|
|
Секој втор во Бугарија е Македонец |
Вистината што боли! Секој втор во Бугарија е Македонец. Ова не е ниту парола, ниту мит, туку сурова вистина која секој чесен Бугарин ја знае во себе. Колку и да боли, реалноста е јасна: голем дел од денешните „Бугари“ се луѓе со македонско потекло, но од политички интереси го негираат својот вистински идентитет. Голем број Македонци, прогонети од турските зулуми, балканските војни и систематските политики на уништување на македонското, биле принудени да бегаат во новосоздадената држава Бугарија. Бугарија како држава беше измислена од Русија во 1878 година и запечатена со германскиот принц Фердинанд. Така настанаа Бежанците – Македонците бугари што бараа засолниште, но со текот на времето беа присилени или заведени да го сменат идентитетот. Политиката и парите направија многумина да се откажат од своите корени. Во трката по богатство и удобен живот, тие ја заборавија својата татковина – Македонија. Денес, токму тие луѓе се најгласните „Бугари“, но зад нивното декларирање стои истата крв и истата историја – македонската. Нашата цел не е омраза, туку љубов и трпение. На нас ни останува да ги разбудиме тие изгубени души и да им помогнеме да се вратат во своето вистинско стадо. Ние мораме да ја гледаме Бугарија како дел од Македонија, како дел од едно поголемо цело. А на Бога му ја оставаме задачата да им ги исчисти умовите на сите оние што денес се нарекуваат „Бугари“ а се Македонци. АКО ГИ СОБЕРЕМЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО БУГАРИЈА, ГРЦИЈА, МАКЕДОНИЈА И ОКОЛУ ВО РАДИУС ОД 300 КИЛОМЕТРИ ЌЕ ЗАКЛУЧИМЕ ЛЕСНО ДЕКА ГОЛЕМ Е СОЈОТ И БРОЈОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ И САМО ГОСПОД МОЖЕ ДА НЕ СОЕДИНИ ЗАЕДНО И СЛОЖНО. АМИН !!! |