Среда, 08 Април 2015    PDF Печати Е-пошта
Какви се антагонизмот, омразата, љубовта, вербата, борбата и соработката меѓу грците и македонците од Хиронеја до Брисел?

slave-katin
Пишува: Славе Катин
Публицист

Егејска Македонија опфаќа голем дел од Македонија, а во неа, за жал, националниот состав на населението претрпел големи етнички промени, особено по Балканските војни и поделбата на Македонија. Апсурден е ставот на грчката официјална  политика, без оглед на тоа дали е лева, десна или профашистичка, и во 21. век да се негира постоењето на македонското национално малцинство

Една од најголемите христијански заповеди гласи: "Сакај го ближниот како што се сакаш себе си". Сепак, оваа заповед не се однесувала на времето на Филип Македонски, особено после битката кај Хиронеја (Хајронеја). За жал, од тогаш, од условно речено Првиот Илинден за Македонците до денес, до несфатливата  „битката“ во Брисел, постои антагонизам меѓу Македонците и Грците.

Според тоа, меѓу овие два различни народи и по култура и по јазик, обичаи, боја и по ген, има и омраза и љубов, и верба и борба, омаложување и соработка, и лоши и задни мисли кон ближниот, а, во исто време се негира се’ што се поседува, и сето тоа само продолжува да трае на свој начин, за жал кај овие два соседни и христијанските народи - грчкиот и македонскиот.

Дел од оваа вистина сè уште е присутен дури и сега, и многу видови на живот на соседот понекогаш влијаат на иднината на соживот, бидејќи се фрла темна светлина врз животните патеки, за тие да се  претворат во своевидни лавиринти на апсурдот.

hironeja

За да го потврдиме горното ќе започнеме со фактот  дека во овој момент Егејска Македонија опфаќа голем дел од јужна Македонија и дека во неа, националниот состав на населението претрпел големи етнички промени, особено по Балканските војни и поделбата на Македонија. Против Македонците под грчка власт се’ уште, континуирано, се води асимилаторска, измачувачка и принудно истребување, со единствена цел, да се промени етничкиот состав на Егејска Македонија. Ова продолжува без престан, бидејќи македонскиот народ, според своите обичаи, лингвистички, генетски, етнички, фолклорни, национални и други карактеристики и белези.се разликува од грчкиот измешан народ, кај кого постои религија но, за жал, не може да се дефинира поимот нација.

Од тие причини, од првиот момент кога грчката буржоазија започна да ја шири својата моќ над Егејска Македонија, таа има воспоставено брутална политика на физичко истребување на македонскиот народ и промена на етничкиот состав во своја корист. Така, со намера да ги избрише сите можни траги што потсетуваат на македонскиот карактер во Егејска Македонија, грчката буржоазија, меѓу другито,  усвои закон со кој во ноември 1926 година ги промени македонските со грчки имиња на сите села и градови, лични имиња, планини, полиња, топоними, реки.... Се’ што потсетуваше на Македонија и македонскиот народ.

Подоцна, за време на Граѓанската војна во Грција, во периодот 1946-1949 година, се продолжи со егзодусот на голем број Македонци и припадници на Грчката комунистичка партија. Уште од тогаш, според разните режимски сценарија, Македонците биле сметани како потенцијално неверници кон грчката држава. Затоа, на 1 октомври 1947 декрет беше усвоен закон за одземање на правото на државјанство, што беше проследено со мерки за нивно протерување од  нивните родни места кои се наоѓаат во тогашна Северна Грција, а денес најгласна Македонија, но, се разбира со грчки карактер..

Исто така, е факт, кој влезе во црните анали на стариот континент  дека за време на Граѓанската војна во Грција, околу 30.000 деца на возраст од 2 до 14 години, од кои поголемиот дел Македонци, беа протерани во тогашна Југославија и други источно-европски земји. Во тоа време, повеќе од 50.000 Македонци беа принудени да емигрираат поради тешката и сурова одмазда на која припадниците на македонското национално малцинство беа подложени. Податоците велат дека повеќе од 17.000 починале во Северна Грција.  

