|
||||
Венко Филипче во Радовиш призна: Не сме исти! |
Во право е Венко Филипче кога: вели несме исти. Кога владееше СДС имаше хаос, задкулисни договори и разочарани граѓани. Затоа е важно да се каже, да Венко во право си, не сме исти, и никогаш нема да бидеме исти. Тие денес зборуваат за институции, а институциите им беа партиски штабови. Говорат за дијалог, а договараа со нашите соседи зад затворени врати. Ветуваа сигурност, а донесоа економска беда, иселување и страв. СДС ја претвори државата во лабораторија на политички експерименти, без визија, без одговорност, без чувство за народ. Променија име, идентитет, историја. Под изговор на реформи и влез во ЕУ, го урнаа достоинството на државата. Во нивно време, парите на граѓаните завршуваа во џебовите на партиски фирми и олигарси блиски до врвот на СДС. Корупцијата стана норма, а не исклучок. Народот молчеше, затоа што кога ќе проговореа, ги заплашуваа и ги омаловажуваа и ги судеа. Кога владее ВМРО-ДПМНЕ, има ред, работа и резултати. Кога владее ВМРО-ДПМНЕ, се градат патишта, училишта, болници, фабрики. Тогаш пензиите растат, платите растат, државата се движи напред. Има проекти, има визија, има сигурност. И што е најважно, се има чувство дека Македонија е држава, која се грижи за својот народ. ВМРО-ДПМНЕ не бега од проблемите, ги решава. Не се плаши од одговорност, ја презема. ВМРО-ДПМНЕ не се крие зад изговори за „европски процеси“ или „тешки одлуки“, туку стои исправена, со главата горе, со љубов кон Македонија. Разликата е во делата, не во зборовите. СДС зборува за „соработка“, а зад грб правеше пактови со оние што ја уценуваа државата. СДС зборуваа за „граѓани“, а владеше со партиски списоци и притисоци. СДС зборуваа за „иднина“, а создаваа генерации што ја гледаат својата иднина надвор од Македонија. Од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ, партијата на чест и одговорност. Партијата што не ветува за да преживее, туку работи за Македонија да живее. И во право е Венко Филипче: Не сме исти! Не сме исти, затоа што ние работиме и ја сакаме Македонија. Кога СДС владеше, државата тонеше. Кога ВМРО-ДПМНЕ владее, државата се исправува. И затоа денес, повеќе од кога било, народот знае кому може да му ја довери иднината. На оние што само ветуваат, или на оние што реализираат. На оние што се кријат зад празни фрази, или на оние што работат со срце и со визија. И затоа што Венко Филипче призна дека, не сме исти, Македонија има избор. И тој избор се вика ВМРО-ДПМНЕ, за чесна, силна и горда држава. |