|
||||
АКО БАБА ЛАЖЕ, РОГ НЕ! |
П Р О Г Р А М А за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележје I. ВоведПоаѓајќи од историската позиција и карактерот на Градот Скопје како град со богато историско мината и едно од најстарите цивилизациски жаришта, а сега главен град на Република Македонија во кој се концентрирани најголемиот дел од материјалните и духовните, популационите и стопанските, како и креативните и творечки потенцијали на Републиката се предлага Програма со која се утврдува потребата и обврската на Градот Скопје за одбележување со спомен-обележје на истакнати личности од историјата и културата. Во знак на почит и грижа на граѓаните на Градот Скопје, за зачувување на споменот на нивниот лик и дело, како и со цел да се збогатат јавните градски површини со уметнички и архитектонски дела и творби што со своите содржини и ознаки ќе ја изразат ваквата почит и грижа, се одбележуваат: II. Личности кои ќе се одбележат Со оваа Програма, Градот Скопје се определува за подигање спомен-обележје на следниве личности: • АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ • ЈУСТИНИЈАН • ЦАР САМОИЛ • СКЕНДЕР БЕГ • КАРПОШ • ГЕНЕРАЛ МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ • КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ • АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ ДОСИТЕЈ и • ЛАЗАР ТАНЕВ III. Податоци за личностите и нивното значење, место каде ќе се подигне спомен-обележје, основните елементи за текстот што се истакнува на обележјето и рокот за подигање се утврдуваат со Одлука на Советот на Град Скопје за секое спомен-обележје одделно. IV. Извор на средства за финансирање на подигањето и јавното промовирање на спомен-обележјето Финансирањето на содржините на оваа Програма ќе се остварува од: • средства од Буџетот на Град Скопје; • донации; • Буџетот на РМ; • други извори, согласно закон. V. Реализација на Програмата За подигањето, чувањето, одржувањето, заштитата и користењето на секое спомен-обележје содржано во Програмата, Советот на Градот Скопје ќе донесе одлука. За секое спомен-обележје содржано во Програмата, односно за спроведување на постапката за неговото подигање, Советот на Градот Скопје именува одбор за подигање на спомен-обележјето. Составот и делокругот на одборот се определува во актот за неговото именување. Оваа Програма е отворена и за други содржини, односно може да се дополнува и со други значајни личности. Иницијатива за дополнување на Програмата можат да дадат до Советот на Градот Скопје, правни и физички лица. VI. Оваа Програма влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен гласник на Град Скопје”. Број 09-3293/1 30 ноември 2004 година С к о п ј е СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ ПРЕТСЕДАВАЧ, Страшо Нелковски,с.р.
Еве како започна “измислената aнтиквизацијата“ во Македонија. АКО БАБА ЛАЖЕ, РОГ НЕ! Советот на Град Скопје на седницата одржана на 30 ноември 2004 година донесе Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележје. Во тоа време Советот на градот Скопје го раководеше СДСМ, претседавач на Советот беше советникот на СДСМ, Страшо Нелковски. |