Продолжувајќи со апсурдните потези, на 23 август 1953 година е донесен декрет за колонизирање на граничните региони со "нови колонисти кои имаат здрава национална свест", а тоа беше христијанско турско население, просвиги. Затоа, тие таканаречени Грците се населија во местата од кај што Македонците беа прогонети или натерани да  емигрираат. Со истиот декрет голем број Македонци, бегалци од Грција, беа лишени од грчко државјанство, а  нивните имоти се конфискувани.

Во 1959 година грчката влада донесе закон кој е преседан на преседантите, барајќи од македонското население задолжителна изјави на лојалност. Поради тоа, грчките власти побараа од населението во селата во Леринско (сега Флорина) и Костур (сега Касториа), Воден (сега Едеса) и тн. потврди, дека јавно не го зборуваат македонскиот јазик. Ваквите мерки, беа преземени и кон иселениците од егејскиот дел на Македонија, во Австралија и Канада. Во прилог на ова, во 1967 година беше спроведен закон со кој се забранува употреба на македонскиот (славјанскиот) јазик, што беше чин на одземање на државјанствата, како и други мерки за асимилација на Македонците.

Непобитна е вистината дека асимилацијата на Македонците од грчките власти низ разни форми и начини, продолжува и сега, и тоа низ системот на образованието.  Не се во можноста да најдат вработување во која било државна институција оние кои се декларираат како Македонци, што се потврдува  преку целата нова серија закони и прописи кои се дискриминаторски кон македонското национално малцинство.

На пример, ќе нагласиме дека со одлуката од 1982 година, во однос на репатријација на грчките граѓани и политички бегалци, е дозволено само "Грци по род" да се вратат во Грција, односно оние кои ќе се откажат од својот македонски или турски и албански идентитет и ќе прифатат грчки имиња. Законот од 1985 година, исто така, содржи дискриминаторска клаузула која ги спречува Македонците во Република Грција за остварување на правото на сопственост на имот.

Потоа, во 1986 година грчката влада го стави Универзитетот "Св Кирил и Методиј " во Скопје на листата на странски академски институции, чии дипломи не се признати во Грција, со образложение, дека предавањата на овој универзитет биле на јазик кој не е "меѓународно признат ".

Ова покажува дека официјалното негирање на постоењето на македонското национално малцинство останува постојана цел на грчката политика, без оглед на тоа дали е лева, десна или профашистичка. 

Во поново време, асимилаторска политика на Атина,  уште еднаш се сврте против припадниците на македонското национално малцинство. А, слична е судбината и на турското, албанското, влашкото, ромското и другите малцинства кои се многубројни во Грција. Некои „вистини“ на грчката "демократија" продолжуваат да бидат очигледни, а странскиот фактор да ги толерира.

Ова се потврди со одисејата за регистрирање на Македонското културно друштво во Лерин. Грците сметаат дека здружението го нарушува територијалниот интегритет на земјата и дека нема основа во своите цели за "културни, интелектуални и уметнички развој на своите членови и населението на Лерин, ниту пак за развој и напредок на националната култура ".

Исто така, факт е дека Република Грција (Елада) одбива да ја признае Република Македонија под нејзиното уставно име со образложение дека употребата на името ги покажувало наводните територијални претензии кон делови од грчка Македонија, до неодамна Северна Грција.  Невидениот  притисок и уцени врз Република Македонија што го наметна Грција со неофицијалната блокада во есента 1992 година, со затворање на границата кон Македонија се’ до февруари 1994 година, имаше за цел да и’ нанесе економска штета, деградирање на инфраструктура, како и фрлање на колена на својот северен сосед, Република Македонија.

