|
||||
| Тодор Петров: „Антиквизацијата“ и Фројд! |
Интервју на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, по повод обвинувањата за таканаречена „букефализација“ на земјата.Господине Петров, некои медиуми форсираат една неприродна полемика за Македонија меѓу Словените и Македонците? Тодор ПЕТРОВ: Обвинувањата за таканаречена „хунза“ и „букефал“ политика на земјата е простотилак без конкуренција. Актерите на оваа шизоидна хистерија, како хипокризија на центрите за нивна продукција, во отсуство на стратегија за развој на Македонија во која нив ги нема затоа што се без визија и се дел од едно минато свршено време, со замена на тези, безуспешно ја замајуваат јавноста. Последниот оркестриран обид им е промена на името на државата Македонија не избирајќи средства како да ја постигнат таа цел за да изнудат надворешна доверба за власт во услови без мандат од македонскиот електорат. Затоа, се со приказните за Словените наводно против древните Македонци, ама смртно се против браќата им Руси од зад Карпатите, бидејќи најверојатно со трски не го препливале Дунав кога доаѓале на југ туку Атлантикот од кај Индијанците до Македонија преку Атина. Кои се всушност тие? Тодор ПЕТРОВ: Истите протагонисти и во 1991 година беа за федерална Југославија но останаа во самостојна Македонија за во неа да ги снема, а оваа 2009 година се со приказните за „Словените од зад Карпатите“ ама повторно ќе останат во древна Македонија. На што се должи таквото замајување? Тодор ПЕТРОВ: Историјата на Македонија е интегрална, а не сепаратна и сегментарна и не започнува од седмиот век од нашата ера по приказните на Киро Глигоров и неговите пулени, туку од македонската цивилизација илјади години пред нашата ера, како основа на Балканот, на нова Европа и на современиот културен глобализам. Се разбира, етнологијата денес не е само генетика туку пред се култура, иако со ДНК потеклото е мерливо и одредливо, во Шпанија и Швајцарија за Средоземието за Македонците веќе потврдено. Каде е решението? Тодор ПЕТРОВ: Македонците, кои се и Хелени и Словени затоа што биле културни и писмени, со цел интеграција и кооперација на Балканот, во мир и љубов, наспроти омразата и војната, декларираат, дека културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право иако по меѓународно право ние сме единствен носител на државното име Македонија, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на современата геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации. И покрај целиот инсталиран анимозитет и агресија од сите страни по сите основи од определени сили за свои сфери на влијание на овие простори, Македонците подаваат рака на помирување и обединување на сите со сите на Балканот, затоа што сите сме биле делови на исти империи и затоа што сите носиме заедничко културно-историско наследство од тие епохи во современите нации-држави. Впрочем големината на секоја цивилизација е во универзалноста на нејзините вредности, а не во нарцисоидноста и ексклузивитетот на митологијата расизмот и нацизмот, наспроти универзалноста на културата и историјата. Само така, гоцевата мисла „светот го препознавам како поле за културен натрпевар меѓу народите“ не само како негова лична импресија туку како експресија на генетскиот код на една цивилизација, на македонската, ќе ја сватиме во композиција на целината од Свети Илија, Ѕевс, Аминта, Александар Македонски, Филип Македонски, Птоломеј, Клеопатра, Светите Кирил и Методиј, Светите Климент и Наум, Јустинијан, Самоил, Ѓорѓија Кастриот Искендер, Мохамед Али Паша, Кемал Ататурк, Гоце Делчев, Методија Андонов Ченто, и Пела и Цариград и Рим и Византија, и Македонската и Римската и Византиската и Отоманската Империја и уште многу други и пред нив и по нив и меѓу нив. Вашиот коментар за обвинувањата „македоноиди“? Тодор ПЕТРОВ: Станува збор за болна перцепција на една мала група искомплексирани и исфрустрирани психопати, потврдени секако со дијагноза фројдовски пациенти, кои од своите неизживеани сексуални тауми во детството, имаат проектирано задача за перверзија со целата нација. Тоа се деца на една политика која Македонија и по географија и по историја ја изолира во време и простор, практично ја хибернира. Но, интернет револуцијата и развојот на демократијата нивните стереотипи ги маргинализира и конечно ги елиминира. И како и секој