|
|
Резолуција на V пленум на КПГ по македонското прашање: Во Северна Грција македонскиот народ се бори со невиден хероизам |
КПГ ТРЕБА ДА ГИ ОТСТРАНИ СИТЕ ПРЕЧКИ КОИ ПРЕДИЗВИКУВААТ НЕЗАДОВОЛСТВО И НЕГОДУВАЊЕ КАЈ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД (30- 31 јануари 1949 година)
КПГ и македонскотот национално прашање..., стр.437 ИЛИЈАС РУНИС, КОМАНДАНТ НА БРИГАДА НА ДАГ, ЗА ПОМОШТА ДОБИВАНА ОД ЈУГОСЛАВИЈА ПРЕКУ ПРЕСПА VII пленум на ЦК КПГ (1957 година) „Овде е речено и можеби ќе остави таков впечаток, тоа некако го рече Захаријадис, дека по обвинувањата против Тито во летото 1948 година Југословените не ни помагале. Тоа нешто, треба да знаеме дека не е точно, бидејќи јас бев тогаш, на 18 јули, на секторот Алевица каде што се водеа операциите кога беа затворени албанските граници, а токму тогаш непрекинато добивавме помош од Преспа од каде што доаѓаа натоварени југословенските камиони што се растовараа и материјалите се пренесуваа кај нас...” Седми пленум на ЦК на КПГ (1957), Стенографски белешки, стр.758 |