Среда, 30 Октомври 2013   
Најстарата средновековна македонска книжевна школа е Охридската Книжевна Школа формирана во 886

Slavjanski-rakopisi2Најстарата средновековна македонска книжевна школа е Охридската Книжевна Школа формирана во 886 година од Климент Охридски, а од 893 година му се придружил и Наум Охридски. Остатоците од оваа школа не се зачувани, но се лоцира во охридската месност Имарет.

Во рамките на оваа школа се подготвувал образовен кадар кој бил испраќан во учителска, проповедничка и свештеничка дејност во сите делови на Западна Македонија, во денешна Албанија и во делови на средновековна Бугарија.

Во рамките на Кратовската книжевна школа, како книжевни центри се среќаваат македонските манастири Свети Прохор Пчињски, Свети Јоаким Осоговски и Свети Гаврил Лесновски. Во овие манастири поактивно писмената и книжевната традиција ќе започне меѓу XII и XIV век, а се разбира и до XIX век, зашто во овие манастири ќе се негува словенскиот збор и православието во периодот на турското владеење во Македонија.

Бугарските историчари тврдат дека Охридската Архиепископија е бугарска црква поради тоа што нејзината надлежност била за „цела Бугарија“; но, под „цела Бугарија“ се подразбирало целата воено-административна област на Византија однoсно, темата Бугарија , која не ја опфаќала денешна Бугарија, туку Македонија и Србија. Диецезата на Охридската Архиепископија се простирала во Бугарија само на територијата која ја населуваа словенските племиња Торлаци и Шопи до градот Видин, што претставува 20% од територијата на цела Бугарија. Тоа го потврдуваат и Хрисивулите на Василиј II, каде зборува за „бугарскиот народ“ и епархиите на „цела Бугарија“ која се простира од Срем, цела Србија, делови од БиХ и Албанија, Црна Гора, чистословенските област на северозападна Бугарија до Видин и најголемиот дел од Македонија. Оттаму многу јасно се гледа дека под цела Бугарија се подразбира само византиската тема Бугарија, а “бугарскиот“ народ е наводно словенскиот народ од Србија, Македонија, Црна Гора и денешен Срем.

Теофилакт Охридски, Грк, најверојатно родум од Еврип, е Архиепископ на Охридската Архипископија од 1090 г. до 1119 г. Познат е по тоа што го има напишано "Пространото Св. Климентово Житие" каде објаснува дека за него Бугари се жителите на византиската тема Бугарија, т.е. тоа е географски термин. Теофилакт и самиот себе си се сметал за Бугарин- жител на темата Бугарија па во Пространото Житие на Св. Климент запишува "Св. Климент ни го предал НА НАС БУГАРИТЕ сето она што се однесува на црквата"

(Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивeн институт на БАН (кутия III, папка IV.)


Бидејќи мнозинското население во византиската тема Бугарија (Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија) било словенско, Словените за Грците биле Бугари, па Теофилакт пишува во своето житие на Св. Климент за "славенскиот или бугарскиот народ", а јазикот во темата Бугарија го нарекува бугарски. За него, Св. Климент бил"прв епископ на бугарски јазик"

(Пространото Житие на Св. Климент, Охридски ракопис во Румянцев музей во Москва. Збирката на Григорович под број 818, лист стр. 11-6 до ЗЗ-б. / Архивeн институт на БАН (кутия III, папка IV.).

Macedonia : a True Endless Story ...

 

На прво место

News image

БУГАРСКИТЕ ВЕСНИЦИ ОД 1905 ГОДИНА ЈА НАПАЃАЛЕ МАКЕДОНСКАТА НАЦИОНАЛНА ДЕЈНОСТ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Во нашата јавност е малку познато дека, за разлика од денес, бугарските весници од околу илинденск...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидер...

Иселеници

News image

БОГАТО МИНАТО И СЕГАШНОСТ НА ДРЕВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА (3)

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на ...

Култура и туризам

News image

МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЈУГОСЛАВИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. КИРИЛ“ ВО РИМ ВО 1979 ГОДИНА - ДЕЛ I (23)

ЕДИНАЕСЕТТО ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ 

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (39)

  ХЕСПЕРИДИНИТЕ ГРАДИНИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.