 Факт е дека нашиот јужен сосед грубо и навредливо ги враќа Македонците кои се родени или  потекнуваат од егејскиот дел на Македонија, да влезат во таа земја на Европската Унија, и покрај тоа што тие  имаат американски, канадски или австралиски патни исправи. Инаку, сите тие граѓани на светот се  лојални, познати и признати, многу од нив бизнисмени, културолози и видни  граѓани во новите средини на Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија, Европската унија  и други земји.

Ваква несватлива грчка политика кон Република Македонија со различни дипломатски активности, мешање и ширење невистини, го забави процесот на меѓународното признавање на Република Македонија, правејќи преседан за нашата држава да биде прифатена во ОН под привремено срамно име и никогаш да не биде примена во Европската Унија.

Грција ја користи позицијата, мезениче на Англија  и САД и продолжува да блокира, бидејќи  е членка на Европската Унија. Сепак, треба да не се заборави дека таа не е национално хомогена, туку, всушност, е мултинационална држава,  имајќи ги сите потенцијални политички последици. Обврзна  е, да ја прифати европската регулатива во врска со третманот на малцинствата и заштитата на нивните човекови и културни права. Таа е земјата од каде што потекнува зборот "демократија".  Заедно со Македонија е земја од минатото, со надеж дека ќе биде земја на иднината, и, конечно, таа е сосед на Република Македонија, кој треба да биде своевитен генератор, а не кочничар без преседан кон подоброто утре.

Ние мора да истакнеме дека македонскиот и грчкиот народ, без оглед на нивната државна политика, соработувале во добри и лоши времиња. Ова е потврдено во последниве децении со зголемување на соработката   меѓу двете земји и нивните народ на културно и друго поле. Како потврда на ова, на пример, да посочиме дека се направени бројни преводи од македонски на грчки и обратно, а има голема соработка помеѓу фолклорни и забавни групи, театарски и други асоцијации. Голем број на грчки интелектуалци ги осудуваат политиките и неправдите нанесени на познати и признати македонски граѓани кои потекнуваат од Егејска Македонија. Исто така, мора да се нагласи значењето на грчкиот Хелсиншки комитет и други здруженија за заштита на човековите и други права на секој граѓанин во Република Грција.

hironeja-2

Грција е потписник на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на националните малцинства во септември 1997 година, со која покажа добри знаци на постепени позитивни промени во односот кон малцинствата во таа земја. Оваа Конвенција белким ќе доведе до исчезнување на причините за грчкото негирање на името на Република Македонија и на правата на македонското  и другите малцинства во Грција.

И, конечно, факт е дека во последно време Грција далеку води пред многу други странски бизнисмени и компании, кои инвестираат свој капитал во Македонија. Нивното учество во повеќе од педесет инвестициски проекти претставува, од една страна, моќен потенцијал и обновување на капиталот, а од друга страна, дали тоа значи, дека дел од македонското стопанство има економска зависност од грчките инвеститори?

Добрите економски односи меѓу Република Македонија и Република Грција  ги навестуваат или ги потврдуваат очекувањата дека соработката и инвестиционата политика на двете земји ќе продолжи и во иднина, со уверување дека, овој пат, минатото нема да се повтори, ниту сентенцата на учениот Виргилије „Да се плашиш од Данајците и кога подарок ти носат“.

 

На прво место

News image

Никаде во Европа, ниту во светот е забележано полициски сили да опседнуваат седиште на опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон врз Груевски се користи и за хајка и притисок против ВМРО-ДПМНЕ...

Историја

News image

Германски историчар објаснува како е фалсификувана грчката историја

Германскиот историчар вели дека историјата е сосема поразлична од онаа што сме ја учеле во училиште,...

Иселеници

News image

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во боите на македонското знаме

Нашинец во Америка ја бојосал фасадата од куќата во ...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (16)

Со вие  зборови   за   гревот  човечки,   на   арх...

Фељтон

News image

Александар Македонски (57)

Околу мај неговите дипломатски претставници се вратија од оазата во Сивах и извест...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.