Балкански држави кои биле дел од тоа царство.

ВОВЕД

Аристотел е роден во времето на владеењето на Аминта, чиј татко Никола бил царски лекар во Пела, растел заедно со Филип II. Во тоа време Олинт градот на мајка му и Старига, градот на татко му, биле мошне несигурни од честите грабежи кои ги правеле Атинските морнари-пирати. Школувањето на Аристотел (сл.1) било по царските библиотеки низ Македонија и знаењата од природата и медицината му биле пренесувани од колено на колено. Уште од раната возраст од аристократското семејство во кое со генерации биле лекари и кои им служеле на македонските кралеви му ја пренесувале науката, медицината и традицијата. Во тоа време филозофите имале царско потекло, како на пример: Хераклит, Демокрит, Емпедокле, Питагора, Хипократ и многу други на монетите и статуите на нивните глави имале царски ленти како кај Филип II и другите цареви до Персеј и боговите: Аполон, Асклепие, Артемида, Орфеј, Херакле и други. Тоа ни говори дека Аристотел бил близок не само со царевите и филозофите туку и со боговите, што многу значеле за Македонија. Од тој аспект тој имал доволно средства и поддршка за изведба на многу научно-истражувачки проекти кои дале значајни придобивки во развојот на светската наука и медицина. Тој директно бил поддржуван од Филип II, а покасно и од Александар. Според пронајдените археолошки наоди, древните Македонци поставувале керамички влажни ќупови во земја, а потоа нафатените габички (буѓ) ги користеле како пеницилин, кората од бреза ја користеле како аспирин, опиумот од афионот бил користен и како сретство за намалување на болките и како симбол на премин од свеста кон несвесното умирање, опиумот благо го опивал умот и болките при породување.

Александровите царски лекари биле составен дел од фалангата и македонската наука која се ширела по светот, во Вавилон и од Египед до Тибет се чуствува македонското влијание во медицината и уште повеќе во Европа до VIII век кога од манастирите излегла науката од стегите на еколастиката и почнале да се прават болници какви што биле асклепијадите низ македонските царски градови во древнина. Болестите кај сите луѓе и на сите континенти се идентични и секоја новина брзо се прифаќала. Светската медицина и` се оддолжила на македонската наука со прифаќањето на многу македонски обележја. Еден од нив е и знакот од светската фармација змијата свиткана на стапот од Асклепио (сл. 3) и медицинската заклетва од Хипократ, што како царски лекар ја напишал во дворот на македонските цареви.

aristotel-hipokrat-asklepio

Слика 1. Аристотел               Слика 2. Хипократ                    Слика 3.Асклепио

Хипократовата заклетва се проширила низ целиот свет од фамилијата на Хипократ, синот Тесал, Дракон и зетот Полиб, сите истакнати царски лекари во фалангата. Како што Асклепио со фамилијата, така и Хипократ (сл.2) ја зацврсти медицинската заклетва две ипол илјади години низ целиот свет. Тоа што Аристотел како учител на Филип и Александар претставува за филозофијата и науките, исто значење го има Хипократ во медицината. Тоа што Аристотел како припадник на лекарска фамилија го направил за медицината, исто толку и Хипократ опкружен со многу научници има заслуга и во филозофијата. Сите поистакнати лица во било која епоха се надополнувале за поголем успех во научните достигнувања. Така што безброј славни личности во тој период соработувале и со Аристотел и со Хипократ. Уште помногубројни се тие кои што си го нашле местото во Александрија, научен трезор на македонската култура, под директна поддршка од македонската царска династија на Птоломеј цели три стотини години.