давеник кај нив во судниот момент се создава агресија против се’ и против сите заради внимание, бидејќи повеќе ќе ги нема. Факт е дека од кога постои човекот, постои и прашањето кои сме од каде доаѓаме и каде одиме? Не е грев ако за тоа некој се интересира. Има разни теории, разни истории. За потеклото, за луѓето, за (не)валидноста на Дарвин, за Атлантида, за пирамидите, за расите како потомци на цивилизации од други галаксии итн. Во тие проекции, нема ништо чудно. Чудно е само однесувањето на таа мала група и кршењето на стакленото ѕвоно под кое Македонија била во изолација долго време. Ние мора гласно да кажеме дека Македонија не може повеќе да живее во црно-белиот свет од времето на Студената војна. Македонија не може да биде жртва на „политики без алтернатива“. Македонија повеќе не останува изолирана и по историја и по географија во актуелните граници. Eдна банда високи партиски комунистички функционери спроведоа криминална приватизација и го криминализираа целото општество. Сласта за власт и страста за пари на оваа номенклатура од најголеми комунисти до најголеми капиталисти, во желбата за монопол врз профитот, ја изолира Македонија од странски инвестиции, ја изолира од светот за да го легализира трансферот на општествената во приватна сопственост, без конкуренција од странски капитал. Таа транзиција со изолација се одвива неподносливо веќе дваесет години. И сега, кога легализацијата на сопственоста е нотирана и во катастарот заведена, со перфидна замена на тези за наводна „букефализација“ на земјата ја замајуваат јавноста како власта наводно сакала да ја изолира земјата бидејќи не сакала да го промени името на државата да сме станале членка на ЕУ и НАТО, за да не се побара вина во она што таа банда и го стори на нацијата?! Од нечија изјава, оваа мала група добро оркестрирана, шири хистерија за сите Македонци како „македоноиди“ во пежоративна смисла на зборот. Тие луѓе ниту ја разбираат државата Македонија, уште помалку темата Македонија. Тие луѓе едноставно се против Македонија и Македонците. Тие луѓе забораваат дека Македонија без Македонците ќе ја снема.. Ама токму во нив гледаат најголеми непријатели за задачата која им е одредена, промена на името на државата Македонија. Педесет години се обидуваа Македонците да ги сатанизираат, да ги ликвидираат, затворите ги полнеа, половина Македонија во емиграција отераа. Денес, тие што останаа, повторно треба да ги денационализираат од нив да скројат граѓаноиди, луѓе без национално чувство. И затоа од нечија изјава, креираат антимакедонизам за да не снема. А да пукне, први со куферите од Македонија ќе ги снема, како што плачеа за Југославија, кога Македонија стана самостојна и суверена држава, како што не ја бранеа татковината ни 2001 година, како што сега сакаат промена на името на државата Македонија, како да е на татко им нивата па ја продаваат на пазар. Таа мала група која наводно е презагрижена за Македонија, ликува да ја нема. Но, во колективната меморија на Македонците е генезата на цивилизацијата, само оваа Македонија повеќе не е онаа од времето на комунистичката изолација, каква што потомците на оние чии корени се во Социјалистичката партија на Југославија (комунисти) од 1918 година во Белград, посакуваат да остане! Македонците и овие сипаници ќе ги преживеат, се викале тие Бранко, Жарко, Биљана, Соња, Сашо, Александар, Роберт, Драган, Оливера, Никола, Ерол... Бранко, Љубомир, Владимир, Стојан, Тито, Нано, Денко, Мирјана, Ѓунер, Стево... Било да не се повтори... Каде е Македонија меѓу историјата и иднината? Тодор ПЕТРОВ: Најстари и најуниверзални човекови права во сите општествено-економски формации, од неговото постоење до денес, се правото на сопственост и правото на наследство. Без право на сопственост нема право на наследство. А, без сопственост и без наследство нема држава. Нема правен поредок. Во основата на сопственоста е историјата. Без историја нема сопственост, ниту пак наследство. Имотниот лист како доказ за право на сопственост има историска подлога. Без историја на катастарската парцела, нема сопственост. Без историја на болеста нема дијагноза и терапија, нема здравје.. Историјата е основа на иднината. И не случајно се вели, народ без историја нема своја иднина. А доказ за историјата е археологијата. Оттука археологијата е во функција на државата. Се