|
|
| Цеца со бугарското знаме, евтин бугарски трик за провокација? |
|
Александар Македонски Џеповски Сите видовме што се случи во Велес, Цеца, пејачка од Србија, се завитка во бугарското знаме, и не, тоа не беше спонтана сцена, ниту момент на „љубов кон публиката“, тоа беше јасна, режирана провокација, бугарска игра на туѓ терен, со туѓи раце. Но прашањето е едноставно: Ако Цеца настапуваше во Грција и некој ѝ дадеше турско или македонското знаме, ќе го ставеше ли на грбот? Или ако пееше во Турција и добиеше грчко знаме, ќе се завиткаше ли со него? Секако дека не. Сите знаеме дека таму не би спасила жива глава. Но ете, во Македонија може, бидејќи Македонецот е културен, воспитан и достоинствен. Нашиот народ реагираше со свирежи, со „уааа“, но без насилство, без омраза со јасна порака: Не се играјте со македонските чувства! Не го газете она што ни е свето, знамето, историјата, идентитетот! Цеца не е некоја наивна пејачка која не знае што прави. Не, таа е жена која со години живееше покрај еден од најголемите криминалци на Балканот, човек кој ја извалка политиката, ја замеша војната и го плати тоа со живот. Сето тоа таа го гледаше одблиску и сега да ни продава приказни дека не знаела што значи да се завиткаш со бугарско знаме во Македонија, е навреда за здравиот разум.
А што направија Бугарите? Едноставно: и дадоа неколку левчиња или евра на некоја недоквакана, ја пикнаа во прв ред со знаме, и чекаа момент за камерата. Цеца го зема, се завитка, камерите снимија и ете ти вест. Бугарските медиуми се фалат, бугарските портали кликаат, а тие што ја смислија оваа режија, тријат раце. Целта? Да не се лажеме, сето ова беше обид да се поткопа пријателството меѓу Македонија и Србија, токму во момент кога нашите држави градат стабилни односи и взаемна доверба. И тоа не им одговара на некои, затоа и го измислија „спонтаниот момент“. Но тука е поентата: Македонија денес не е таа од вчера, нашиот народ е свесен, зрел и мудар. Ние точно знаеме што е провокација, што е политика и што е уметност. Сите што се обиделе да ја провоцираат, исчезнале од сцената, Македонија останала, и ќе остане, со крената глава, со своето високо кренато знаме и со горд народ што не дозволува никој да му ја гази душата. |