Познато е дека Хипократ е роден во Кос 460 г. пред Христа живеел и работел на територијата на Македонија и починал во Лариса во 370 г. Бил роден во медицинска фамилија од татко Хераклид и мајка Фенерета. Татко му Хераклид и дедо му Хипократ биле лекари кои ја пренесувале медицинската традиција од поколенијата, пренесувано од колено на колено, како и имињата од дедо на внук, како и царските лози на Филип V, Александар IV, Клеопатра VII, Птоломеј XIX, Константин XIII и други македонски царски лози и тајфи, кои се протегаат со илјади години. Хипократ бил постојано опкружен со многу истакнати луѓе како Демокрит во Абдера, софистот и оратор Ѓорѓија во Лариса и други. Со сигурност се знае дека Хипократ престојувал во Пела 10 години за време на Пердика, Архелај и Аминта, каде што помеѓу 380 и 370 г. пред Христа тој ја напишал и заклетвата, а блиски пријатели му биле Еврипид и Агатон, а добро го познавал и Сократ. Така што неговата личност се изградила во фамилијата со царските семејства и македонската интелигенција од крајот на V век до половината на IV век пред Христа. Тој се движел со царските семејства и ги лечел, а и самиот потекнувал од царско семејство, па поради тоа му било одобрено да кова пари со својот лик. За време на пелопонеските војни, Питагора, Анаксагора, Демокрит, Херакрит, Емпедокле сите позначајни македонски филозофи стоеле настрана од Атина, создавајќи дела значајни не само за Македонија туку и за целиот свет. Во тоа време македонските филозофи кои оделе и во Атина таму или биле погубувани или протерувани, како на пример, Фидие, Сократ, Питагора и многу други кои останувале да творат во Македонија (Маркус 2005).

МАТЕРИЈАЛ И МЕТОДИ

Хипократ на чудесен начин филозофијата ја вклопил во медицината, познато е дека напишал 50 книги во кои имало белешки со кои го поддредил секој поединечен начин на некој општ принцип. На лечењето му приоѓал рационално во склад со степенот на тогашното познавање на природните закони. Филозофскиот став на космичката поврзаност на светот оставила голем впечаток на Хипократ. Врз основа на четирите елементи ги градел и своите толкувања во медицината. Во напишаните дела имало истории на болести, нацрти на теми и друг медицински пишан материјал. Некои од нив се изгубени или уништени за да се сокрие неговото значење, изгорела Асклепијада со болничка документација и медицинска библиотека од Хипократ во Кос, како и Александриската. Едни од поважните Хипократови дела се споменуваат списот за “света болест” (епилепсијата), други поважни дела кои се споменуваат се: за “воздухот, водата и Земјата”, тој тука укажува за улогата на воздухот, водата и почвата врз здравјето на луѓето. Напишал книга за епидемиски болести при што укажувал за ширењето на колерата и други болести преку воздухот, водата и храната. Напишаните дела, меѓу кои: „Прогностика“, „Диететика“, „Лаконика“, „Фрактури“ и една збирка на афоризми како излез од стегнатото затворено мислење, довеле до брз развој на науката и медицината. Вовел набљудување на симптомите за да може со логичка анализа да може точно да ја одреди, процени и да превземе терапија кон болеста. На островот Тасос набљудувал 42 болни од епидемија, ја испитувал психофизичката конституција на болните од маларија, ноќно слепило, акутна треска и други болести низ Македонија и покраината Тесалија. На тој начин тој бил целосно наклонет кон науката и медицината. Меѓу неговите дела, можеби „Три расправи“ се поинтересни за хирургијата. Во нив Хипократ ги опишал дијагностиката, хирушкиот зафат и видот на скршеница или исчашување.

Неговите хирушки методи во лечење се применувале повеќе од 1000 години. Неговите хирушки инструменти се употребувале уште подолго. Денес тие се прикажани во многу музеи ширум светот (сл 4).

hipokrat-instrumenti
Слика 4. Медицински хирушки инструменти од времето на Хипократ

