|
||||
КОЈ ПРОЗИВА УКРАИНСКО СЦЕНАРИО ВО МАКЕДОНИЈА?! |
На 13 април 2016 година, во интервју за емисијата Топ Тема на ТВ ТЕЛМА, лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прашањето дали со одлуката за аболиција, претседателот на Републиката поставил темели за украинско сценарио, сосема ладнокрвно одговори (https://m.youtube.com/watch?v=7ozc8AvRVTU): - Па може така да се каже, постави сериозни темели и за украинско сценарио во Македонија! Кажа Заев и остана жив. Има ли сериозни советници околу овој човек кои можат да го вразумат за тежината на јавно изговорениот збор, кон што ја води државата и нацијата? Не е првпат, гафовите му се безброј, но оваа изјава е со посебна тежина, затоа што проектира војна! Да биде иронијата поголема, од никој од тие околу него и со него нема реакција, осуда, оградување или отфрлање. Останува отворено прашањето: Кој ќе го спроведе украинското сценарио во Македонија? Кој ќе ги брои жртвите од украинското сценарио во Македонија? И, каква е реакцијата на јавното обвинителство на Македонија, кога има сериозна најава за насилно уривање на уставниот поредок на државата? Имаат ли одговорност јавните личности во јавно искажаните мисли? И така ли мислат да освојуваат власт, со украинско сценарио? Кому сето тоа му служи? Ниту Македонија е Украина, ниту Скопје е Киев! Ниту Македонија ќе ја доживее судбината на Украина, ниту Скопје ќе стане Киев! Криминалците се менливи и минливи, нив судот на историјата и народот никогаш не ги заборава, секогаш им суди, секому според заслугите, ама Македонија е една и единствена и ни припаѓа на сите! Со сите разлики меѓу нас, само Македонија е наш заеднички именител и содржател! Без Македонија сме никој и ништо, без Македонија не' нема, ќе не' снема! И после се', денес се пушта вест, можеби е и шпекулација, властите тоа треба да го демантираат: Припадници на Делта одредот на Американската војска која е дел од елитната единица "Фоки“, синоќа, преку Бугарија стигнале на Калето, во Американската Амбасада во Македонија... Оваа антитерористичка единица е формирана во средината на 70-те години на минатиот век. Делта одредот на Американската војска се користи само во услови кога има зголемен ризик по високи преставници на САД, како и за специјални тајни операции. Станува збор за најелитните професионално обучени војници, а еден нивни одред брои максимум десет оперативци. Наводно во Македонија пристигнале два вакви одреди. Инаку "Фоките" учествуваа во егзекуцијата на Осама Бин Ладен. Оваа единица се појавува само на места каде треба да изврши одредена задача... Власта и' должи одговор на јавноста, а одговорноста е на сите, кој пат ќе го изодиме за да стигнеме до целта, да се ослободиме од агонијата на неизвесноста и недовербата, од проклетството на омразата и одмаздата. И тоа во услови кога Грција ни тропа на јужната граница со бегалците од Блискиот Исток, Африка и Азија, и недозволено упаѓа во македонскиот воздушен простор, а Европа е потресена од терористите на ИСИС чии спиечки ќелии се накотени и кај нас... Сепак, и покрај се', доколку ЕУ и САД продолжат со контролирана нестабилност и дестабилизација на државата, со цел насилно рекомпонирање на власта и создавање марионетска влада без избори за нивните интереси, неизбежно е инволвирањето на Советот за безбедност на Обединетите Нации и Руската Федерација и Кина! Македонија не е протекторат на ЕУ, САД и НАТО! Не се само тие "меѓународна заедница" во светот! Господ со нас Македонците, Господ со Македонија! Амин! |