|
||||
| На 2 ноември, повторно ќе се слушне гласот на народот |
|
Ние сме народ кој преживеал секакви невремиња, војни, поделби, сиромаштија, лаги и неправди, ни ја одзедоа иднината, но не и достоинството, нè лажеа со ветувања, но не можат да ни ја одземат љубовта кон Македонија. Запомнете, Ние сме генерации кои ја наследиле обврската да ја чуваме Македонија исправена, горда и непокорна. На 2 ноември, повторно да се исправиме, гордо, достоинствено, со верба во себе, да покажеме дека овој народ знае да казни, но знае и да награди, знае да го препознае доброто и да ја почитува чесноста. На 2 ноември, да покажеме дека оваа земја припаѓа на народот, а не на корумпирани елити. На 2 ноември, да покажеме дека Македонија не е ничија приватна фирма, да им докажеме дека народот знае, гледа и не заборава. 2 ноември не е само изборен ден, тој е народен празник на достоинството, ден кога народот ја зема судбината во свои раце, и повторно ќе се слушне гласот на народот, гласот кој не го скршија ниту лаги, ниту притисоци, ниту понижувања. Секој глас за број 9 е ДА за држава со ред, закон и правда, за работа, за чест, за иднина на нашите деца. Да излеземе сите чесни, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, Евреи и сите други, оваа земја е на сите нас, на 2 ноември, е моментот кога повторно ќе покажеме дека сме најсилни кога сме обединети и кога веруваме во тие што ја водат Македонија на чело со Христијан Мицкоски, искрено, чесно и кои го обединуваат народот без разлика на вера или нација. На 2 ноември со заокружување на бројот 9 е како ново: „Да живее Македонија“! |




