Кај Хипократ повеќе доаѓаат до израз проучувања на надворешните органи, како коските и мускулите, што можеле да се лечат преку хируршки интервенции, кај ранетите и болните со силно изразени телесни симптоми. Во врска со тоа добро се опишувани работата на срцето, слезината, црниот дроб, но не и крвните садови, нервите и мозокот. Немало секцирање, прогнозата се составува, како и историјата на болеста со набљудувањата во болниците со добра хигиенска организација. Според него животот го одржува топлината со средиште во срцето. Тоа ја променува храната во телесни сокови. Топлината зависи од доводот на воздухот (кислородот) во крвта преку движење. Центрите за мислење, чувства, желби се во мозокот, а осетите, наредбите за движење се пренесуваат пнеуматски. Кај Хипократ се забележува дислокација на мозочната кортификација, некои од психичките функции делумно се пренесуваат на срцето, но пред се`, заради природната топлина на срцето му се приоѓа како на центар на животот. За срцето и Аристотел има слично сфаќање. За Хипократ и неговите лекари, болестите се објаснуваат во склад со неговиот став за нарушена хармонија на телесните сокови, кои во некои временски интервали, за три или седум дена, сами се стабилизираат ако не се рецидираат. Силата и вредноста на Хипоктратовата медицина е во клиничката практика. Болеста се проценува со сите стила, индивидуално зависи од констатацијата на секој човек. Во тој процес три фактори биле од значајна улога: болеста, болниот и лекарот кога ќе се најдат на едно место, болеста ќе се совлада, ако болниот се бори, а лекарот помага да се воспостави рамнотежа на организмот со лекување.

Во долгата набљудувачка практика направени се пописи на болести како пневмонија, плевритис, маларија, тетанус, парализа, апоплексија, реума, цисти, хистерија и други болести што тогаш се` уште се среќаваат во Македонија. За сите тие болести постојат извонредни описи за нивно препознавање. Некои појави и до ден денес го носат името на Хипократ: дигити Хипократика, фациес Хипократика, мтра Хипократика, Нео-Хипоктратизам како движење од дваесеттиот век за таа древна севкупна медицинска наука.

За лечење се споменуваат околу 300 лекови, иако нивната примена била значително помала. Физикалната терапија била поизразена. Се користеле бањи, облоги, масажи, сончање, пуштање на крв, слаби наркотици, лесна исхрана со супи, мед, вино, млеко, диета за здравје.

Извонредна била хируршката терапија. Во постоперативното лечење на ампутации, отворање череп, местење зглобови, имболизација и преврски до денеска се сочувани истите методи и техники. Тоа важи и за стоматологијата, за лечењето и вадењето заби.

Кон така богатиот теоретски и практично сочуван медицински материјал, применуван во Асклепијадите пред и по Хипократ, ја зголемува важноста и на етичкото подрачје, моралот на лекарите.

Традицијата на царски лекар во Македонија како и патувачките лекари, беспрекорно се организирале и во освоените земји, особено Рим, каде што допирот со македонската медицина не постоело никакво сознание за лечење. И во Атина немало некакво видно искуство. За слабите новородени деца одлучувал советот на градот најчесто за фрлање од највисоките ѕидини.

Нормално, град со толку многу хејтери не можел да го зголемува населението. Уште повеќе, наместо лекување го усовршувале убивањето со отров. Ксенофон и Платон го опишале Сократовото усмртување во Атина со кукута. Таа густа жолта течност, правена од билка, многу брзо му ги здрвила нозете, му го стврднала јазикот, му се замаглила свеста и сепак Сократ јасно го искажал својот став дека не се плаши од смртта кога е спроведена според судии со закон. Хипократовата заклетва го обврзува лекарот да не дава отров. Законите во Македонија го штитат болниот, фамилијата и народот. Патувачките лекари насекаде стигнувале сами или со свои помошници. Со себе носеле торба со лекови и инструменти. Прво ги средувале хигиенските услови. Топла вода, чисти крпи, проветрување, оган за стерилизација на инструментите, сé било подготвувано. Принципот бил ист, болеста по земја се шири преку воздух, се сузбива со оган, се гасне и измива со вода. Само породувањето го вршела жена со искуство. Тоа не се сметало за болест и не се повикувале патувачки лекари. Жена бабица до скоро го водела домашното породување по селата и ги подучувале младите мајки како да зајакнат заедно со породот. Патронажната служба отсекогаш постоела. Интересно е тоа што и на животните им се помагало од луѓе приучени со искуство, најчесто овчари. Царски лекар се станува, пред сé од лакраска фамилија, од најучениот, најспособниот човек, што се докажал и се истакнал меѓу сите лекари.