разбира, археологијата не е цел сама за себе. Како што ни историјата не е цел сама за себе. Но, археологијата не значи антиквизација во смисла на конзервација на државата во историјата, без движење, развој и иднина. Напротив, во функција на сето тоа. Факт е дека исти термини во различни периоди имале различно значење и содржина, па дури и не на исти простори. Најчести се разликите во читањето на историјата од аспект на современата геополитика, поради окупации, колинијализам, агресија, ропство, сегрегација, дискриминација. И речиси по правило, повод за сите војни во историјата е отсуството на сопственост и наследство или волјата на едни да воспостават право врз туѓа сопственост и наследство. Силата како аргумент „чија е територијата тој е господар и на историјата“. Македонија сама по себе е историја. Македонија нема своја иднина без историја. Македонија и Македонците во балканските војни 1912-1913 година не беа поделени за да некогаш бидат обединети, туку македонското прашање дефинитивно да се затвори. И де факто и де јуре, до Втората светска војна тоа беше целосно инкорпорирано во балканските нации-држави како креации на големите сили за свои сфери на влијание на овие простори. Државноста на Македонија во рамките на поранешна СФРЈ, времено го суспендира македонското прашање, но не го елиминира. Со распаѓањето на поранешна СФРЈ македонското прашање во целиот свој сјај повторно реинкарнира. Договорот Белград-Атина за хибернација на македонското прашање во поранешна Југославија, поради што Белград доби право на слободна зона на пристаништето во Солун, со распаѓањето на поранешна СФРЈ престана да важи. Не случајно за време на комунизмот, македонската историја и археологија системски беа во изолација, за да не се открие вистината за Македонија. За да сите ја напишан својата врз основите на Македонија. И затоа за Белград Македонците се Срби, за Софија Македонците се Бугари, за Атина Македонците се Грци, а за Тирана Македонците се Срби. Реинкарнацијата на тема Македонија преку самостојноста и сувереноста на државноста на Македонија макар во актуелните гео-политички граници, од сите страни активира агресија по сите основи, заради елиминација на можноста од обединување. Негација на името, државноста, територијата, историјата, културата, јазикот, црквата, за да се санкционира окупацијата на Македонија и геноцидот врз Македонците... Поранешната грчка министерка за надворешни работи Дора Бакојани е најдиректна „македонското прашање е идеолошка конструкција на Студената војна и за конечно да се затвори треба да се промени државното име на нашиот северен сосед Македонија“. Тие центри кои Македонија и досега ја изолираа, се најгласни во одбраната на интересите на соседите, кои за тоа обилно ги плаќаат. Затоа и оркестрираните обвинувања за „антиквизација“ и „букефализација“, за да не се открие вистината за Македонија. Колку сме поблиску до неа, толку поголема е нивната агресија. Но, барем знаеме со кого си имаме работа, за кого работат овие квислизни и чии интереси штитат. Во ова нема виртуелна конспирација, туку реална агресија. Психолошките војни се посуптилни методи за духовна окупација и колонизација. Сепак, Македонците се силни во интуицијата и демистификацијата, Македонија ќе ја одбранат како залог на историјата за иднината на планетата Земја! Како духовно културно наследство на човековата цивилизација со посебен режим на заштита! Радувајте се на Божик... |



Тодор ПЕТРОВ: Обвинувањата за таканаречена „хунза“ и „букефал“ политика на земјата е простотилак без конкуренција. Актерите на оваа шизоидна хистерија, како хипокризија на центрите за нивна продукција, во отсуство на стратегија за развој на Македонија во која нив ги нема затоа што се без визија и се дел од едно минато свршено време, со замена на тези, безуспешно ја замајуваат јавноста. Последниот оркестриран обид им е промена на името на државата Македонија не избирајќи средства како да ја постигнат таа цел за да изнудат надворешна доверба за власт во услови без мандат од македонскиот електорат. Затоа, се со приказните за Словените наводно против древните Македонци, ама смртно се против браќата им Руси од зад Карпатите, бидејќи најверојатно со трски не го препливале Дунав кога доаѓале на југ туку Атлантикот од кај Индијанците до Македонија преку Атина. 
