Музите, нереидите и обичните мајки Македонки ја прават врската меѓу боговите и луѓето, раѓајќи херои и цареви, богато обдарени за вршење на божествената медицина, музика и секој вид божествена уметност што низ македонската стварност се претвора во научност. Сфаќањето дека царевите некогаш биле богови се гледа низ еповите на Хомер. Околу, во круг на Беломорското крајбрежје сите племиња ги водат кралеви со божевско потекло. Агамемнон, Ахил, Одисеј, Перикле, Парис, Александар и Хектор водеа десетгодишна борба околу Троја за Елена, сестрата на Диоскурите Плејади, а ѕвезди на небото близу до боговите. Многу смртни божества Зевс ги направи бесмртни. Меѓу нив најголем број се тие што ги лечеле богови, што сами биле лекари и ја лечеле својата војска или имале свои царски лекари во придружба. Микенците, Менелај и Агамемнон ги лечел Махаон и Полидејрон, синовите на Асклепио. Перикле го лечел Ахил. Ахил го лечел Махаон.

Овој носел лузна од рана што царските лекари од Парнас, во палатите на дедо му ја заздравиле. Поврзаноста на древните племиња ја прави и самата медицина. Исти лекари лечат разни кралеви. Миенците не се Ахајци. Тие се Ахилејци со заедничко потекло од македонските Аргивци. Македонската царска лоза од Арг се прошириле на Пелопонес. Во новиот Арг продолжила македонската царска традиција, најдолго одржана, како монархија во Спарта и во Теба.

Македонците од Пела ги надживеале и нив и Атина во Ахаја или Ахилеја. Заради тоа кралевите во Илијада имаат ист царски лекар.

Потеклото на сите од подножјето на Олимп е исто. Македонско кај Менелај, Ахил, Одисеј, Астеропеј и Хектор.

Долговечноста на првите македонски кралеви се должи на доброприменетата медицина по кралските куќи. Долговечноста на кралските лекари е уште поголема. Така Хипократ со својата фамилија ги лечел македонските кралеви Пердика II, Архелај I, Орест, Европ, Павзание, Аминта III.

На Аминта III покрај Хипократ царски лекари му биле предците на Аристотеловата медицинска фамилија, таткото Никола, дедото Махаон, прадедото...

Назад во древноста овие лекари и претходеле на Хипократовата медицина. Особено на дворот во Еге и Пела во времето на Архелај и претходно со стотици години назад до првите кралеви во Македонија. Во четири ипол илјади годишниот долг царски континуитет Македонската наука и медицина допираат до митолошките претстави. Таму, меѓу првите божества лекари Аполон и Асклепио се најдуваат корените на македонската медицина. Оттогаш секој цар си имал и царски лекар, лекарска школа и медицинска практика.

Во времето на Филип и Александар, во IV-тиот македонски век, филозофските и медицинските школи се најразвиени. Цела тајфа на врвни лекари ги лечеле раните на Филип II, а уште поголема била тајфата на царски лекари во придружбата на Александар.

Лекарите од двете најславни лекарски фамилии на Аристотел и Хипократ го прошириле лечењето на ранетите во фалангата и соседните народи на државата на Македонците. Интересен е податокот што синот Александар прв ги извидувал раните на Филип и давал најдобри прогнози. – „Не жали се Филипе за една рана на ногата, обѕрни се на успесите на битките, набрзо ќе го збоднеш коњот на победите“- го тешел. Александар тоа го правел и во фалангата. Лично и прв ги извидувал раните и го препорачувал лечењето на Тесал, Филон и други лекари.

Антипатар и Касандар во Пела ги наследиле лекарите од Филип и Александар до Филип V и Персеј.

Македонската медицина во Александрија се развила врз системот на Аристотеловите списи од физика. Халдојците и Магите од Вавилон и Египет, кој се викал Мисир, си нашле место во Александриската бибилиотека, покрај Теофраст и Мемнон, ученици на Аристотел. Нивните списи за билките, лековите, лечењето како фармацевтско знаење, го сублимирале знаењето по медицина од Мкедонија, ја продолжиле македонската традиција во школите и царските лекари. Во Александрија се создала главна медицинска школа што ги собирала лекарите од разни краеви и острови. Херофил од Хадлкедон, Ерасистрат го проучил срцето и сензитивните нерви, Клеомбарат и Медија му биле лекари на Селевк I во Антиохија.

Птоломеј го лечел Хрисип, имал своја школа како и Филон, Серапиони, како Хераклид од Тарент, Аполоние од Китија, како Бер кој работел за Антиох Сотер во Вавилон. Цели три стотини години македонската Птоломејска династија во Александрија ја унапредиле филозофијата, медицината, астрономијата и другите науки. Научници од Сицилија преку Македонија до Вавилон и Мисир се школувале во Александрија. Филон од Лариса, Птоломеј, Еургет, Антиох внимавале кој ќе раководи со Александриската библиотека. Тие биле: Теофраст, Калимах, Ератостен, Еригон, Аполодер, Зенодот, Аристофон, Аристарх, Кратет. Тука се школувале Евклид, Архимед, Аполоние од Пергам, Еадем, Хилен, Херон. Од Александрија произлегле многу царски лекари што подоцна биле царски лекари и во Рим и во Александрија.

Царски лекар на Клеопатра бил Аполодар, а воспитувач Никола.

На Марко Антоние, а пред него и на Цицерон од 124 до 60 година пред Христа придружен лекар бил Асклепијад од Битинија.

За времето на Нерон, Трајан, Марко Аврелис, Комод и другите императори, лекари добивале од Александриските школи. Тоа се царски лекари Гален, Сорен, Диокло и други лекари.

Од Александрија не само медицината, се пренеле имиња на римски богови, но не се изменило името на Аполон – богот на медицината. Од Александрија со науките во Рим стигнала програмата на Дионисие од која Варон и Марко Теренцие учеле за да го создадат латинскиот јазик, што ќе остане како продолжувач на богатата македонска култура. На римјаните не им била позната ни хигиената, ни фармацијата, ни медицината. Тоа малку што го добиле со Етрурците се гушело. Етрурците се тие што ја согледале блискоста со Македонија и преку Александрија воведувале наука, писмо, просвета.

Сорен од Ефес е меѓу попознатите лекари што произлегол од Александриската македонска медицина и дошол во Рим за време на Хадријан и Тројан. Најмногу се занимавал со гинеколошките болести иако медицината бара сестрано образование за полесно поврзување на причините за заболување.

Кон педесеттите години во Рим од Киликија пристигнал лекарот Атенеј. Нешто подоцна од Кападокија пристигнал Аретеј и ги применувал книгите за пнеумата какви што ги оставил Хипократ во негово време.

Руф од Ефес ги именувал имињата на делови на телото. Лекувал болни од бубрег и строго се придржувал до лекарската етика.

Од Пергам познати се Асклепијад и Гален. Перган го формирале како македонски град Александровите генерали, затоа медицината се применувала во Асклепијада како царска болница. Клаудие Гален (129-200 г.) од Пергам отишол во Александрија на усовршување. Се специјализирал за хирургија и бил повикан во Рим како гладијаторски лекар. Таму бил многу ценет. Ја ширел медицинската наука низ предавања. Бил и патувачки лекар додека Марко Аврелие не го назначил за царски лекар на синот Комод. Не издржал долго, го напуштил Рим и се вратил во Пергам. Како наследник на Хипократ пишува медицински книги собрани во 150 дела. Најдобро ја проучил анатомијата за да биде успешен во хирургијата. Како и Хипократ сметал дека најдобар лекар е филозоф посветен на лекарската етика. Како во филозофијата, во историјата и во медицината најголем дел од делата се изгубени, препишани, изменети, дополнети и појавени кај понови автори. Гален умрел во 200 година и долго време по него не може да се утврди кои се негови оригинални дела и кои му се припишуваат, исто како кај Хипократ.

Во Рим во Пергам се појави уште еден лекар Онесандар (Александар). Царот Јулијан го поттикна за Рим, од делата на Хипократ и Гален, да направи енциклопедија за медицината. Од вкупно 72 сочувани се 32 книги кои со векови се препишувани и употребувани. Исто така издвоени од медицинската теорија материја составени се 4 медицински прирачници.

Диоскурид од списите за фармакологија направил учебник и прирачник за лекови. После Мемнон и Теофраст по барање на Аристотел кога направиле попис на сите билки и лекови, овој прирачник долго останал во употреба во римската империја.

Мораме да го спомнеме Филон во Рим кој дошол да проповеда аскетизам, духовно прочистување, покајување и други принципи кои подоцна од етика поминуваат во христијанство. Сите овие места во Битинија, Карија, Киликија, Кападокија, Ефес, Пергам, Александрија во тоа време биле македонски.

Се прошируваше македеонската држава, се освојуваа земји, се бореа војски во придружба на медицината. Посветени дела, посветени царски лекари и медицина за народот во која што опстојува паганството, магиите, клетвите и почитување на божествата од земјоделската традиција. Македонските школи од Пергам, Александрија и островите дадоа голем број лекари. Ни еден од нив не е од Атина ни од Рим. Медицината им служеше на сите и на исток и на запад од Македонија.

На исток, од Ерменија до Александрија, за некои илјада години во оригинал се сочувани Аристотеловите дела и тие ќе станат предмет за користење на медицинските потреби. Особено од Аристотеловите списи за природата арапските филозофи и лекари составуваат прирачници за медицината, како што во Рим се правеа прирачници од Хипократовите медицински книги.

Авицена, Авераес и Мојмонид се вметната алка, древната македонска медицина, да се префрли преку Шпанија во средновековна Европа. Таквата медицина се користела и до XIX век.

ЗАКЛУЧОК

Од горе наведеното може да се заклучи дека медицината од балканските простори, поточно во Македонија од времето на Античка Македонија, била присутна и се изучувала, која потоа се ширела по останатиот свет.

Не треба да дозволиме науката и медицината да бидат предмет на некои дневнополитички потреби или нивно фалсификување, од кој сите ние на планетата Земја може да бидеме само губитници.

Литература:

1. Маркус А. Македонската древна медицина, Макформ-Скопје 2004, 123; 5-36 стр.

2. Маркус А. Македонските древни ковани пари, Макформ-Скопје 2009, 100; 40-45 стр.

3. Превод од староантички (Томовска-Митровска В.) Платон Кратил Магор ДОО -Скопје 2006; 127,33-34 стр.

4. Превод од староантички (Бузалковска Алексоска М. Аристотел  за Душата, Магор ДОО-Скопје 2006, 121, 108-110.

5. Маркус А. Аристотел Македоницот,Макформ-Скопје, 147, 67-71 стр.

6. Стефаноски Б. Кратка описна историја за потеклото на Армн Македоните, Casa Gramosta Тетово 2005, 110, 73-74 стр.

Stojan_VelkoskiPh-D. Стојан Велкоски

Institute “GAPE” – P.O.Box 891 1000 Skopie, R. Macedonia; e-mail:

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ;

www.igape.edu.mk

 

На прво место

News image

ОД СЈО ДО АФЕРА

Во држава во која правдата треба да биде темел, денес сè почесто се слуша сомнеж наместо сигурност...

Историја

News image

Денационализација на Македонците во Грција (2 дел)

Еден европски очевидец ја информирал комисијата дека откако грчката армија влегла во Гевгелија, та...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД ИСТОРИСКАТА ПОСВЕТЕНОСТ НА ПРЕСВЕТА ДЕВА МАРИЈА ВО ПРЕСПА (5)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И С...

Фељтон

News image

ПОСЛЕДНОТО ВИДУВАЊЕ НА НЕГОВИТЕ НАЈМИЛИ ВО ПОРОБЕНА МАКЕДОНИЈА (8)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.